Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Значи и тие не се оригинални, туку римејк на нечија друга приказна. И во нив има „крадени“ моменти, идеи, и што ти јас знам што, па сепак никој не вика дека не чинат затоа што се „крадени“. Која е разликата?
Па разликата, што на пр. Тарантино позајмува идеи, ликови, нешто од ваму нешто од таму и пак од тоа ќе направи поразличен филм у свој препознатлив стил, ќе му даде свој белег идентитет на филмот или у случајов со R Dogs направил подобрување.
Скорсезе само го ископирал Infernal Affairs.
Има и подобри мада ретко римејци од оригиналот шознам The Thing, Scarface, The Fly, еве и The Blob, зш поминало доста време па има можност за подобрување, дали ефекти или ликовите се (по)интересни, подобра глума, акција, режија итн... значи има некои значајни разлики или подобрување, за разлика од Департед, кој иначе прв го гледав, па пак I. Affairs ми е подобар, исто така се зезнав и со Ванила Скај...
Јас вообичаено повеќе поштовам оригинални приказни на сметка на биопици, римејци, адаптации и слично, иако и тие знаат да бидат hit or miss, па така имаме доста дебилни оригинални приказни во филмскиот свет.

Во секој случај, малку ми е no sense да дискутираме оригиналност кај режисери кои се прославени по стилот, Тарантино, Ричи, Бартон, Ален се стилистички режисери, и во нивните филмови личниот печат е многу поважен од оригиналноста на приказната, ова ми е исто како да ја оценуваме рибата за тоа колку вешто лета. Малку не е фер, секако секој си има симпатии и апатии кон одредени режисери, и сите причини за тоа се валидни ама не знам дали е од објективни причини океј да викаме дека некој режисер не го бива затоашто нема оригинални идеи. Кјубрик нема ни еден оригинален филм во животот снимено и е сметан за еден од најдобрите на сите времиња. Јас го сакам Тарантино, и особено многу ги сакам Кил Бил, стилски и содржински ми се ептен добри филмови, особено што сум аниме фан, а Кил Бил е лајф екшн аниме и за мене е подобар од многу филмови кои се директни адаптации на анимиња. Нив ги спомнувам зашто знам дека не се многу популарни на форумов, ама сакам да посочам дека имаат appeal за луѓе како мене, кои филмот го гледаат како омаж, нешто што и самиот Тарантино го посочува со аниме секвенцата за ориџинот на Ума Турман.[DOUBLEPOST=1554745493][/DOUBLEPOST]И ете имав уште да пишувам и ми се прати по грешка постот незавршен, ама да не комплицирам нека седи вака. Тоа ми е поентата секако, неам што повеќе да кажам околу ова без да се повторувам.
Па не би го гледал само како аниме ... ривенџ приказната, ликот на Луси Лиу и сцената на снегот се од Lady Snowblood
lady-snowblood-1200-1200-675-675-crop-000000.jpg

Паи Меи е д ултимејт босс у кунгфу филмовиве и у Кил Бил 2 го глуми Гордон Лиу кој е голема кунгфу ѕвезда (у Кил Бил 1 глуми уште еден друг лик), жутите тренерки се од Брус Ли, Дејвид Карадин глумеше у кунгфу серија, итн...
 
Јас вообичаено повеќе поштовам оригинални приказни на сметка на биопици, римејци, адаптации и слично, иако и тие знаат да бидат hit or miss, па така имаме доста дебилни оригинални приказни во филмскиот свет.

Во секој случај, малку ми е no sense да дискутираме оригиналност кај режисери кои се прославени по стилот, Тарантино, Ричи, Бартон, Ален се стилистички режисери, и во нивните филмови личниот печат е многу поважен од оригиналноста на приказната, ова ми е исто како да ја оценуваме рибата за тоа колку вешто лета. Малку не е фер, секако секој си има симпатии и апатии кон одредени режисери, и сите причини за тоа се валидни ама не знам дали е од објективни причини океј да викаме дека некој режисер не го бива затоашто нема оригинални идеи. Кјубрик нема ни еден оригинален филм во животот снимено и е сметан за еден од најдобрите на сите времиња. Јас го сакам Тарантино, и особено многу ги сакам Кил Бил, стилски и содржински ми се ептен добри филмови, особено што сум аниме фан, а Кил Бил е лајф екшн аниме и за мене е подобар од многу филмови кои се директни адаптации на анимиња. Нив ги спомнувам зашто знам дека не се многу популарни на форумов, ама сакам да посочам дека имаат appeal за луѓе како мене, кои филмот го гледаат како омаж, нешто што и самиот Тарантино го посочува со аниме секвенцата за ориџинот на Ума Турман.[DOUBLEPOST=1554745493][/DOUBLEPOST]И ете имав уште да пишувам и ми се прати по грешка постот незавршен, ама да не комплицирам нека седи вака. Тоа ми е поентата секако, неам што повеќе да кажам околу ова без да се повторувам.
Мислам дека не станува збор за оригинални/неоригинални филмови, туку за авторски и неавторски. Тарантино и Вуди Ален на пример сами си ги пишуваат и режираат, па дури и продуцираат филмовите. Кјубрик не знам дали има напишано сценарио, ама неговиот печат во филмовите е неоспорен (истото важи и за филмовите на Тарковски, на пример Носталгија е напишан од сценаристот на Blow up, заборавив како се викаше) - кога гледаш филм од Кјубрик (или од Тарковски) едноставно знаеш дека е од него. На пример, Кјубрик исто така немал абер за музика, а филмовите му се еден вид музички спектакли затоа што работел со истиот тим на автори околу него. И Скорсезе еве (досаден сум пак го споменувам :D ) во повеќе филмови работи со истиот камерман, истиот монтажер, а различни сценарија, па пак кога Скорсезе режира сцена, се знае дека е од Скорсезе :D

Еднаш се погодив на една работилница и работилницата ја водеше продуцентот на речиси сите филмови на Кјубрик, овој https://www.imdb.com/name/nm0363214/?ref_=ttfc_fc_cr3 старец, има скоро 100 години ама пожив од мене е, и нормално, сите наместо за него и неговата работа, прашуваа за Кјубрик, ама овој сигурно е цел живот навикнат да го прашуваат за Кјубрик наместо за него :D и еден типац му вели - сум ги гледал сите филмови на Кјубрик, зошто сите филмови му се жанровски различни и тотално спротивни еден од друг? Овој дедово вели, Ако ги гледаш внимателно следен пат, ќе видиш дека сите филмови му раскажуваат една приказна, и дека се многу слични.
На пример, за Eyes Wide Shut кажуваше дека овој пробувал да го сними едно 30 години пред да го направи на начинот на кој го направил, и тоа поради фактот што се чувствувал неспремен - не мислел дека адаптацијата на новелата од Шницлер му „легнала“ доволно и дека немал искуство, па ја оставил за подоцна.

Муабетот ми беше - оригиналноста, автентичноста, е несомнена кај овие режисери, иако не ги напишале сами сценаријата.
 
Шо знам, не ме пали многу ако пишува, режира, свири и глуми... мислам браво за кој и да го прави тоа, ама мене како консумер битен ми е крајниот продукт. Исто ми е како да ми кажеш: како не ти се допаѓам Inglorious Bastards, зар не знаеш дека Тарантино има 24 сантима кур? Шо е битно? Битно е перфектно да е завршена работата. Не е као набројаниве режисери работат со 1 милион евра буџет па не можат да си дозволат Roger Deakins за кинематографија или Hans Zimmer за саундтрак... демек ако Тарантино сам ги шиел костимите треба да се додаде поголема вредност на филмот? Според мене улогата не режисерот е тој неговата визија да ја одработат мајсторите во својата бранша, да го спои и претстави како една функционална целина за на крајот ние да уживаме. Мислам дека е малку god complex коа вака се залетуваат демек да не им ja поматат визијата. Ај следно да ги пуштиме објектно ориентирање да средуваат за ефектите на филмот, и нормално ќе изгледа срање - ама уште едно титле до многуте на режисерот - појак филмот! :D

И начнавте малку од темата style over substance, да не се караме - подеднакво се битни!

btw @Anon

EQonqBY.jpg
 
Па разликата, што на пр. Тарантино позајмува идеи, ликови, нешто од ваму нешто од таму и пак од тоа ќе направи поразличен филм у свој препознатлив стил, ќе му даде свој белег идентитет на филмот или у случајов со R Dogs направил подобрување.
Скорсезе само го ископирал Infernal Affairs.
Има и подобри мада ретко римејци од оригиналот шознам The Thing, Scarface, The Fly, еве и The Blob, зш поминало доста време па има можност за подобрување, дали ефекти или ликовите се (по)интересни, подобра глума, акција, режија итн... значи има некои значајни разлики или подобрување, за разлика од Департед, кој иначе прв го гледав, па пак I. Affairs ми е подобар, исто така се зезнав и со Ванила Скај...
Е па истото го зборам. Твоето е ОК, зашто ти споредуваш два финални продукти, и зашто во некои случаи, според тебе, подобар е оригиналот, во други - римејкот, како што впрочем и навистина е. Моето беше за тоа дека фактот дека нештото не е оригинално не мора да смени ништо во квалитетот на истото. Ете, и во книжевноста, спомна некој погоре - понекогаш на една иста тема се пишувани многу нешта и истите неретко биле и сe уште се ремек дела. Еве, прво на што ми текнува, е една иста, неколкупати преџвакана приказна за кладбата со ѓаволот резултирала со „...Петар Шлемил“ на Шамисо, со „Фауст“ на Гете, со „Сликата на Доријан Греј“ на Вајлд, со „Доктор Фаустус“ на Ман... И? Би можел некој да заокружи само едно и да ги пречкрта останатите на основа на само тоа дека не се „оригинални“?

А за Ванила Скај, не те сфатив. Мене, искрено, Vanilla Sky ми беше за нијанса подобар од Abre los ojos. There, I said it!
 
Шо знам, не ме пали многу ако пишува, режира, свири и глуми...
Не знам дали знаеш за последниот филм на Пол Томас Андерсон, Phantom Thread. Човекот работи со истиот камерман на сите филмови, арно ама овојпат камерманот не може да ги погоди термините за снимање, Пол Томас Андерсон инсистира кај продуцентите да му дозволат да го пролонгира снимањето, овие му викаат најди си друг камерман и ќе снимаш тогаш и тогаш :D овој чека, одолговлекува, камерманот не е слободен - на крај, ПТ Андерсон не зема друг камерман, туку тој го раководи снимањето, а на кредитите не се потпишува како Камера од почит (или инает) и никој не е credited за камера на крај. Е тоа е лик :D
И како што велиш, на крајот на денот не е важно, важно е филмот да е добар.
 
Првиот филм што го добил Кјубрик со него му доделиле и оскаровски директор на кинематографија. Но Кјубрик се скарал со него и го отпуштил. Е тоа е будала.

Иначе сите филмови на Кјубрик се со сценарио на Кјубрик но адаптирано сценарио, нема оргинални.
 
И на Теренс Малик сите филмови му се written and directed од него лично и персонално па никој не го спомна

giphy.gif
Теренс Малик прави филмови за многу ограничена публика, и не мрда од таа зона, исто така никој не го спомна ни Гаспар Ное, ни Ханеке, што се во истата категорија. Овие што се дискутираат се покомерцијални/мејнстрим режисери што целат кон поширока публика. Јас твојов Малик еднаш го гледав и одлучно решив дека не е за мене.
 
Хумор малку : )
Извини вака...
 
Интересна тема сте почнале, штета што немам премногу време ама еве на кратко неколку коментари поврзани со дискусијата:

1. Секако дека има разлика од оригинално дело, до копија на друг филм, обично азиски. Едно е да направиш филмска адаптација на книга, сосема друго е да му го здиплиш филмот на некој друг. Во музиката тоа се нарекува плагијат, а може да биде обработка, ако е наведен оригиналниот автор/изведувач. Во филмот, ќе го здиплат и се преправаат дека не го гледале оригиналот :pos:

Се разбира, сето ова во служба на масите.

2. Повеќе вреднувам режисер кој истовремено е сценарист отколку режисер на кој друг му го напишал сценариото. На ист принцип во музиката, повеќе го вреднувам Рејдиохед од Мадона (Њоте <3)

3. Немам посебна листа на омилени режисери. Дури и најдобрите паѓаат во кризи и снимаат бљувотини. Но посебна почит имам за оние кои излегоа надвор од комфорт зоната и ризикуваа, правејќи уникатни филмови, со ризик дека ќе бидат распнати од критиката. Од модерните филмови таков breakhtrough момент имаа Тарантино со Reservoir Dogs и Pulp Fiction, браќата Вачовски со Матриксот, Триер со Догвил, Финчер со Фајкла итн...

Толку засега.
 
По Toy Story, How to Train Your Dragon е веројатно најдобрата анимирана филмска трилогија! На ништо друго, ете, не може да ми текне.
 
Disregard the прерамка.

Ако ме кикне јутуб за копирајт
Другар беше кај девојка му во Берлин. Отишле у еден специјален кафич. Ама специјален. Намерно отишле. Ми прати слики.
На сликите, на ѕидот се гледаше еден постер. Му ѕвонев на Месинџер му викам зимај го постерот и почна да се смее ептен(?).
Другарот дојде пред некој ден од Берлин. Ми го донесе постерот. Се смеел (!) затоа што уште пред да му кажам они веќе наумиле да го земат.
И најјакото на свет е што кафичот се реновирал и другаров само им кажал дека има другар што најмногу го свиѓа филмот и самите се понудиле да го дадат постерот уште пред да им го побара. А бе крај.
КОГА КОЦКИТЕ ЌЕ СЕ ПОГОДАТ.
Кафичот е секако тој со пијаното кај што свири Викторија и си имаат моменти со С(З,Ѕ)оне.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom