Superhero Movies

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Ben Affleck to direct and star in standalone Batman film

Affleck to direct
to direct
direct


dagau! :vozbud:
Афлек како режисер е милион пати бољи од Афлек како глумец.

А ова со Dr. Strange, за некој што прв пат се среќава со ликов (hint:me) е толку збунвачки и толку појма нема што ќе се случува во филмов, страшно нешто. Ама има време до есен, уште мал милион трејлери ќе излезат.
 
Мое мислење е дека беше грешка што Зек Снајдер го режираше филмот. Јас сметам дека или Кристофер Нолан да го режираше или пак и двајцата. Можеби мислењево не ми фаќа место, но јас таков впечаток имам. А, кога зборуваме за Бен Афлек, тој е навистина многу талентиран и врвен актер, но сепак за мене Бетмен е, и секогаш ќе биде Кристијан Бејл. Додека пак од ликовите во овој филм, посебен впечаток мислам дека остави Гал Гадот, барем тоа е моето мислење :):):):):)
 
Седум илјадитиот пост на ова драго форумче ( :backa: ) го посветувам Тчала АКА Блек Пантер (БП*), во чест на неговото бед-ессовско кинематографско деби во CW. Еве 5 помалу/повеќе познати факти за Пантерот ..

1. БП доаѓа од Ваканда - изолирана, но високо спиритуелно и технолошки напредна афричка држава, најмногу благодарејќи на рудниците за вибраниум (најцврстиот метал) кои што ги има единствено таму. Ексклузивното право на трговија со вибраниум ја прави Ваканда земја со висока благосостојба, а БП најбогата фаца во Марвел Универзумот. Голден Сити е престолнина на Ваканда, а постои и островски град - Некрополис, во кој што почиваат сите предходно преминати БП владари.
2392595-wakanda.png


2. Пантерот е повеќе од свето животно во Ваканда (го имаат дури и на знамето). Моќта на ‘’духот на пантерот’’ се пренесува од колено, на колено низ кралската лоза која што владее со Ваканда. Мистичната пантерска моќ, владарот на Ваканда ја добива од срцевидните зелени билки, преку кои што се поврзува со духот на пантерот и неговите моќи. Еднаш годишно, било кој член од кралската фамилија има право да го предизвика на директен двобој тековниот крал на Ваканда, при што владарот се бори со сите предности кои ги носи БП алтер-егото, а предизвикувачот е препуштен сам на себе.
2230395-wakandan_flag.jpg


3. Ваканда поседува технологија напред од времето, од која што и Тони Старк би му потекле лиги. Во последно време напредната технологија и своите високи научни познавања, БП директно ги применува и на својот костим, правејќи го малтене во Ајронмен мод. Костимот иначе на БП е целосно покриен со вибраниум, што го прави практично неуништив. Тчала колку што е врвен борец, толку е и научник кој што вади максимум од ресурсите околу него.
5091574-9483752813-BUC04.jpg


4. БП има своја all-women гарда, наречена Дора Милаж. Сите жени во гардата му се како во калап правени - ќељави, жилави, пирсани, тетовирани, јако обучени убијци т.е. сите изгледаат исто .. Како Далсим од Стриит Фајтер.:icon_lol::icon_lol:
704683-war-of-kings-darkhawk-01-117847.jpg


5. Во стриповите, БП беше оженет со најпознатата обоена хероина на Марвел - Ороро Монроу АКА Сторм, од Х-Мен. Ако еден ден дојде до договор меѓу Марвел и Фокс, може овие сопружници ќе ги видиме и на големото платно. :)
3208116-9425701671-62578.jpg



Може да правиме вакви интро-а (ако сакате) за новите фаци кои што ќе се појавуваат во филмовите. Барон Зимо на пример ќе биде нов Марвел негативец, или па за Скарлета/Вижн кои иако се појавија лани во АОУ, сеуште се доста непознати. Во ''X-Мен Апокалипс'' такоџе ќе се појават доста нови фаци ..

ПС - И не ќе е лошо да се става по некоја анкета во темава од време на време, колку да има поактивен муабет.
 
Уште 3 недели, а веќе испаднаа еден куп клипови од филмов...
за тие што не им смета!
 
Уште 3 недели, а веќе испаднаа еден куп клипови од филмов...
за тие што не им смета!

Па идат со истотото маркетинг темпо како за Deadpool

p.s. И јас би сакал Скарлет да ме стисне околу врат со препоните. :гик:
 
Avengers 2 е најголем булшит што го имам гледано. 4/10[DOUBLEPOST=1460847386][/DOUBLEPOST]
Raven мене ми е all-time favorite и многу ја сакам, ама во new52 многу ја имаат унаказено, за што ми е многу криво, дури на моменти ко Карлеуша ми е.
Aма затоа Starfire маме ебава
starfire-247x300.jpg
Raven_Kenneth_Rocafort.jpg

Немаш поим колку се смеев на споредбава. :ROFLMAO:
Инаку New52 унакази многу херои, едино што вреди е Batman Court of Owls.
 
Последно уредено:
Raven_Kenneth_Rocafort.jpg

Немаш поим колку се смеев на споредбава. :ROFLMAO:
Инаку New52 унакази многу херои, едино што вреди е Batman Court of Owls.

Оваа слика ми беше во глава кога ја пишував :D
 
Денес го видов трејлеров. Руски суперхеројски филм. Прво ми беше смешна идејава дека и Русиве се приклучија на трендот со суперхерои, ама кога го гледам трејлеров, ова не изгледа лошо. Во план ми е за гледање во 2017. :)

 
Денес го видов трејлеров. Руски суперхеројски филм. Прво ми беше смешна идејава дека и Русиве се приклучија на трендот со суперхерои, ама кога го гледам трејлеров, ова не изгледа лошо. Во план ми е за гледање во 2017. :)

Russian Avengers..:D
 
Значи пара невидена направија и ќе прават допрва со ова суперхеројските филмови. Како да се чекаше 21-ви век и развој на цги-то за да ги пренесат буквално сите стрипови на филмското платно. Дури и цели серии почнаа да им посветуваат. Па ќе почнат по 10 год римејк на римејковите да праат и така до недоглед....непресушен извор на пари. :свиркам: I like it a lot.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom