Баш дојдов да напишам пост за Кондо, го зазборевме со Сладолед на фб.
Мислам дека неоправдано се јаде гомна за него, и од страна на некои фанови на Интер, а и од другите. Кондо игра на специфична позиција на теренот, дојде во лига која е доста тешка за прилагодување и има еден тон притисок на грбот. Еве кажи ми како ќе оцениш дали е феил или не? Голови не дава, не асистира... Нема везе, и јас сметам дека не игра како што треба до сега, ама прерано е да се зборува. Јас цврсто стојам на ставот дека Кондогбија ќе биде играчиште во иднина, поседува СЕ, буквално се, и техника и брзина, силен е како бик, разбира фудбал пред се...
Не е асален средниот ред кај нас, затоа и прикажува слаби партии, не знам дали си приметил али често пати знае до наш шестнаесетник да се врати и да ја зима топката од што немаме креативец.
Да не ме сфатиш погрешно, не дека ти контрам нешо за тролањево, и ја би тролал да сум на ваше место, али чисто да си кажам што имам околу Кондогбија, пошо и така ми беше на ум ова.