Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?

  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Битката за титулата ќе се води помеѓу Јувентус и Рома, а Интер очекувам после добрите засилувања да се врати во ЛШ.
Рома искрено не знам како е фаворит за скудето кога сеуште немаат ништо особено испазарено,ене ги со Џеко се натегаат веќе еден месец,а не можат да го продадат отпадокот од екипата за да земат нови играчи.

Јувентус делува малку раштимано по заминувањето на Видал и мислам дека средниот ред оваа сезона ќе им биде најголем проблем ако не го доведат Дракслер бидејќи после Пирло кој си замина и да немаат таков играч кој ќе знае да сврзува акции и да дели асистенции.
Ок,можеби Погба ќе ја има таа улога оваа сезона,но го нема искуството и прегледноста на играта што ја имаше Пирло.
Кедира мислам дека нема да може ни 20% да го замени Видал.

Интер одлично работи овој преоден рок.Одбраната делува моќно за во Серија А со оглед на тоа што Интер сезонава не игра во Европа.Има едно гајле помалку и сите сили ќе ги насочи кон борбата за скудетото.
Сантон-Мурило-Миранда-нов лев бек би била одбраната во поголемиот дел од сезоната,додека пак средниот ред според мене ќе биде најмоќното оружје на Интер.
Кова-Кондобија-Броз надополнети со Икарди,Јојо и Перса делуваат многу моќно на хартија.Останува уште Манчини да ги среди коцките,да си купи муда и да почне да игра машки фудбал со напад и повеќе голови.

Ако ги среди коцките Манчини бидејќи екипата е правена строго по негов терк,не очекува интересна сезона во Серија А и конечно вмешување на Интер во посериозна борба за скудетото
 
C

Castiel

Гостин
Јуве далеку од тоа дека лесно сезонава ќе освои скудето. 2ца клучни играчи им заминаа, имаат млад тим и ќе треба малку време да се воигра. Башка го изгубија Тевез човек кој најмногу ќе им фали сезонава. Сеуште се фаворит број 1, но нема да имаат сезонава таква доминација. Интер има солиден тим и изгледа добро на Хартија али во пријателскиве разочараа. Немаат постгинато гол последниве 2-3 наптревари мислам, али што е уште полошо од тоа е што немаа некои изгледни шанси во истите наптревари. Очекуваме да се види како Јоветич ќе се снајде и колку време ќе му треба да си ја врати формата од фиорентина пошо реално во сити доста падна по тој аспект. Сега за сега имаат доста изгледни шанси за топ 3 финиш али за скудето малку потешко. Наполи зависи со новиот тренер како ќе се покаже и уште колку играчи и кои ќе ги донесат за да се има некаква слика за нив. За рома исто така треба да работат на пазарот. Лацио незнам колку ќе успее со тој фонд играчи да издржи темпо ЛШ-Серија А. Милан во зависност од тоа ако ги донесат 3те играчи што се планираат (витсел, Ромањоли и Ибра) имаат шанси за 2-3 место. Да земеа и уште еден квалитетен штопер може и ќе имаа посериозни шанси за скудето ама вака одбраната е слаба за таков подвиг.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.790
Поени од реакции
17.723
Рома искрено не знам како е фаворит за скудето кога сеуште немаат ништо особено испазарено,ене ги со Џеко се натегаат веќе еден месец,а не можат да го продадат отпадокот од екипата за да земат нови играчи.

Јувентус делува малку раштимано по заминувањето на Видал и мислам дека средниот ред оваа сезона ќе им биде најголем проблем ако не го доведат Дракслер бидејќи после Пирло кој си замина и да немаат таков играч кој ќе знае да сврзува акции и да дели асистенции.
Ок,можеби Погба ќе ја има таа улога оваа сезона,но го нема искуството и прегледноста на играта што ја имаше Пирло.
Кедира мислам дека нема да може ни 20% да го замени Видал.

Интер одлично работи овој преоден рок.Одбраната делува моќно за во Серија А со оглед на тоа што Интер сезонава не игра во Европа.Има едно гајле помалку и сите сили ќе ги насочи кон борбата за скудетото.
Сантон-Мурило-Миранда-нов лев бек би била одбраната во поголемиот дел од сезоната,додека пак средниот ред според мене ќе биде најмоќното оружје на Интер.
Кова-Кондобија-Броз надополнети со Икарди,Јојо и Перса делуваат многу моќно на хартија.Останува уште Манчини да ги среди коцките,да си купи муда и да почне да игра машки фудбал со напад и повеќе голови.

Ако ги среди коцките Манчини бидејќи екипата е правена строго по негов терк,не очекува интересна сезона во Серија А и конечно вмешување на Интер во посериозна борба за скудетото
Од кај заклучи брат дека делуваме раштимано а само една пријателска изигравме досега. Јуве нема да игра како ланските години оваа година менуваме стил на игра и се ориентираме кон 'по-европски' брз фудбал исто така и на брзи контри со брзи играчи кои би биле одлични техничари.

Што се однесува на позицијата на Пирло ќе ја игра Маркизио. Мислам дека многу луѓе тука го потценуваат Асамоа кој е ѕвер како CM и скоро сам ја држи средината на Гана и е одличен во напад со солиден дриблинг и техника и супер силен шут нешто многу слично на Видал, Асамоа е далеку од просечен фудбалер и сигурен сум дека на средина ќе го прекоманда Алегри барем се надевам.

Јас типувам на Наполи како доста силен противник кој ќе врши доста притисок, Интер мислам дека ќе се изгубат со Манчини до сред сезона.
 
пишав дека делува раштимано поради тоа што триото од лани,она најсилното си замина,а како нивни замени се доведени Кедира и Манџо.Кедира ни приближно не може да биде на нивото на Видал,а Манџо е светлосни години зад Тевез во секој поглед на фудбалската игра.
Ова ако не делува раштимано не знам што би делувало.
Маркизо сепак нема да може да го замени она што Пирло го правеше минатата сезона и сезоните од кога е во Јуве.Пак ќе кажам,никој од моменталниот ростер играчи од среден ред што ги поседувате ја нема онаа визија и прегледност на играта што ја имаше Пирло.Оние прецизни пасови како со рака дадени кон соиграчите.
Ќе видиме,останува да заврши сезоната и на крај ќе ги сумираме сметките.Јас мислам дека оваа година ќе биде многу тешко да ја одбраните титулата бидејќи има премногу кандидати почнувајќи од Наполи како секогаш заебан противник,но кој никогаш не знаел да одигра против малите екипи.
ќе видиме оваа сезона како новиот тренер ќе ја среди екипата.Во Емполи одлична работа заврши и Емполи играа одличен фудбал оваа сезона.
После Наполи,за мене фаворит е Интер,но единствен минус кој би ја спречил екипата да напредува е самиот Манчини и неговиот пичкарски менталитет.Ќе видиме дали го променил тоа.
Рома ако испазари добро до крајот на преодниот рок ќе биде пред Интер како фаворит за титулата бидејќи имаат повоиграна екипа со играчи кои се познаваат меѓусебно.

Како што реков,останува да видиме на крајот на сезоната што ќе биде.
Едно е сигурно,Серија А полека го враќа стариот сјај,оној што го имаше пред десетина години кога одвај се чекаше да се почне новата сезона.
 
Проблемот во постот е тоа што Јуве нема да игра како лани ни блиску, а Пирло лани беше очаен одигра 4-5 утакмици на ниво другите сите беа под нивото на просечен Серија А играч, ај можи претерав али на ниво на добар играч не на она посбеното.

Тимот со Маркизио не прими гол 14 утакмици ако не се лажам и делувавме непробојни во одбраната. Маркизио лани според сите спортски статистики и агенции беше најконстантен средишен играч на неговата позиција во светот.

Манџу не е профил на Тевез али затоа во новиот стил е оној профил на убиец кој ни треба. Кедира до пред година тука 102 % го рачунаа подобар од Видал и светска класа играч а Видал беше само добар играч :D Кедира во форма е светска класа средишен играч само дали ќе ја врати тоа ќе видиме. Манџу во поглед на завршниа, скок игра и тероризирање/тепање со дефанзивци е класа играч во БМ беше еден од клучните за ЛШ.

Од Дибала се очекува многу но средниот ред е далекуу од ослабен плус на сето ова додади го Перејра кој имаше одлична сезона и покрај ограничената минутажа баш кога се разигра го седнаа на клупа, чоекот има ненормален потенцијал и кгоа го немаше видал повеќе од одлично го замени па дури и во напад (оној дриблинг, пас игра, и тероризирање на одбрани) изигра подобро од Видал, едноставно не се забележа дека фали Видал кога тој играше.

Додади го Стураро кој е ѕверотиња од млад играч, против Дортмунд кога тој влезе намесото на Тељо средината (на пријателската)доби на цврстина и почна Јуве да притиска, да не споменувам техника и шут.

Аасамоа на крај е шлаг на тортата ако игра на средина.

Прашањето е како тој нов стил ќе се одрази врз овој Јуве но јас верувам дека и те како ќе има позитивен одраз :)

За крај Интер не ми делува сеуште како конкурент мислам дека ќе разочараат и оваа година такво чуство добивам.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.613
Поени од реакции
59.418
Шта речи коју поруку послати...

Што се однесува до МОИТЕ, очекувањата ми се многу поголеми од оние од минатата сезона. Титула можеби е премногу, но реално до ЛШ може да се стигне.
Јоветиќ, Кондогбиа, Миранда... одлични засилувања за секој дел од теренот. Ќе внесат промена во тимот.

Велам "моите". Слабо ви учестувам во дискусиите, можеби не знаете, но и јас сум фан на Интер :D Како дете првиот дрес што ми го купија беше од Виери (некаде 1999-2000 година), ме убедија дека е убав (пошто црно-плав и поретко ќе оди на перење) :icon_mrgr:
Али за година или две пошто ми стана мал, дојде време за нов дрес и си купив од Реал, од Фиго и од тогаш до ден денес сум фан и на Реал (Интер не ги заборавив). После тоа Фиго отиде во Интер. Од една страна ми беше жал најомилениот играч го напушта најомилениот клуб, но утеха ми беше што ќе оди баш во Интер. Тој период скоро и да не пропуштав натпревар на Интер... јас слободен, без обврси, тогаш Сериа А даваа редовно на Телма и сабота/недела обавезно пред ТВ минував :D

Него, зацепав со оф-топик јас...
Да се вратам на темата. Подобрување очекувам и кај Милан. Доведоа двајца напаѓачи од висока класа, кои можат да го однесат Милан до некое од европските натпреварувања.
Кај Лацио, Рома, Наполи, Фиорентина и не гледам некој напредок... може да паднат некое место подоле во однос на ланската сезона.
Јувентус и покрај тоа што останаа без некои од клучните играчи (Пирло, Видал, Тевез), повторно се најсериозни кандидати за титула.
Победникот и не е толку тешко да се прогнозира, но местата кои водат во Европа кои ќе ги пополни ? Ќе биде вистинска битка тоа меѓу погоре споменатите тимови.
За испаѓање што знам... Емполи, Карпи, Киево, Фросиноне, Болоња...
Ај нека заврши трансфер периодот. Еден трансфер може многу да смени :)

Еве ви еден добар детален преглед на трансферите во Сериа А
http://int.soccerway.com/national/italy/serie-a/20152016/regular-season/r31554/transfers/?ICID=PL_3N_05
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.412
Поени од реакции
28.622
Како долгогодишен навивач на Милан,сезонава гласав за титула за градскиве ривали под услов сите засилувања да одиграат барем 50 % од тоа што го играа лани во екипите (а Јоветиќ да се врати на деновите од Фиорентина). Јуве тешко дека на 10+ кола до крај ке земе титула, а и Погба ако си отиде тогаш може да се среќни и со место за ЛШ .
Моиве супер се појачаа у напад ама треба да земат и барем 1 или 2-ца играчи за во одбрана зашто нападот нема да може на секоја утакмица да дава повеќе голови од шо ке прими.
Рома би требало да ја повтори сезоната од лани зошто со едно единстврно засилување тешко дека може да се борат за титула.
п.с
први 4 според мене ке бидат Интер,Јуве,Рома - Милан за трето место.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Јувентус сигурно ке донеси замена за Видал ,јас лично се надевам дека ке биде Дракслер......
Луге кој не го следат Јувентус често мислат дека заминувањето на Пирло и Видал нанело ненадоместливи фудбалери кој не може да се заменат ....и ке беа во право доколку го напишеа минатата година но ова и Пирло и но и пред се Видал не беа на тоа ниво до 2-3 сезони .
Видал зимото направи тепачка во нокен клуб ,а пред 1 месец во екот на Копа Америка пиан се удри со неговото ферари и стана јасно дека почнува да го глочкаат милионите и да не е толку фокусиран на фудбалот .Јувентус беше право време да го продади бидејки после 1 година би имал 1 година од договорот и не би вредел повке од 20 милиони евра.
На тоа место минатата година достојно дури и подобро изигра Переира кој си обезбеди и место во Аргентинската репрезентација .
Загубата на Тевез е највоочлива бидејки беше во топ 3 фудбалери на Јувентус за минатата година но на тоа емсто се земаа дури 3 надежни и квалитетни играчи .Манџукиџ ,Дибала ,Заза кој барем еден ке се погоди ако не сите .
Во средината се зема Кедира кој е светски шампион и пак ке блесни а и има уште многу фудбал во негците нозе .
Во одбраната не се продади никој од стандарните значи сите се тука засилени со Ругани кој е еден од најнадежните малди штопери и за кој Наполи нуди 22 милиони евра кој без размислување беа одбиени .
Оваа година до ден денеска се појачија и Рома,Наполи но пред се Интер и Милан и секако очекувам понеизвесна сезона ,но сепак најголем фаворит е Јувентус .
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.313
Поени од реакции
3.372
Јувентус и Рома ќе водат мртва трка за скудетото..
Салах пристигнува денеска, после него Рома комплетно се фокусира на Џеко и Мусаку од Олимпијакос левиот бек.. Шчесни ни е на голот а Фалке освежување во средниот ред.. Рома е засилена и со враќањето на Кастан на кој ќе му се придружи и Стротман во Октомври месец..
Сега или никогаш, ФОРЦА РОМА!!
 
Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Абе ајде педерски работи,за кој мој се лобираше за Касител да ја отвори темата,ее џаган корумпиран бе,ја да сум ко него цела година ќе ја бојкотирам темава:D
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.667
Поени од реакции
88.548
Јувентус - Нема да ме чуди ако не ја освои титулата во новата година. Не е толку заради тоа што си заминаа Видал, Пирло и Тевез, туку заради премногу младите играчи кои ги купивме.... може една сезона да оди во неповрат додека да соберат децава искуство. Најмногу во играта ќе фали Тевез кој беше алфа и омега во нападот предходниве години, додека за Пирло и Видал нема толку да се осети нивното заминување. Првиов беше цело време повреден минатата сезона, и повеќето од натпреварите ги играа без него, додека за Видал формата си ја поврати негде крајот на Март (во вистинско време), али сепак скоро цела сезона ја играше ко курназ. Сезонава Алегри ќе менува повеќе формации, па ќе видиме како ќе ги издиригира новите играчи. Се разбира сакам да ме демантираат за тоа што го пишав погоре на почетокот :love:

Рома - Оваа година ми е најсериозен конкурент за титулата, ги земаа Салах, Шчезни и најверојатно Џеко... тоа што најмногу им требаше во екипата. Одбраната сметам дека сеуште им е за никаде, ама за Италијански услови е повеќе од солидна. Ако дојдат до скудетото тоа ќе биде заради нападот, кој им делува страшно.... а Тоти кој го паси и онака неможе човекот 30 минути да издржи на терен :kezec:

Интер - Најмногу се засилија овој трансфер период, ама сељакон на клупа никако да го сменат... тој е Ахиловата тетива во тимот, он ќе ги заеби до немајкаде. Искрено и Интер имаат тим за скудето, не играат нигде во Европа, ама Манчини ќе ги доутепа. Ќе го сменат на сред сезона, ќе назначат нов тренер и додека да се навикнат играчите на новите филозофии, ќе заврши сезоната :LOL:. Ќе се борат тие за влез во ЛШ, максимум 3 место за нив годинава.

Милан - Го подобрија ептен нападот, ама овој тим сеуште треба да се надоградува. Ако останат на овие играчи тешко дека ќе можат да се натпреваруваат со останатите екипи. За Милан нема ништо да коментирам, ќе чекам до почетокот на Септември да видам што друго ќе изнакупат со тие фамозни 100 милиони од Мистер Би.

Наполи - ми се енигма сезована. Не им го знам теренот и незнам со што квалитети располага. Инаку добро се засилија, го вратија Реина, го земаа Алан од Удинезе кој го бараше цела Италија, тука е Ел Кадури кој настапуваше во Торино и беше еден од главните играчи за Биковите, а по се изгледа ќе го земат и Шиме Вршаљко (Јуве беа заинтересирани за овој). Ако добро им тргне сезоната, ќе се борат за влез во ЛШ

Лацио - Овие ако не купат нешто до крајов на трансфер периодов, црно им се пишува. Не дека не земаа ништо, ама сметам дека оние играчи не се доволно квалитетни за да се носат на три фронта (ЛШ, Серија А, Купот) И за Лацио ќе почекам малце додека да заврши трансфер пазарот... доброто е што не продадоа нитуеден клучен играч, значи го задржаа костурот на тимот

Фиорентина - И овие ептен слабо, скоро и ништо да не купија освен Суарез од Атлетико Мадрид. За Соса незнам што тренер е, и што местенки правел таму во Базел. Нападот ќе им е ептен ослабен, планираат да ги шитнат Гомез и Џилардињо, додека вчера прочитав дека Роси пак се повредил :вонзем:. Видоа минатата година дека ептен тешко се игра на секои 3 дена, и пак не купија нешто асално... Изгледа ќе си останат само на ЛЕ

За испаѓање што знам... Емполи, Карпи, Киево, Фросиноне, Болоња...
Еј, ај оди навивај за Реал, или сврти ја Вајс Сити уште еднаш:uzi: . Болоња нема шанси да испаднат сезонава, додека за Киево си е стандард 15, 16 место и потоа ќе се влечкаат до крај на сезона. Фросиноне, Аталанта и уште некој ќе испаднат од лига
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
Јувентус нема да биде убедлив како изминативе сезони али сметам дека имаат за 2 класи поквалиетен тим од сите други екипи, како единствен конкурент се Рома, имаат уиграно екипче, си купија јак голман, Салах, ете и најверојатно Џеко. Интер се засилија солидно, ако им биде здрав Јојо и да си ја врати формата , со ваков Икарди, Кондо и Кова во форма завршуваат топ 3 гарант. Милан само напаѓачи инакупи, ако не земе двајца јаки стопери еден класа CM ништо не праат, башка ептен не организирано ми делуваат попара е нема никаква концепција во тимов. Лацио и Наполи ми се енигма, Фиорентина нема да ме чуди за опстанок да се борат:D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.891
Поени од реакции
116.217
Јувентус изгуби 3 клучни првотимци! Ова е многу битна работа кога е во прашање актуелниот шампион и очекувањата за новата сезона. Значи да не се разбереме погрешно, по мене пак се први фаворити без никакви дилеми, но да бидам искрен не очекувам некоја брутална доминација од нивна страна, а во зависност од некои нешта можеби и да не ја одбранат титулата, не се знае. Потсетете се лани колку бодови им донесе Тевез со своите индивидуални потези, па и Пирло реши 2 или 3 утакмици ако не се лажам, така да од овој аспект Јувентус ќе биде значително ослабен. Ги донесоа Кедира и Дибала, првиот нема асален фудбал заиграно 1000 години, а вториот е еден од најдобрите таленти моментално на Апенините. Но, ова е прв пат за Дибала да настапува во голем клуб така да ќе видиме како ќе се снајде. Муабетот ми е дека не се покрија баш асално до сега на позициите на кои ги загубија гореспоменатите играчи.

Од Интер очекувам многу оваа сезона. Под многу подразбирам пласман во ЛШ и уз сплет на доста околности можеби и борба за титула, али ова ќе иде малце потешко. Али ЛШ МОРА, значи МООООООООООРА да се обезбеди без никакви изговори. Вложено е доста до сега, ќе се купуваат и Мело и Перишиќ веројатно, така да тимов ќе е осетно подобар од претходната година. Оваа сезона очекувам да експлодираат Матео Ковачич и Мауро Икарди. Првиот веќе игра фантастично и на пријателските...

Милан тешко да направи нешто, не ја склопија екипата доволно, но секако има уште време до крајот на преодниот рок така да може да ги оставиме прогнозите за крајот на август.

Како и да е, Форца Интер, Јуве местачи и ондак то.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom