W
wicked_1
Гостин
Во однос на тоа на какво ниво игра веќе многу години по ред, добива ужасен третман од публиката каде и да игра.Абе пак ли со муабетиве дека светот го мрази Новак? Мајкоооооо, до кога бе со овие размислувања. Ајде малце логички да идеме. 1/2 финале се игра, играат Федерер-Новак, 15 000 луѓе платиле стотици долари за карти, некои и илјадници, дошле да гледаат врвен тенис, а у први два сета 6-1 6-2, ко да игра со некој надвор од топ 10 и ко да е прво коло. Па нормално дека ќе бидат на страната на Федерер, сакаат да гледаат тенис што е можно повеќе, плус на ова треба да се додаде фактот дека Федерер е омилен во светскиот тенис и има најголема фан база.
Го мразеле пошто е Србин Бог да чува еј, ги заболе во Австралија дали е Србин или Германец, гледате дека и него го обожаваат само што на секој турнир практика е да се навива за послабиот.
Надал е деветкратен шампион на РГ и нон стоп навиваат против него, лани со Сок дури и му свиреа во одредени моменти, па не гледам некој да пишуваше дека цел свет е против Шпанија и ја мрази Шпанија.
Бем ти закоравени муабети, затоа сме 100 години поназад ние Балканците од остатокот од светот.
Тотално незаслужено според мене, оваа досега во никој спорт го немам видено за ниту еден друг спортист (дури и Брајант како сукцесор на Џордан многу помалку хејт јадеше), до толку да не се оддаде кредит на неспорен број 1 во еден спорт не ми е сфатливо..