Абе ок, сепак мислам дека прерано е за да им се суди, вчера беа далеку од очајни и лоши, неколку моменти го решија натпреварот плус реално играа против Јувентус, а не против Малме, сеа работава дека Сити не смеат никако да изгубат од Јуве кои се вицешампиони на Европа и малце фалеше лани тројна да лапаат, нема везе што составот им е видно изменет.
Оваа година играат доста тимски, и играат супер фудбал, наликуваат на оној Дортмунд на Клоп, јак пресинг ко оси, убиствени контри, стабилни се во одбрана и сметам дека конечно може сериозно да се смета на нив, без разлика на вчерашниот резултат. Стерлинг и Де Брујне не се ни потребни за играчи кои треба да ја прават разликата и да се лидери, лидери веќе имаат во Туре, Силва и Агуеро, а исто така и Компани и Харт во одбраната.
Можеби и ке ме демантираат ама од тоа што го видов на стартот од сезонава, ја гледам еден друг Сити, тотално различен од оној лани и пред 2 години, генерацијава им е и повеќе од зрела за успех во ЛШ и ПЛ.
Инаку еве и Баерн две години по ред со Пеп доживуваат дебакли од шпански екипи во ЛШ, тоа не значи дека годинава можеме да ги ставиме ниво подоле од Барса или Реал, едноставно во овие дерби дуели Се е можно, а она вчера беше дерби дуел помеѓу 2 екипи кадарни да идат до сам крај во ЛШ.
Мурињо кога беше у Интер рече на старт од сезона иаме 10% шанси за успех алудирајќи на тоа дека во тој момент има минимум 10 клубови кадарни за успех во ЛШ, затоа да не ги отпишуваме Сити пред време, не со тој нивни ростер, дека Пелегрини не е класа од тренер тоа се согласувам ама да не заборавиме дека Челзи на пример со Ди Матео освоија титула у ЛШ, Барса со Енрике за кој исто така неам некое високо мислење, без разлика на ланскиот успех.