Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи што телевизор имаш, обично потребно е фајлот со преводот да се наога во исти фолдер со видео фајлот и да има идентично име.
Чим оди преку некое апаратче, мислам дека не зависи многу од телевизорот.
@Erich Zann прашај ги тие од самата кабелска.
Пробај со http://www.calcitapp.com/AVIAddXSubs.php
Малку може да делува комплицирано програмов ама расчитај, тестирај, пробај...
 
Едно благодарам за @Zlatikevichius чинам, тој го предложи некаде The Believer со Рајан Гослинг.
Одличен филм.
Гослинг изглуми предобро.
You're welcome. Иако ја уште го неам гледано. :P
Aj мала помош филмомани. Вчера открив дека на апаратчево кое го даваат со кабелската телевизија може да се става USB и директ на телевизор да се гледаат филмови, серии и слично. Претхнодно се мачев од лап топ со кабел на телевизор да се пренесува. Е сега, проблемот е преводот да го е.aм. Нигде не дава опција да се вметни. Има некоја финта шо не ја знам? Има некое лесно брзопотезно програмче што би го налепило преводот за фајлот и така да се прикажува директ на телевизор?
Не е ист квалитетот на сликата ако гледаш од USB и ако гледаш со HDMI кабел. ;) Инаку, тоа што ти кажа Зед: преводот треба да е во ист фолдер со филмот. Јас на мојот телевизор пристапувам до преводот со Lang. копче на далечинскиот.
 
Прв пат симнав филм како ISO File (со Daemon tools што се отвора).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Taрантино растури! Само шо го изгледав. Одлично ремек дело кое со сигурност ќе ја обележи годината, а ќе остави трага и за идните генерации. За мене подобар и од Џанго. Фино склопена актерска екипа, одлична музика, дијалог на високо ниво, концепт исто, успешно реализирана игра во која гледачот погодува и предвидува шо како, а Тарантино му прај непредвидливи мајндфакови.

Чиста 10-ка за мене.
 
Ја баш читав едно интервју со Тим Рот пред некој ден вика од сите филмови што соработувал со Тарантино сега го чувствува дека е во prime, плус дека сега има огромен буџет на располагање вика тоа на сет и на филмови и скрипти се осеќало, значи да очекуваме уште ремек дела од него.
 
Се на се очекуван расплет на наградите на златни глобуси, единствена неочекувана награда ми е онаа за споредна машка улога.

Како и што претпоставував Реверант ги собра наградите за режија и главна улога. Малку се чудни номинациите во категоријата мјузикл /комедија.
 
Се на се очекуван расплет на наградите на златни глобуси, единствена неочекувана награда ми е онаа за споредна машка улога.

Како и што претпоставував Ревенант ги собра наградите за режија и главна улога. Малку се чудни номинациите во категоријата мјузикл /комедија.
глупава нејасна категорија, The Martian изгледа делумно како комедија е сфатен
 
глупава нејасна категорија, The Martian изгледа делумно како комедија е сфатен
Повеќето од филмовите таму се такви. И тоа скоро секоја година. Годинава единствено Trainwreck што беше комедија. Изгледа тие два жанра (комедија и мјузикл) полека но сигурно изумираат.
 
Ај у пм, кај денес грдо ми е на душата со смртта на Боуви, па и скроз ме расцепи Room!

Е кога вакви филмови ти оставаат кнедла во грло и грутка на срцето знаеш дека си гледал квалитетен филм. Бри Ларсон заслужено си доби Глобус синоќа, изглуми прејако, Оскар на повидок сигурно после гледањето на филмот. Многу многу жална приказна :place::place:

Синоќа го глеав и The Diary of a Teenage Girl, предобро филмче, заедно со Me Earl and the Dying... ми влегува како два Санденс материјали во топ 10 за 2015! Ептен feel good!
 
Back
На врв Bottom