Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Па малце ли е темата? :ROFLMAO:
Иста тема обработуваат, тинејџери, неприфатени/просечни, некоја врста на семи хипстер, они се различни од другите повеќе гледаат на духовното, се заљубуваат спонтано...
Абе темата е иста и во Now is Good, и во A Walk to Remember, па никој не го споредуваше со нив, да речеме. Не е малце темата, ама ако темата е идентична во два филма, тоа може само да се констатира и нема што понатаму да се образложува дополнително. Се споредуваат мал милион други аспекти. ;)
 
Не е битно на кој прв му текнало да разработи одредена тема туку кој тоа ќе го направи најдобро. Затоа не ми смета што Me and Earl нема оригинална приказна. Full package ми беше филмот, од глума до наратив до играње со емоции.

Прерано е за оскарски листи, ќе причекам да излезат и да ги изгледам зимските драми пред да одберам фаворит.
 
Одличен е филмот, за мене Me and Earl ми го даде чувството, ме соживи со приказната како што Boyhood лани не успеа да ми ги долови тие работи. Обична приказна која треба да ти разбуди емоција, да се поигра со неа и да те остави да уживаш дур трае филмот без да трепнеш. Јас ова лани од Boyhood требаше да го осетам но дали поради должината на филмот или други работи, не успеа. А знаеме дека Boyhood беше у номинација за Оскар, така да не гледам зошто не би бил Me and Earl со оглед дека според мене е многу поквалитетно изработен и скоцкан филм.
 
Не ме чепна Me, Earl and the Dying Girl, другиве два ги немам гледано. Ми се допадна хуморот на дечкото, ама приказна дежа ву шо би рекле, има милион филмови со ваква приказна последниве години.
Начинот бомба на кој е сработен начинот :D Остај ти тематиката. Не се лути, ама уште си малечок за дотолку сериозни филмови. Велам сериозни пошто бараат да имаш некакво си слично искуство, или па да имаш по некоја претстава за гнасотијата на животот. Претпоставувам дека сеуште си во оној фазон каде светот ти изгледа секси розев :)

Не се лути плс асл :D
 
За да ме допре убаво треба да се грижам за ликовите и они да ме внесат у филмот, а во Ерл и даинг грл скоро и да немаше хемија меѓу главните ликови и не ме внесоа до толку. Можда таков впечаток иам ради исфорсираното и чудно нивно запознавање, ако од старт не кликнат тешко после. Тоа по мене е главната причина зошто нема многу висока оцена кај мене, а едвај 7цата му ја даов ради крајот и филмските видеа и референци
 
Последно уредено од модератор:
500 days of summer е многу глуп филм. Успеа да ми ја расипе и симпатијата кон Зои. Не што не се поврзав ни со приказната ни со ликовите туку напротив се ме иритираше.
На крајот кога типката му се престави како Autumn, приповратив у себе.
 
Јас само плавата ја имам гледано и филмот е одличен иако не би се сложил со оценката затоа што приказната е многу слаба ама супер беше реализиран филмот и Џулиет е прекрасна.
 
500 days of summer е многу глуп филм. Успеа да ми ја расипе и симпатијата кон Зои. Не што не се поврзав ни со приказната ни со ликовите туку напротив се ме иритираше.
На крајот кога типката му се престави како Autumn, приповратив у себе.
Да, за обозаватељ на A walk to remember, Longest Ride, Notebook и сличните 500 days of Summer ќе е многу глуп.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
ја блу едвај го доглеав
тиња, ништо не се дешава
ко одисеја 2001
 
Three colours : Blue

Е стварно Кисловски е мајстор, не мислев дека ќе налетам на нешто подобро од неговите Double life of Veronique или Decalogue...
Blue нема плот, по содржаен распоред еден од најсиромашните, визуелно, наративно, еден од најдобрите.

Кисловски низ неговиот светоглед преку главниот лик објаснува животни апстрактни категории како љубов, слобода, депресија, јад итн, и на сите им става по еден прашалник.
That's about it.

Пре-предобра разработка на главниот лик. Жулиет Бинош маестрална... најверојатно Ирене Јакоб има доста учено од неа, неверојатни сличности имаат една со друга. И двете врвни глумици.

9/10
Одличен е. Иако има, како што велиш, објасувања за многу апстрактни категории, Blue е за слободата, всушност. Трилогијата е замислена така што секој дел одговора на една од боите на француската револуција, сина - бела - црвена, а со тоа и на еден од елементите на мотото на револуционерите - „Слобода, Еднаквост, Братство“. Но Кишловски не би бил Кишловски ако темите не ги поставил така што нема да биде директно воочливо тоа. На пример, за „Слобода“ би можел како тема да земе бегство од затвор, a la „The Shawshank Redemption“ style, но тој се одлучил за мајка која од петни жили се обидува да се ОСЛОБОДИ од болните сеќавања по огромната загуба во животот, но неуспешно. Исто е и во другите два филма од трилогијата. За мене, сепак Blue е најдобриот од сите! За колку само моменти, кадри, елементи, симболи и метафори во филмов може да се дискутира... Кишловски е маестрален!
 
The Gift не издржав да го чекам на убава снимка. Цел филм беше просечен, и ништо не се дешаваше за на крај последните 10 минути да го исправат впечатокот. Само 7ца од мене, далеку е од Prisoners што го споменувавте, што те држи напнат 2 саати.

И која глупост беше на почетокот ко го сретнаа Гордо, во продавницата ја кажуваат адресата за достава (пред Гордо), добиваат пакет од него на адреса дома и се чудат од кај им ја знаел адресата. :pos:
 
Кај да најдам српски или хрватски или било каков разбирлив превод за Che: Part one? Не можам да го гледам без превод, претежно на шпански се зборува. :mad: На titlovi.com и podnapisi.net барав но ниеден не е соодветен на мојата симната верзија. Иначе ова ми е симнатата верзија: Che.Part.One.2008.LiMiTED.BluRay.576p.H264
Англиски превод спаѓа во разбирливи? Пошо имаш на podnapisi баш за таа верзија, го проба тој?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom