РАДИОДИФУЗНА ТАКСА - има ли логична причина да постои?

Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Сепак, јавниот сервес (не велам само МРТ) не може да се изедначува со комерцијалните. Затоа и нема реклами (сем во одредени ситуации).
Јас не велам дека не треба да има изземање на одредени категории од оваа обврска. Исто така, може и да не се плаќа на овој начин, се е тоа работа на законодавецот. Може да се направи и друг начин на финансирање.
А јавен сервис мора да има.
 
Член од
5 ноември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
27

Ако веке мора да има...барем да е во оптимален број на вработени. И секако не како АРАЧ. Колку јас толку и тој со милионски суми приход.А секој знае дека овие последниве се изземени и од таа давачка со помош на правни гимнастики и предана администрација. По мое, нека им пуштат 100 %рекламен простор и нека се конјуктурни. А за предавателите секако дека може и од буџет. Но нема да и останува можеби доволно за тендер-мафијата.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Во ред, но мора да се разбере дека јавниот сервис не се плаќа како одење во кино, или купување на што и да е. Ова се финансира за да постои и не се базира на претплатници. Еден вид на задолжителна такса. Воопшто не навлегувам дали има добри услуги, дали ја врши добро функцијата и слично.
А на кој принцип на задолжителна такса е?
ако е задолжително за сите, треба секој полнолетен граѓанин на Македонија да плаќа
Пример дедо баба син снаја и внукот полнолетен живеат во една куќа, би требало да плаќаат сите, не би требало да има селективност, кој одредува за кого е задолжително за кој не?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Добро ти е ова Миле. На Уставен, а? Јас мислев дека законот треба да се промени во Собранието.

Тоа што имаш кабелска телевизија, тоа нема никаква врска со радиодифузната претплата (или давачка). Не ми е јасно како тоа на огромен дел од населението не им е јасно. Тоа е како да не сакаш да плаќаш данок, бидејќи ти си ги дал парите на пример на внуци, на деца... на просјак... Кабелските оператори ти нудат канали, за свој профит, да не ставаш антени, сателиски, итн...
Не ти треба договор со МТВ. Тоа е давачка за јавниот сервис, не се тоа пари само за МРТ, иако тие најмногу добиваат. Исто така не сме потпишале договор дека ќе плаќаме ДДВ насекаде, па плаќаме. Не е мерило за плаќање на оваа такса дали се гледа или не државната ТВ и радио.
Јавниот сервис се финансира од населението на МК, дали преку такса, преку буџет или мешано...
Тогаш нека ја нема смрт во пакет на кабелските оператори.
Ем добиваат пари од РДТ ем процент од кабелските оператори.
Ама убаво си ја наредиле работава смрт да има голем буџет за крадење,корупција и тупење со платени политички програми на дудлачки канали.
И данок плаќам на остварени приходи и купени производи,а РДТ е присилна наплата на данок
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.745
Поени од реакции
7.262
Навистина е интересно на кој принцип се определува задолжителната такса. Пред извесно време се поднесуваше барање да те ослободат од плаќање, ако не живееш во станот, а тоа се докажуваше со сметки за струја. Исто така, корисници кои немаат добар прием (има и такви) не плаќаат. Значи, знаат и пазарно да размислуваат. Зошто тогаш немам можност да побарам да ме исклучат и да не плаќам?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.644
Поени од реакции
16.851

Не може бидејќи и МРТВ а и други национачни дигитални канали се емитуваат бесплатно, се фаќаат со обична антена и уред (сет бох). Така е и во окружението од ехЈу. Дури имаше случаи во Хрватска талијански станици да ги блокираат во некој региони домашните канали, ама сепак не ги ослободуваа граѓаните од РДТ, туку упатуваа протести ди Италијанските надлежни служби.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.463
Поени од реакции
18.469
Многу често кога се прави споредба на Македонија со развиени држави следува одговор абе остај ги тие гледај колку се моќни.

Тоа е тоа, ние 25 години не успеавме ама ниту една минута да имам барем просечен сервис на граѓаните во лицето на МРТВ.

Мислам дека треба да бидеш прав Сизиф и да продолжиш да туркаш нешто што не може да биде. Мора да се ослободиме од тој терет и да терме понатаму.

МРТ МОРА ДА СЕ ЗАТВОРИ!!!
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Многу често кога се прави споредба на Македонија со развиени држави следува одговор абе остај ги тие гледај колку се моќни.

Тоа е тоа, ние 25 години не успеавме ама ниту една минута да имам барем просечен сервис на граѓаните во лицето на МРТВ.

Мислам дека треба да бидеш прав Сизиф и да продолжиш да туркаш нешто што не може да биде. Мора да се ослободиме од тој терет и да терме понатаму.

МРТ МОРА ДА СЕ ЗАТВОРИ!!!
Не мора да се затвори само треба да се укине рдт сама да се финансира од реклами,помали плати на вработените да се делат,да не се краде и да не го тупи со платени политички програми.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Тогаш нека ја нема смрт во пакет на кабелските оператори.
Ем добиваат пари од РДТ ем процент од кабелските оператори.
Ама убаво си ја наредиле работава смрт да има голем буџет за крадење,корупција и тупење со платени политички програми на дудлачки канали.
И данок плаќам на остварени приходи и купени производи,а РДТ е присилна наплата на данок
А сигурен ли си дека добиваат пари од кабелските оператори? Јас не знам, ама не ми се верува.
Таа такса на некаков начин секако дека населението ќе ја плаќа.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Пак ќе прашам, кој е обврзан да плаќа таа такса?
секој полнолетен граѓанин?, секој сопственик на стан, куќа, дуќан???
по кој принцип е одредено кој треба а кој не треба да плаќа РДТ?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.745
Поени од реакции
7.262
Џабе прашуваш, широко е полето, има место за корекции. Денес од семејство, утре од семејство и локација, задутре од секој полнолетен член...
 
Член од
5 ноември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
27
c13.jpg
Џабе прашуваш, широко е полето, има место за корекции. Денес од семејство, утре од семејство и локација, задутре од секој полнолетен член...
Прешироко е полето. Многу точно. Но дали можеме ние, барем тука на форумов, да се согласиме за некаква разумна акција за да се дојде до резултат укинување на ова ЗЛО. Затоа што не верувам дека на сите, па дури и на оние кои ја одобруваат оваа мерка, (а тоа не го чинат заради што припаѓаат на заштитените кои со правни гимнастики се ослободени од таа обврска), а да не им тежи овој финансиски терор.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Може да се укине за да не претставува причина за блокирање на сметки, некој може да заборави да плати, некому системот нема да го евидентира па да му се блокира сметка, итн... Може да се најде друго решение, на пример, на цената на горивата да се додаде плус 1 денар (пример само давам) и тоа стриктно да е наменето за таксата. Или на струјата да се додаде, или слично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom