Australian Open 2016 (18.01 - 31.01.2016)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
Australian-Open-logo.jpg
Aвстралија Опен е првиот Грен Слем турнир во годината. Се одржува во Мелбурн Парк, годинава од 18ти до 31ти јануари.

Ова ќе биде 104то издание, а турнирот се игра на 16 терени. Најпознати се Род Лејвер Арената, на која се игра и финалето, Маргарет Корт арената и Хајсенс Арената.

Од 1905 година па се до денес, Австралија Опен се одржал во 5 градови во Австралија и 2 во Нов Зеланд. Покрај во Мелбурн (55 пати) се одржувал и во:

-Сиднеј - 17 пати;
-Aделајд - 14 пати;
-Бризбејн - 7 пати;
-Перт - 3 пати;
-Хастингс еднаш во 1912
-Крајстчрч еднаш во 1906
https://en.wikipedia.org/wiki/Christchurch

Во 1972 година е решено да се одржува во Мелбурн, а од 1988 започнува да се одржува во познатиот Мелбурн Парк.

Од познатите и најдобрите тенисери во минатото Бјорн Борг, само еднаш има играно на овој Грен Слем. Од 1983та Виландер, Мекинро и Лендл решаваат да играат на турнирот, при што Виландер го освојува.

Од моментот кога турнирот се одржува во Мелбурн (1988), се менува подлогата, oд трева, на тврда подлога познатата Rebound Ace. Oд 2008, се менува подлогата и сега е, Plexicushion Prestige, a Федерер и Серена Вилијамс се единствените кои ја освоиле титулата на двете подлоги. Подлогата е слична на DecoTurf на УС Опен.

Бранители на титулата се Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс. Токму овие двајца се и најуспешни во историјата во Опен ерата, Ѓоковиќ со 5 титули, а Серена со 6.
И двајцата имаат мотиви, Ѓоковиќ, покрај тоа што сака да продолжи со импресивната форма на најбитните турнири, игра и за да се израмни за број на титули со Рој Емерсон кој пред Опен ерата има освоено 6 титули.
A Серена игра, за да се израмни по бројот на титули, со засега најдобрата во историјата Штефи Граф, која има 22 титули, а Серена 21.

Според формата, добро би било машкото финале да е, Ѓоковиќ-Вавринка, последните 3 години играа 3 тесни утакмици во 5 сета, од кои 2 доби Ѓоковиќ
За женското се надевам дека Азаренка може до титула. Еве нека биде Азаренка-Вилијамс финале.
Прогноза, освојуваат Ѓоковиќ и Азаренка.

Победниците добиваат по 2,5 милиони американски долари :P
Не видов кога е ждребот, ваљда петок или сабота, а првите рунди се надевам фаворитите ќе бидат убедливи, да напраиме некој денар :D
 
Последно уредено:

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Нека прави што ќе прави, ама да гледа Ким да не и пукни водењакот дури се одржува АО, оти Мареј се заканува дека во тој случај ќе го откажи учеството на првиот Грен Слем годинава. :D
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Само јас ли останав што ќе навивам за Рафа на турнирот ? : (

Од жениве навивам за Азаренка.
срцулче.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.579
Само јас ли останав што ќе навивам за Рафа на турнирот ? : (

Од жениве навивам за Азаренка.
срцулче.
Нормално дека не, тука сме си ние стандардните фанови на Рафа, без гајле. :)

Инаку ќе има преноси од сите 16 терени, дефинитивно најдобро организиран Слем заедно со Вимблдон. 100 пати имам кажано, ќе кажам и пак, мене АО ми е најомилен турнир и најубав за следење.

Очекувам титулите да ги освојат Ѓоковиќ и Азаренка. Едини што би можел да му направи проблем на Ноле е Вавринка, од друг моментално не постои теоретска шанса да изгби, јер едноставно разликата во квалитет е преголема. Ај нека искочи прво ждребот па ќе правиме калкулации.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.579
Серена тешко до титулата овде, влече повреда, а и после УС Опен игра очајно, т.е. не ни играше после УС Опен, ова го кажувам според мечевите од ИПТЛ егзибициите. Лошо се движи, многу греши..., мислам дека многу многу тешко ќе иде до титула Серена.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
И јас сум за Вика од жените, ред е да се врати конечно. И Хјуит што е можно подалеку да стигне!
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Серена тешко до титулата овде, влече повреда, а и после УС Опен игра очајно, т.е. не ни играше после УС Опен, ова го кажувам според мечевите од ИПТЛ егзибициите. Лошо се движи, многу греши..., мислам дека многу многу тешко ќе иде до титула Серена.
И Симона Халеп е катастрофа, така да останува на Азаренка да ги мавне Кербер, Квитова, Сафарова и остали ... Едино Радванска ако пружи отпор до некаде.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.579
И Симона Халеп е катастрофа, така да останува на Азаренка да ги мавне Кербер, Квитова, Сафарова и остали ... Едино Радванска ако пружи отпор до некаде.
Радванска го игра најдобриот тенис во животот моментално, но во евентуален дуел со Азаренка јас ни 5% шанси не и давам. Нормално, жени се ова и може да се деси да и се поклопат работите и да си освои Слем Ага.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Серена тешко до титулата овде, влече повреда, а и после УС Опен игра очајно, т.е. не ни играше после УС Опен, ова го кажувам според мечевите од ИПТЛ егзибициите. Лошо се движи, многу греши..., мислам дека многу многу тешко ќе иде до титула Серена.
Серена го има освоено Ози Опен после нешто како година и пол пауза. Значи, прв турнир и беше после голема пазуа и го освои. Серена е ultimate competitor и каде и да се појави е прв кандидат за титула. Азаренка игра во одлична форма, ама може да се лизне и против послби противници, посебно ако има еден од оние денови кога сервисот и е очаен.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.579
Серена го има освоено Ози Опен после нешто како година и пол пауза. Значи, прв турнир и беше после голема пазуа и го освои. Серена е ultimate competitor и каде и да се појави е прв кандидат за титула. Азаренка игра во одлична форма, ама може да се лизне и против послби противници, посебно ако има еден од оние денови кога сервисот и е очаен.
Затоа и пишав жени се, буквално се е возможно кај нив. Инаку Серена е веќе во години, мислам дека треба да ти е јасно тоа. И лани на УС Опен и на уште неколку турнири се провлекуваше на име и на ништо друго, а играта и беше доста лоша за нејзини стандарди. Азаренка неколку пати беше блиску до победа но не успеа, али со оглед на моменталната форма мислам дека може да ја скине.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Затоа и пишав жени се, буквално се е возможно кај нив. Инаку Серена е веќе во години, мислам дека треба да ти е јасно тоа. И лани на УС Опен и на уште неколку турнири се провлекуваше на име и на ништо друго, а играта и беше доста лоша за нејзини стандарди. Азаренка неколку пати беше блиску до победа но не успеа, али со оглед на моменталната форма мислам дека може да ја скине.
Знам дека е во години, ама има шанса да стане најдобра во историјата по број на слемови, и мислам дела оваа година тоа ќе и успее.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Ѓоковиќ и Азаренка веројатно фаворити и во двете конкуренции, се сложувам со останатите членови. :) За Ѓоковиќ нема што да се зборува, а Азаренка игра одлично на стартот од сезоната и ја растури Кербер во финалето пред некој ден. Олеснителна околност за Азаренка може да биде тоа што многу тенисерки се повредени, како што сами можевте да видите многу откажувања на тенисерки на овие изминати турнири, не знам кои од нив дефинитивно ќе се откажат од Australian Open уште пред негов почеток, но како и да е многу од овие во топ 15 не ми изгледаат100% спремни....
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.579
Тејлор Фриц прв ја завршува работата од сите квалификанти и се пласира во втората рунда. Жртва беше Хироки Морија од Јапонија. Утре веројатно оди на Берер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom