Најекономично греење и ладење

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Инвертер :) И јас ќе купувам само заради превисоките сметки за струја, најефтино греење е :)

Sent from my GT-N8000 using Tapatalk
А тие ја збираат топлината како термо печка и постепено ја испуштаат или како? Како би штедела енергија доколку грее во реално време и ја испушта?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.043
Поени од реакции
34.466

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
https://mk.wikipedia.org/wiki/Топлински_пумпи
Или па пребарај наназад, истово прашање е одговорено едно 64564534231423452343 пати... ;)
Колку што разбрав економичноста е во тоа што на пример со 1KW потрошена струја се добива 3KW. Но топлината не ја зачувува како термо печките. Така?
 
Член од
20 август 2015
Мислења
26
Поени од реакции
26
Убаво си разбрал нема потреба да ја чува ти ја дава во реално време.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.043
Поени од реакции
34.466
Но топлината не ја зачувува како термо печките. Така?
Не. Мора постојано да работи.
Не дека нема и такви решенија (со термална акумулација), ама повеќето коштаат петтоцифрена бројка евреи.
 
StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Ништо и тоа не е некое сјајно решение. Најдобро е термо печка, ама гледав новите се околу 90000ден. а на старо се околу 50 евра.
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Ништо и тоа не е некое сјајно решение. Најдобро е термо печка, ама гледав новите се околу 90000ден. а на старо се околу 50 евра.
друже ти луд си или луд се правиш ?
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.500
Ништо и тоа не е некое сјајно решение. Најдобро е термо печка, ама гледав новите се околу 90000ден. а на старо се околу 50 евра.
Не е баш така и избрзано донесуваш закључок. Во сметката на струја тоа ке ти се одрази вака, термо печка штеди само со полнењето во ефтина тарифа т.е навечер, па пример ако во денот одаде 30KW топлина(за кои потрошила 30KW) ти во сметката за струја ке платиш 15KW што е 50% заштеда или тоа се вика дека имаш коефициент на искористување (COP) од 2.
Солидна клима од A класа има COP од над 3,5 или во денот тие 30KW топлина ке ги испорача со 8,5KW отчитани на броилото, ако грееш навечер тие 8,5 се 4,25.
Втор момент со кој штеди климата во однос на термото, термото кога го пуниш навечер незнае дали утре ке биде +10 или -10 температурата и секако ке ти излапа 30KW(15) додека климата троши точно онолку колку што треба топлина во денот зависно од температурата надвор.
Само на -15 или под таа температура се еднакви климите со термо печките бидејки тогаш и најсолидните клими имаат COP околу 2, но денови/часови со такви температури се многу малку и ке ги има се помалку со климатскиве промени.
Климата троши струја за механичката работа на компресорот и на вентилаторите, а топлината ја добиваш од гасот(фреонот) т.е од природата на гасовите да при одреден притисок греат а при друг притисок ладат. Фактички за вложената електрична(претворена во механичка) енергија се добива 3 пати поголема топлинска енергија.
Ова можеш да си го размислиш со обичен дезодоранс кој внатре е течност (но под притисок) а излага како гас кога притисокот ке падне со притискање на дугмето, или кога зимно време за да си ги стоплиш рацете дуваш слабо со широко отворена уста т.е хукаш, а летно за да ги оладиш дуваш силно со собрани усни, во двата случаја твојата температура е 35-37Ц но во првиот случај се грееш а во вториот ладиш.
 
Благодарам на деталниот одговор. Вреди да се размисли. :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
И јас се двоумев меѓу Toshiba Suzumi plus 22000btu и Mitsubishi MSZ HJ71VA Smart Inverter Air Conditioner но Mitsubishito gree do -10º, а Toshibta до -15º.
Дневниот престој го греам сеуште со 2 панели од по 3kw на Tesy, а детската соба со панел 2,5kw Thermor. Поздрав ;)
Тошибата ни на -5 нема да успее да те згрее, премалку топлина оддава на таа температура. A мицубишито ќе тера и под -10. Земи ја во предвид и Fujitstu ASYG18LFCA ако е поевтина.
Дечки, со панелкава што ја земавме добро се греев, ама вчера еден роднина ми се јавува и ми кажува исклучувај ја иначе отиде сметката за струја... и вчера ја исклучивме. Од 20 декември до вчера околу 17 часот грееше на 1 грејач од 1250W понекогаш на максимум а во последниве неколку дена на средина беше тркалото. Првиот ден на 20 декември грееше на двата грејача по 1250W. Сега сметката кога ќе дојде, не знам пликото кој ќе го отвори. Стварно ли многу троши чудово?
Греач од 1250 вати, максимално може да ти потроши 5400 денари месечно. А ти појди до струјомерот, прочитај ја моменталната состојба, од таа одземи ги вредностите од последната сметка, помножи ја разликата соодветно со цената на скака/евтина тарифа и додај 18% ддв и ќе видиш колкава ти е моменталната сметка. Пропорционално на тој износ ќе ја пресметаш и приближната сметка за цел месец.

@ogledaloogledalo Што се однесува до буката, цело време споредуваш 12-ка со појака клима. Муабетот е за две дванаески наспроти една појака. Да не испадне дека појаката потивка ќе е од двете 12-ки?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.043
Поени од реакции
34.466
Вреди да се размисли. :)
Што има за размислување??
Јасно е што е најекономично, прашањето е само дали можеш си дозволиш (веднаш). Ако одговорот е ДА, купуј одма. Ако одговорот е НЕ, тек тогаш е јасно дека ти треба клима (и време е да почнеш да штедиш за една). ;)
 
Член од
18 декември 2015
Мислења
96
Поени од реакции
235
Здраво gigovit :) Така планирам со tax free 19% мислам дека е, не 20% ( ќе пишам пак точно колку ќе биди). Пријателка ми кажа дека во продавницата кај што го купуваш инвертерот ти даваат 2 сметки едната оригинал колку што кошта и толку си плаќаш и друга сметка со 300€ за да ја поминиш на граница без давачки, и јас ќе му ја покажам само таа сметка од 300 € :) Се надевам и јас така да ја поминам границата :) Накнадно ќе пишам како ќе поминам:)
Среќен Божиќ! За многу години! Поздрав

Sent from my GT-N8000 using Tapatalk
http://premiertaxfree.com/how-shop-tax-free/greece еве ова го најдов на нет, 23% е супер ако е така :)

Sent from my GT-N8000 using Tapatalk
 
Член од
18 декември 2015
Мислења
96
Поени од реакции
235
По цените во грција на тие марки/модели што @Scorpio83 ги спомна збориме за буџет од 1000евра па две 12ки (од тие марки) ке отидат доста над таа сума. Фуџитсуто за кое зборувавме е со ознаки ASYG18LFCA / AOYG18LFC со цена 850~900евра на грчкиот скроутз. Митсубиши HJ50VA кај нас е 55000 што е исто па и поефтино од грција само незнам дали ја имаат во Енергосистем и појаката HJ71VA, во ценовникот што го имам ја нема 7цата па најдобро да си прашаш дали ја носат кај нас и што цена е, ако е прикладна цената ке имаш и гаранција ако ја земеш од тука. Само тој модел е основен и доста слаб за греење па поготово за во Битола.
Стрелец и ти мислиш дека на темпертури од -5 и повеќе Тошибата Сузуми плус 22000btu нема да го грее просторот ? Уште сум во недоумица , среда одам за Грција и сеуште незнам која ќе ја одберам за 57м2 греење, ајде ти како поискусен на форумот препорачај ми , буџетот ми е 1200 € максимум, не можам повеќе да си дозволам, Тошиба, Митсубиши, Фуџитсу ... Во Лерин ќе одам во две продавници едната има и веб сајт www.kotsovolos.gr , а другата има но ги нема климите , таа е www.megaeuronics.gr
Поздрав

Sent from my GT-N8000 using Tapatalk
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
228
Поени од реакции
203
Во Лерин ќе одам во две продавници едната има и веб сајт www.kotsovolos.gr ....
Поздрав

Sent from my GT-N8000 using Tapatalk
Абе овој ќе да е наш, Кочо волот;)
Не даде ли некој линк до некоја продавница од Солун, близу Икеа? Како да беа поевтини цените таму.
 
Член од
18 декември 2015
Мислења
96
Поени од реакции
235
Абе овој ќе да е наш, Кочо волот;)
Не даде ли некој линк до некоја продавница од Солун, близу Икеа? Како да беа поевтини цените таму.
Хахаха има во Солун исто еве линк www.electronica.gr ама јас поблиску одам до Лерин :) Поздрав ;)

Sent from my GT-N8000 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom