И ја помислив дека му скрши ребра, овој па од SK се запнал, потрес на мозок, па потрес на мозок.
Трол или не мислењето му е прилично објективно. Фан клубов се напуни со фаци кои мислиш влегле во менопауза и се 24/7 во депресија. За ситуацијава не е крив само ЛВГ туку и некои од фудбалерите од кои се очекува многу а максимално потрфлаат ( ерера, мата, лингард, фелаини, руни, депај, блинд етц). И да го шутнат Ван Гал ситуацијата нема да се подобри преку ноќ, пред се зашто овој тим нема лидер на теренот ( тука крив е прасецот ), а и голем дел од фаците на терен немаат победнички менталитет. Тоа е, не може да се избега од реалноста и ќе чекаме до крајот на сезонава за да дојде до смена на менаџери.
Прилично? Објективно?
Дај Аце не не дупи и ти брат. Вика, барате да се купат 15 играчи, а излагањето му завршува со, да се купи нов CB. Јанузај за 5 минути игра му е крив. А Лингард и компанија нигде не ги збори. Лингард ја вовлекува шијанката кога треба да скокне на воздушен дуел. Ми се плаче кога ке ми текне на потегот на Видиќ да вметне глава пред Чико Флорес. Пичиња, манекени.
Освен Шнајдерлин и Ерера, никој не смее да појде на дуел.
Кој и да дојде нов тренер, ако сака успеси, нема да прави експерименти со Блинд ЦЕЛА СЕЗОНА на CB. И нема да има играчи што му се шлепаат цела сезона на име. Ако би приотизирал кривци, прв е Ед, затоа што не го избрка говедово пред Нова Година, втор е шарлатанот на клупа, па потоа се играчите. Дечките покажаа дека можат да играат фудбал. Само копитово на клупа тактички го шлапа кој како ке стигне. Не ми се збори колку погрешни работи има во клубов.
Нема средина бе, 2 меча иде топката од одбрана директно на напаѓач. Па барем да погодат блиску до Руни, да може овој да се бори за топка. Толку промашени се тие топки, што не ни пробува да трча по нив.
Убаво кажа англискиот коментатор во една прилика. Agricultural clearances from United defence.