Го изгледав Shutter Island, ама искрено кога почнав да размислувам вчера малку околу филмот, сфатив дека не сум сигурен дека сум го разбрал баш целосно. xD Значи заглавен сум меѓу 3 теории и стварно не ми е јасно што се случи, бидејќи некако сите ми држат вода, но имаат и недостатоци.
Првата (таа што ти ја кажуваат на крајот на филмот): Имињата му се анаграми, тој е веќе 2 години во лудницата, па и тоа тресење на главата од докторот на самиот крај од филмот (демек не е оправен) ни кажува дека целиот филм уствари е "филм" на ди Каприо (не ми текнува како се викаше

)..
Втората: На самиот почеток на филмот тие дојдоа со траектот... Како? Дали уствари тоа е пред 2 години, кога го носат Теди во лудницата? Ама не ми се верува, бидејќи уште тука е со Чак и веќе зборуваат за исчезнатата девојка. И сеа ако се водиме по крајот на филмот, фактички испаѓа дека овие до толку играат по филмот на лудакот, што дури го вадат од островот и повторно го носат назад... И тоа искрено е малку безвеза. Значи оваа сцена воопшто не ми се вклопува во крајот, исто како и сцената со болничарката што ја наоѓа во пештерата. Се што му кажа болничарката, за апчињата, цигарите, за експериментите...мислам дека не беше халуцинација, бидејќи кога сонуваше и халуцинираше апла беше прикажано тоа..

Е да, исто никаде не е прикажано дека овој полудува.. Значи само кажуваат дека имал проблеми со алкохолот, што ќе бара во лудница уствари??
И сега втората теорија е дека во филмот се си тече како што е прикажано, овој навистина си е полицаец, но со цигарите и храната, успеваат да му разбркат некои жички во главата.

Ама тука не ми се вклопува Чак, неможе тој наеднаш да стане доктор.... xD
Третата: бидејќи и првата и втората ми се со недостатоци, импровизирав за трета...

Тоа е дека се што е прикажано на крајот, дека жена му ги убила нивните деца и тој ја убил после тоа е точно... Дека овој е донесен на островот пред 2 години, и дека веќе е дел од тие експериментите, со што буквално главата не знае кај му е. На овој начин успеав да фатам логика и за сцената со жената (која уствари се што му кажува веќе му е направено на него), и за тоа како Чак наеднаш од маршал станува доктор, исто и последната сцена ми се вклопува...но пак немам објаснување за првата, кога доаѓаат на островот со траектот.. xD
И сеа, некој попаметен?

Филмов дефинитивно треба да се прегледа за да се разбере целосно, мме.