Или Регар во Дарт Вејдер руво - Jon, I'm your father!
(минус пресечени раце)
Како тоа се испоставило дека е вистина? Каде е потврдена таа теорија? Јас не сум сретнал. Затоа што ако е потврдена, нема да биде теорија, туку show-cannon.
Теорија е дека Варис и Џон се Таргеријанци, дека Станис е жив, дека Бриен и Тормунд ќе се спукаат итн. - дур нема некоја официјална потврда.
Ако има негде каде е поврдено, линкни да видиме.
Во книгите има уште повеќе позадина и материјал за посолидни и цврсти теории во оваа насока. Дека и покомплексна е приказната. Не дека тука нема. Во серијата иако ги нема тие елементи, не значи дека нема простор да се игра таа карта. Во книгите има поделба на Таргеријанците на Зелени и Црни, вториве наречени Blackfyre подоцна. Варис се смета дека е Blackfyre Targaryen во криење, и дека го знае тоа и приказната за неговото минато што ја раскажува на сите е измислена. Или дека е само делум точна. Тоа со кастрацијата и другите spooky детали.
Дека секогаш е ќелав затоа што ја бричи главата за да ја скрие белата таргеријанска коса, а кастрираните делови веројатно биле искористени во некаков ритуал за Црвениот Бог или друго Езоско божество, бидејќи доаѓа од кралска, благородна позадина, а нели Мелисандре јасно ни кажа "there's power in king's blood". Ако е вистина, за сите умирачки кои она ги предвиде со пијавиците, дека се ради тоа случени, тогаш според моја проценка, кастрирани делови кои содржат кралска крв би требало малку појак потенцијал да имаат во однос на магија
. Кој знае за што биле искористени, треба некој ептен запознаен до најситни детали со книгите да ни каже отприлика колку е стар Варис, и како младо момче кои биле побитни настани кои се случиле па да се процени за што може да било тоа искористено. Тука иде и врската со Илирио Мопатис, Кал Дрого итн. Сите коцки паѓаат на место.
Во книгите има повеќе индиции зошто може да биде Таргеријанец, како на пример дека Денерис му е План Б. Првичниот план му е да стави друг, машки преставник на Таргеријанците на Железниот Трон, од брат/полубрат на Дени наречен Егон, или Young Griff, кои некои го поврзуваат. Висерис беше пион за План Б (Денерис), и никогаш не беше сметан за достоен претсавник на таа ложа. Одговорите лежат и во тоа што цело време ја тераа Дени да иде за Ашаи, до таму каде и Shadowbinder-ката Quathe истото ја тераше кога Дени беше во Qarth. Али како и да е, има многу за објаснување, а повеќето важи само за книгите, не за серијата. Но дека може да се открие понатаму дека Варис е Таргеријанец и во серијава - може. Веројатно е дека новава црвена свештеничка токму тоа и сакаше да му го каже, ама не го кажа, а и затоа ни Варис не изгледаше многу љубопитен да дознае (затоа што не сака Тирион да дознае дека он е Таргеријанец). Ја сфати убаво дека го знае кој е и што е. И сега ќе го држи в рака. Веројатно и затоа беше така како помочан во изразот на лицето, никој таков впечаток му нема извадено, и сметам е доста веројатно дека е поради ова што го збориме.