Епизода без многу акција со важни емотивни моменти.
Сцената со Џон и Санса- прекрасна, конечно позитивен момент за два Старкови. Северот и ѕидот ептен ја носта цела тежина и најголем квалитет на серијава.
Од друга страна, во King's Landing, Џонатан Прајс го држи квалитетот, како глуми, мислам дека Врабецот ги манипулира сите до еден и им ја има прочитано играта, прашање е дали ќе издржи. Серси и Џејми изиграа многу паметно, да ги навлечат Тајрел и нивата голема армија да се замешаат, тие да го навлечат гневот на населението и на верниците ако настанат крвопролевања, а нивната армија безбедно ќе се спрема за неизбежниот конфликт на север (со Болтон) или на југ (со Дорн).
Тирион свесно преговараше и добро знае дека ништо од тоа што го нуди нема да се оствари, само купува време, знае дека не може ништо без согласност на Денерис, а таа сигурно нема да се согласи на неговиот Линколн пристап.
Реков дека приказнта на Денерси не ми е по мерка, сега барем се придвижи прилично, ако Дотраките го почитуваат и го следат најсилниот од Каловите, оној кој ќе го убие претходнито Кал, тогаш со потегов кој ги реши сите Калови заедно, Денерис сега е the ultimate Калиси.
Дотраките досега го немале историскиот Џингис Кан, кој ќе ги обедеини сите за да створат голема империја, која ќе се простира далеку преку нивната прерија, Денерси ќе биде нивниот Џингис Кан, со потенцијал да ги потчини сите градови во Slaver's Bay и слободните градови од Старата Валирија. Само тоа ми делува како невозможно сценарио, во тој случај Денерис би требала да биде владетел на речиси целиот свет, цел Вестерос и пола Есос, што е преголем залак за неа, Денерис може има солиден сценски настап и говори, но ќе биде многу лош владетел.
Бејлиш ќе го оствари ветувањето што и го даде на Серси, истовремено помагајќи и на Санса, сплеткување до бескрај, а гледам од промото, Бејлиш патува со неверојатна брзина по Вестерос

(озбилно не е толку нелогично ако претпоставиме дека речиси секоја сцена се одигрува во различен временски период, Бејлиш можеби денес беше во Vale недели пред Санса да додје до Ѕидот).