Џ
Џонтра Волта
Гостин
Па за 2 часа и 36 минути колку што трае филмот можел да се потруди режисерот малце повеќе. Фалат некои работи, ликот на Ди Каприо ич не е сменет низ текот на целиот филм а преживуваше неколку месеци.
Што знам колку па и ова е за Оскар, секој втор актер би го одглумил истото, испаѓа ко режисерот да му рекол ти Лео ќе лежиш, ќе се влечеш по земја и само ќе стенкаш и ќе се напињаш доека не ти прснат очите.
Абе ај чекав недела дена за превод а на крај испадна дека и уопште не е потребен, 5 реченици на англиски останатото на индијански зборат со залепен англиски превод на тоа. Чао.

На моменти движењето на камерата ме потсетуваше на Birdman, но најмногу од се ми се допаѓаа кадрите од жабја перспектива. На подобар начин не можеше да ја покаже супериорноста и убавината на природата над човековата кревкост. Уште па кога прочитав дека не користел вештачка светлина, туку работел само на дневна светлина за да бидат кадрите што пореалистични, занемев (нешто за што огромна заслуга мора да му се припише и на идејата на режисерот Ињариту, поради што биле принудени да снимаат само по неколку часа на ден, и целата постапка се одолговлекувала со месеци). Лубецки го направи филмов уште едно визуелно ремек дело за кое заслужува Оскар трета година по ред.

сакаш да кажеш дека стварно постоел човек што го преживеал сето тоа? 