Првиот дрес од Дел Пиеро ми беше во животов
На улица кога игравме фудбал јас бев Дел Пиеро, другарчето мое беше Трезеге.
Инаку после слабиот почеток влегоа во серија и газат. Искрено мислев после големиот ремонт ќе ја прокоцкаат сезонава, дури да се уклопат неколкуте нови играчи. Ама некако ме изненади брзината на усогласувањето. И ептен ми е криво што се загуби шмекот на италијанската лига години наназад. На времето се знаеше Јувентус-Интер, гледаш до последен здив утакмица, ти се треси душата дур не свирни судијата крај. Исто и со Милан. Ептен ми е криво што некако зарибаат тие два тима и некако се изгуби и тој шмек на ваквите натпревари