ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.949
- Поени од реакции
- 44.624
- Возраст
- 31
Го изгледав Shutter Island, ама искрено кога почнав да размислувам вчера малку околу филмот, сфатив дека не сум сигурен дека сум го разбрал баш целосно. xD Значи заглавен сум меѓу 3 теории и стварно не ми е јасно што се случи, бидејќи некако сите ми држат вода, но имаат и недостатоци.Shutter Island ќе го има од 20:15 на МРТ. Како што не ми е гледан, а оддамна чека на watchlist, таман ќе ми легне.
Одма после него ќе го даваат и Mission: Impossible - Ghost Protocol.

Првата (таа што ти ја кажуваат на крајот на филмот): Имињата му се анаграми, тој е веќе 2 години во лудницата, па и тоа тресење на главата од докторот на самиот крај од филмот (демек не е оправен) ни кажува дека целиот филм уствари е "филм" на ди Каприо (не ми текнува како се викаше

Втората: На самиот почеток на филмот тие дојдоа со траектот... Како? Дали уствари тоа е пред 2 години, кога го носат Теди во лудницата? Ама не ми се верува, бидејќи уште тука е со Чак и веќе зборуваат за исчезнатата девојка. И сеа ако се водиме по крајот на филмот, фактички испаѓа дека овие до толку играат по филмот на лудакот, што дури го вадат од островот и повторно го носат назад... И тоа искрено е малку безвеза. Значи оваа сцена воопшто не ми се вклопува во крајот, исто како и сцената со болничарката што ја наоѓа во пештерата. Се што му кажа болничарката, за апчињата, цигарите, за експериментите...мислам дека не беше халуцинација, бидејќи кога сонуваше и халуцинираше апла беше прикажано тоа..

И сега втората теорија е дека во филмот се си тече како што е прикажано, овој навистина си е полицаец, но со цигарите и храната, успеваат да му разбркат некои жички во главата.

Третата: бидејќи и првата и втората ми се со недостатоци, импровизирав за трета...

И сеа, некој попаметен?
