Кои емоции, нека одат у пм и цела управа на Рома и тренер и сите тука што не го поштуваат. Не барам да го игра цело време, ама малку повеќе почит не ќе беше на одмет.
Не останаа мн вакви играчи од старата гарда во цела Европа, незнам дали забележувате денешните ѕвезди во модерниот фудбал имаат 2-3 супер сезони и кога го прават трансферот во некој клуб од кремот ги нема нигде, тоа ли е класа играч, тоа ли е суперстар??
Не може фудбалот да биде како порано, бидејќи младината сега не е таква, порано овие шампиони живееле за фудбалот, а не за популарност и слава, тоа што Тоти сака уште една година да игра покажува колку е голема љубовта спрема фудбалот, Раул на 30 и кусур години оди во Шалке и не престана да импресионира и таму, Пирло до пред година дена на 35+ години играше врвен фудбал во Јувентус, Зидан на последното негово Светско во одминати години можеби беше играч на првенството, Дел Пиеро, иако немаше место за него во Јуве едноставно сакаше да продолжи да игра!!
А погледнете ги денешниве играчи, Хазарт ме највеќе разочарува, како може толку да пропадне, го сметав за единствена конкуренција на Меси и Роналдо, некој што може да им се вмеша во трката за златна топка, истото важи и за Бејл, Џејмс Родригес, Мемфис Депај, Балотели, Де Брујн и еден куп такви слични..
Еве за Погба не го мислам тоа, иако се курчи со слики и фризури, ама дечкото се гледа дека е максимално професионален.
Како и да е останува да поуживаме уште малку со последните мохиканци од старата гарда, со Тоти и Џиџи завршува една ера која ќе ни остане во најубаво сеќавање!