Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?


  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не знам дали да се смеам што некој тим рекламира нивеа со flash mob што игра хака или да се фетусирам на некоја клупа осамен, тажен и мизерен како @Џонтра Волта што Интер прими три гола од .... ова. Да ти ебам дното од екипа. И Милан и Интер.
 
Незнам дали сте го прочитале интервјуто на Бранко Интерашот за Офф нет... Зборува за почетоците на Телма со Серија А, за фановите на калчо лигата во Македонија, и за неговиот интерашки живот :D

Најдобар дел...
[DOUBLEPOST=1461276963][/DOUBLEPOST]Хахахаххаххахахахахаха леле се помочав од смеење со хакава на фудбалерите на Милан хахаха каква смејурија еј, абе овие на тренинг ова го вежбале место да прават акции за натпреварот...
 
Последно уредено:
Хахахаххаххахахахахаха леле се помочав од смеење со хакава на фудбалерите на Милан хахаха каква смејурија еј, абе овие на тренинг ова го вежбале место да прават акции за натпреварот...

:confused:
 
Хахахаххаххахахахахаха леле се помочав од смеење со хакава на фудбалерите на Милан хахаха каква смејурија еј, абе овие на тренинг ова го вежбале место да прават акции за натпреварот...
Уште да беа фудбалерите на Милан.... и за тоа нив не ги бидуе!
 
Можам да го замислам Бране у тој момент , на фамозната утакмица со Лацио , Грешко и Поборски :vozbud::icon_lol:
Нема хејт за човеков, иако јасно беше дека е за нероаѕуриве, никад не сум му замерал , израснав со Калчото на Телма.
Туку другиов шо коментираше Стево се викаше ?
 
Можам да го замислам Бране у тој момент , на фамозната утакмица со Лацио , Грешко и Поборски :vozbud::icon_lol:
Нема хејт за човеков, иако јасно беше дека е за нероаѕуриве, никад не сум му замерал , израснав со Калчото на Телма.
Туку другиов шо коментираше Стево се викаше ?
Не коментираше, ќутеше.
 
Ств знаеше тотално да го снема на 10 минути на дадена утакмица хахахах
Стево го имаше три пати во текот на утакмицата. На почеток, кога ги кажуваше стартните состави и кажуваше дека започнува мечот, на почеток на второто полувреме и на крајот од утакмицата. Дно од коментатор, да ти се одмили и фудбал и се од него.
 
Уште да беа фудбалерите на Милан.... и за тоа нив не ги бидуе!
абе претпоставив дека не се они, али најсмешно ми падна коментарот претходните страни кога некој рече се уплашија Карпи и затоа Милан успеа бод да им земе.. И онака си се надоврзав јас..
 
Не знам дали Стево е тој ликот што цело време хибернираше ама мора да е он, доаѓа ситуација Пато дрибла 10 луѓе праи брејкденс и си ја набацува сам и праи ножички, а овој мртов ладен : И Пато , еден спрема нула. И после пак остатокот од утакмицата си дреме.
 
Абе добар беше Стево, сте го збуниле со Марјан кој го водеше прегледот во понеделник :pos:
 
Марјан беше сеоски Стево, среќа само прегледот го водеше и не коментираше утакмици. Три збора кажуваше кога ги водеше спортските вести: Добро вечер и довидување. Бреј ама мртвила беа со Стево, класика повраќаници од новинари што не знаат два збора да сврзат. Едини поќутливи луѓе од Ѓорѓе Иванов се Марјан и Стево.
 
Ние од Југозапад Телма не фаќавме до 2001-2 ако не се лажам... Ама калчо се гледаше прво на една од прилепските телевизии Мартел или Маркони беше, не се сеќавам добро повеќе од 20 години од тогаш поминаа. Абе циркуз од телевизија. Значи доколку нема што да се дава, во етерот пуштаа филм. Таман си го загледал филмот тие на пола го прекинуваа и се приклучуваат на некоја рандом утакмица од 20 минута. После тоа таман си ја загледал таа утакмица се префрлаат на друга утакмица, којашто сметаат дека е поинтересна, а претходнава сеуште не е завршена. Патем даваа калчо крадено од италијанскиве телевизии со италијански коментатори така што, ако се играа паралелно натпревари пр. во 15:00 во недела се префрлаа од натпревар на натпревар каде што ќе паднеше гол. Гледаш натпревар и во долниот дел на екранот, каде што цело време ги покажуваа резултатите ако се појавеа сино-црни знамиња се знаеше дека или Интер или Аталанта постигнале гол и одма се прфрлаат на тој натпревар.
После на Тера се гледаше калчо со Зоран Мишевски како коментатор, кој патем е Јувенташ. Супер коментираше Зоки, имаше широко познавање на лигата и сѐ поврзано. Од навивачи, истории, играчи и сл. за сите екипи. Времиња.
А после се дружевме со нашите општопознати Бранко и Стево. :) Ако коментира Стево натпревар од типот на Торино-Џенова шансите да задремиш за време на преносот беа огромни. Човекот замолчуваше, размислуваше додека си течеше натпреварот. Емоции како коала.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom