Куќата Арин сигурно нема 3000 војници
,таа е една од најголемите во Вестерос..
31 куќа се заколнати на господарот на Долината,за разлика од нив Северот брои 33 куќи...
И тоа какви куќи-Ројс,Вејнвуд,Корнбреј итн...
Горе долу тука се некаде со армиите Северот и Долината...
Според пресметките ако северот собра 20илјади луѓе при инвазијата на Кралот Роб врз Југот,а тоа не беше целата сила на Северот затоа што таа сила беше набрзина собрана(по заробувањето на Нед)...
Долината е планински предел,слично како и Северот кој е преголем,ова не се пренаселена области,како на пример The Reach,Casterly Rock кои согласно ова нормално е дека ќе ги имаат најголемите армии
Ако се водат по некои логични бројки во серијата и се придржуваат колку толку кон книгите армијата која ја предводи Малиот Прст не е помала од 15 илјади војници,иако се проценува дека целата војска на Долината е над 25илјади војници..
Оваа бројка далеку ја надминува бројката која можат да ја соберат Болтонови,куќата Карстарк која во времето на владеењето на Старк важеше за куќа со најмногу војници(во книгата од тие почетни 12 илјади искусни војници кои ги повика Роб во Винтерфел барем една четвртина беа луѓе на Рикард Карстарк)..
Значи таа сила отприлика би се движела тука некаде+да се види исходот со Умберови,каде лежи нивната лојалност?
И зошто бре го скинавте еден таков bad ass лик како Great John Umber,каква легендарна фаца беше овај значи,страшна работа.
Ако нема некој УМБЕРОВ БРЕЈК(и навистина се свртеле против куќата Старк,иако мислам дека ќе "изненадат"
)тогаш копиљакот Ремзи би имал на располагање најмалку 10,11 илјади војници само од овие три куќи,кога на ова ќе се надодадат и тие некои други помали куќи кои од страв да не бидат ЖИВИ ОДЕРЕНИ ,еве ти некоја голема армија од +13.14 илјади војска,што за северни услови е навистина импозантна бројка,со оглед на големината на просторот и тешкотијата да се соберат сите тие војници на едно место(заради оддалеченоста)..
И сето ова во серијата(одбивањата на останатите помали куќи да се придружат кон каузата на Старк)е направено за да се направи пат за Витезите од Долината да се вратат на голема врата,по речиси 20 годишна пензија..(зарѓаа мечевите,Џон Арин беше младич кога последен пат биле во војна)..
Е сега на која страна ќе се борат ќе видиме,со Литлфингер не си на чисто никогаш...