I'm slipping. Vtor screener, posle Creed.
Spotlight.
Uf.
Јас само што го изгледав Spotlight, најсериозниот кандидат за Оскар годинава. Сѐ си е на место во филмов, ама буквално сѐ што можев да замислам, ама приказната некако не допре до мене. Нема некаква инспиративност како многу други слични за луѓе/тимови кои го измениле светот или измениле нешто во светот. ОК, да, респект за тимот на Spotlight за подвигот кој го направиле, убаво е прикажано сето тоа, секој нивни потег, но некако ни подвигот, ни актерите, ни филмот не пренесоа никаква емоција кај мене. Овој е еден од оние технички и од секој друг аспект совршени филмови кои имаат сѐ, само немаат душа. За сега, барем четити од веројатно номинираните за Оскар за мене беа подобри од овој. Сѐ уште The Revenant ми е број еден. Еве ја и листата, update-увана:
http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/my-2015-ranked/
Aх Злате. Конечно го заменив Ио.
Понекогаш мислам дека воопшто не пишувате од лично искуство, како патерн рецензии да имате за добри/лоши филмови. Kaко може да имам тотално обратно мислење од се што си напишал - стварно е за проучување. Да почнам од тоа за кое заслужуваш да си нафрлиме по некоја навреда ако почнеме: како не ти пренесоа емоција? Нема да го бранам ставот. Дури донекаде е реторичко прашањето... Невозможно значи.
Друго, филмот има but душа. Никакви технички аспекти не беа презастапени па да го прават истиот убав, убаво прикажано... камерата побогу се тресеше како од аматер, неубави кадри, ништо воочливо, акцентирано... филмот беше ептен raw онака, чиста приказна преточена за впивање во еден здив. Обично кога филмовите надминуваат 2 часа губам концентрација и можеби е ултра клише ама тука гледав и гледав и гледав. Fucking immersive. Не знаев дека е најсериозен кандидат, али би бил среќен ако зема. Неверојатно прекрасна драма. Марк Рафало за споредна обавезно! Одличен тим на актери. Одлична приказна. Одлично прикажано.
Јас никогаш не сум чувствувал вака гадно чувство, ваков гнев а да бидам задоволен и благодарен за тоа.
5/5 без трепнување.
Само уште едно не ми е јасно, пред транзицијата да биде целосна и да почнам да те третирам Иовски...
КАКО, онака како побогу Martian второ место, овој тринаесетто?
Дури Ио го заебава Martian.