Доколку има некој што се разбира од ваков тип на проблем, би бил благодарен.
Се работи за телефон на мој колега од работа (конкретно Galaxy s3 mini i8190).
Телефонот работеше се најнормално, се до пред некој ден.
Изгледа телефонот си правел апдејт некој на андроид (автоматски) додека сме биле на работа и не поминало се најдобро. Колегава го земал и што да види. Не работело ништо како што треба.
Многу ми е близок колегава (постар човек е) и се нафатив да му помогнам со надеж дека ќе решам брзо. Но и јас наидов на проблеми...
На секое вклучување на телефонот пишува "Aktualizacija Android OS", се чека малку и потоа си се комплетира се. Ваљда ова го јавува на секое вклучување пошто не завршил андроид апдејтот како што треба. Го пишува како aktualizacija затоа што колегава ми е хрват, и телефонот е на хрватски јазик.
Телефонот после тоа "aktualizacija" си се подига и ги лоадира апликациите.
Наеднаш почнува да јавува грешки од типот "Settings Error" ; "Google Play Error" "com.google error" исл.
Веднаш потоа си се рестартира сам по себе, и се истиот процес се повторува.
Телефонот не може да работи повеќе од 2-3 минути.
После автоматското рестартирање истата песна...
Aktualizacija прави, апликации лоадира, прочепкуваш нешто, и веднаш се рестартира повторно.
Factory Reset пробав набрзина од самиот телефон (пред да ми се рестартира сам) и не сака да чуе. Го стискам копчето за ресет и не реагира воопшто.
Земав да го направам затоа што преку телефон ништо не биваше. па си викам ќе флешнам фирмвер преку компјутер...
Пробав да го ставам во Recovery Mode, ги држам 3те копчиња за рикавери и си пишува Galaxy s3 mini i8190, и телефонот се укочува тука со тој текст и стои со саати така. Сублимирано, не сака да чуе да ми отвори рикавери.
Е мајката, ајде со Odin пробав....некако успеав да флешнам фирмвер (симнав фирмвер од Т-Мобиле).
Вика Completed. Палам телефонот и пак истото....
Aktualizacija....и пак си се рестартира и си ги лоадира апликациите што си ги имал сите.
Пробав 2 пати со Один и пак не бива.
Ајде викам последна шанса Samsung Kies. Пробав симна фирмвер, го направи процесот комплет готов.
Палам телефонот и пак истата ствар.
Незнам веќе што да му правам стварно. Чаре некое?