Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.758
- Поени од реакции
- 52.727
ЊУКАСЛ ГО ПОСРАМОТИ ШАМПИОНОТ
Агуеро беше ѕвездата во својот прв натпревар за Њукасл, кој го победи актуелниот шампион Интер, на гостински терен со неверојатни 2-5. ![](http://i3.mirror.co.uk/incoming/article5673346.ece/ALTERNATES/s1023/Manchester-City-v-QPR.jpg)
Агуеро го постигна својот прв официјален гол за новиот клуб уште во четвртата минута од пенал. Мата го зголеми водството на Њукасл во осумнаесетата минута од слободен удар. Во 31вата минута Њукасл остана со десет играчи на теренот откако Савич доби директен црвен картон, но и со играч помалку Њукасл покажа дека оваа сезона е сериозен конкурент за титулата. Рибери постигна гол втор натпревар по ред за 3-0, по што Варан успеа да постигне гол за Интер за да го намали водството на Њукасл. Но, по 8 минути Агуеро го постигна својот втор гол и ја врати предноста од три гола за својот тим. Во завршните минути од натпреварот Коста постигна гол за Њукасл, а минута подоцна Кавани стрелаше на спротивната страна за конечни 5-2 за тимот на Донев.