Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
А знаеш ли дека се работи за адаптирано сценарио, од роман кој е напишан според вистински настан? Што друго да прикаже? Или да си измислува работи кои ги нема во романот?
Искрено прв пат слушам дека филмов е според вистинска приказна :shook: сакаш да кажеш дека стварно постоел човек што го преживеал сето тоа? :eek:

Не реков да измислува работи туку
можел малце да се посвети на преживувањето на овој, 2 сцени се само кај што се прехранува Лео, еднаш риба коа упеца и коа јадеше бивол или што и да беше тоа. Имаше и една сцена кај што покажаа изедено врапче и тоа беше тоа. Муабетот ми е ако веќе изгубил пола филм у преживувањето на Ди Каприо можел и тие детали да ги вметне, како ловел овој така повреден и уништен целиот. Како палеше огин, немаше ништо од тоа. Еднаш само со барут коа запали мало огинче да се изгори на вратот, да ја залепи дупката од вратот што му течеше вода :D
Губел време у пејсажи, камери кур се тресе ништо посебно од тоа не ми се свиѓаше.
 
Искрено прв пат слушам дека филмов е според вистинска приказна :shook: сакаш да кажеш дека стварно постоел човек што го преживеал сето тоа? :eek:
;)[DOUBLEPOST=1451063445][/DOUBLEPOST]
ама се закилавевте со Ревенант. И чек од кога Џонтра ви е стручен у филмски мислења па му се напнавте. :D
Не Џонтра, едно чудо народ почна со плукање. :D
 
Да бе проверував сеа, да им ебам матер на овие од имбд што кур не пишале biography. Со други очи глеам на таквите филмови.

badass-hughglass.jpg
 
@Џонтра Волта

Koга ќе имаш време пробај му се и на другите негови. Сигурен сум дека нема да те остави рамнодушен и ќе го смениш мислењето за режисерот.

Amores Perros
Babel
Biutiful
21 grams

Ако си љубител на Холивуд, пробај му се на Babel пошто глуми Бред Пит во него.

Meне омилен ми е Biutiful али истиот е пософистицирана драма која обработува заебан живот, на еден спор, по малку монотон начин, но доста реален и трагичен. Amores Perros е мастерпис невиден кој може да те извади од такт.
 
Ми се сере од новиве деца што проклака со филмска стручност за 15минути јбг мора да си кажам што си мислам макар звучело и избришливо.

Едно е да поседувате мислење, а тек друго е коа
ќе влезе у конфликт со 20 члена и запомнете не се раѓате за 9 дена седнете набите филмско око направете широк спектар тек ондак доаѓате овде и МОЖЕБИ да влезете у некој разговор a шо е ова сеа ''Испрати мислење'' и ајде ќе го силуваме копчето не е така :/


''Секој втор глумец ќе го одглуми истото''- и Као да реагира чоек сеа на ова ?

И да убаво е што има нови филмски деца ама лошо е што стекнуват експертиза многу брзо забрзан раст и развој као нашава економија ...
 
@Џонтра Волта

Koга ќе имаш време пробај му се и на другите негови. Сигурен сум дека нема да те остави рамнодушен и ќе го смениш мислењето за режисерот.

Amores Perros
Babel
Biutiful
21 grams
кој од кој подобар, за мене врв е 21 grams
 
Луди Макс>Hateful Eight>Martian

Тоа се трите најбољи филмови, али Маршн е политички исправен во контекст на новата студена војна, па ќе ги победи другиве.
 
Не се напнувајте де , секој си има различни критериуми во кои ужива. :) Можда грешка се изразив за Ди Каприо , се слагам дека го извади максимумот за лично неговата глума , али зборот ми беше било кој друг глумец да беше немаше толкава оценка да има филмот , ниту пак ќе се дигаше толкава прашина за него. Моменталната 8.6 е лудост по сите мерки. Максимум 6 , ништо повеќе.
 
21 Grams гледај го, многу добар филм е.
21 Grams одамна ми е на тапет, не знам зашто сум го испуштил а заредив едно време филмови со Шон Пен.
@Erich Zann , ќе ги глеам немај гајле, само да дојдат на ред, ќе ме копка иначе. Мора да видам за што режисер станува збор, овдека изгледа бајаги го поштувате.


Иначе што се однесува на членот од погоре кој сака да си наметне статус на `џек` на форумов, значи само одбрана фела смее да пишува на темава, сите со исто мислење и ќе си цутите, еве мене не ми се свиѓа Ревенант и што сеа, не смеам да си кажам мислење зашто не ми се свиѓа? Божем сите овдека имате завршено факултет за драмски уметности, Тарантино у мало сте па не смее човек контра да ви отиде.
Бог да чува.
 
Го изгледав денес Revenant и мене не ми се допадна. Далеку е од лош филм, но не би му дал ништо повеќе од 7.
Покрај тоа што филмот на начинот на кој е сниман е на највисоко можно ниво и движењето на камерата која е некако малку во стилот на Birdman ми се допаѓаше.. И визуелно беше прекрасен, иако снимката не беше HD, јас го гледав на 32" ТВ и беше поприлично задоволителна. Глумата исто така феноменална.. Но тоа за мене како обичен гледач кој нема никаква поврзаност со филмски уметности, иако ми значи, сепак не е пресудно.
Она со што не успеа да ме освои во филмов беше приказната. Мноогу лошо истата беше претставена и не вроди никаква емоција кај мене, ни среќа, тага, воодушевување, омраза, адреналин, мачнина.. НИШТО.. Гледав 2 и кусур саати филм со тап поглед на кој му го предвидив крајот уште пред да почне. Не се поврзав со ниеден лик(главниот де) во филмот, па така бев и тотално рамнодушен.
Поради сето тоа, е само еден надпросечен филм, но ништо повеќе од тоа. Иако не ми се другите оскаровци(освен Мартиан) изгледани за годинава, верувам дека има далеку подобри.
 
Back
На врв Bottom