Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Абе дечки, гледам секое второ мислење ви е за суперхеројскиве, а нема тема за нив на форумов (или јас не можам да најдам)?

Јас по Бетмените и X-Men (изгледани сите до еден од тие франшизи), ги затепав полека од Marvel Cinematic Universe, па пред да продолжам, не ми се јасни некои работи. За почеток: Captain America не старее заради серумот или бил замрзнат по падот со авионот во ледот, па затоа не му остарело телото?
Дај Злате отвори една тема озбилно. Инаку мислам поради тоа што е замрзнат, криогенеза или како и да се викаше, вака од сеќавање. :D
 
Well that was a surprise

Trumbo е фантастичен, немав никакви очекувања ни знаев нешто за филмот пред да го гледам. Одлични актери и интересно изработена уникатна приказна. 10/10
 
Дај Злате отвори една тема озбилно. Инаку мислам поради тоа што е замрзнат, криогенеза или како и да се викаше, вака од сеќавање. :D
Криопрезервациjа :свиркам:
 
Дај Злате отвори една тема озбилно. Инаку мислам поради тоа што е замрзнат, криогенеза или како и да се викаше, вака од сеќавање. :D
Значи може да умре, така?
 
Значи може да умре, така?
Да, сите се смртни во Марвел освен Тор. Исто и мутантите, Вулверин е најблиску до бесмртен. Инаку мене ми е подобар Х-мен серијалот, посебно последните со Фесбендер се супер.
 
Да, сите се смртни во Марвел освен Тор. Исто и мутантите, Вулверин е најблиску до бесмртен. Инаку мене ми е подобар Х-мен серијалот, посебно последните со Фесбендер се супер.
Неспоредливо подобри се X-Men. А како е Тор бесмртен, кога татко му Один беше на смртна постела?

А за Captain America - нели серумот предизвикува брза регенерација на клетките? Ако е така, не може да се регенерира ако го повредат (смртно)?
 
Один беше убиен, и Тор е бесмртен додека да го убијат, мислам се разбираме. За Капетанот и другите регенерирачки ликов најчесто лекот е отсекување на главата.
 
Дури сме кај Х-мен серијалот, интересен факт е дека режисер е Брајан Сингер, режисерот на The Usual Suspects.
 
Watchmen > било кој X-Men
Watchmen е бољи од било кој суперхеројски филм излезен у задниве 10 години, едино Dredd ми имаше сличен ефект како него другото е све шит (NOT д дарк најт)
 
15.The Lobster (2015) - 5 (слаб обид за буткање на филмска уметност пред содржина со ефтин симболизам. читлив за поискусната публика)
Добро е, засега сме тројца со ова мислење и се надевам ќе се поддржува хејтот кон филмов и понатака. Пишав еднаш претходно, кога ликот на Колин Фарел излезе од хотелот, тука филмот заврши.
Лошо е кога играат на карта weird artsy fartsy cinema со тема која е „решена“ во првите 2 минути и понатаму ја нема.
Не знам дали ја пратиш Black Mirror, ама секоја епизода од Black Mirror е ремек дело наспрема филмов.

За мене еден од најлошите филмови за 2015, не дека изгледав многу ама од тоа што го видов...
 
Watchmen е бољи од било кој суперхеројски филм излезен у задниве 10 години, едино Dredd ми имаше сличен ефект како него другото е све шит (NOT д дарк најт)
True. Незнам мене ми е прав гем, уникат, екстендед верзијата е 3ипол часовен трип кој раскажува за постулатите и општествената перцепција на добро и лошо, херои и негативци, човекова природа итн.

Од овој жанр се поретко има ваква генијална разработка на карактери, затоа и освен The Dark Knight, нема некој друг што вреди да се спомне. Џеки Ерл Хејли како Роршак у филмов е еден од најдобро изглумените улоги што ги имам гледано досега, масивен перформанс.[DOUBLEPOST=1453567885][/DOUBLEPOST]
Добро е, засега сме тројца со ова мислење и се надевам ќе се поддржува хејтот кон филмов и понатака. Пишав еднаш претходно, кога ликот на Колин Фарел излезе од хотелот, тука филмот заврши.
Лошо е кога играат на карта weird artsy fartsy cinema со тема која е „решена“ во првите 2 минути и понатаму ја нема.
Не знам дали ја пратиш Black Mirror, ама секоја епизода од Black Mirror е ремек дело наспрема филмов.

За мене еден од најлошите филмови за 2015, не дека изгледав многу ама од тоа што го видов...
За целата таа монотона/депре презентација со долги, спори, експлицитни кадри потребно беше да разработува нешто покомплексно од концептот на асоцијалност, осаменост, социјални поврзувања итн.. за мене барем тоа не беше thought-provoking фактор.
Филмот според мене се дисконектира у вториот дел, поентата се изгуби на цело.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom