Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јувентус - Нема да ме чуди ако не ја освои титулата во новата година. Не е толку заради тоа што си заминаа Видал, Пирло и Тевез, туку заради премногу младите играчи кои ги купивме.... може една сезона да оди во неповрат додека да соберат децава искуство. Најмногу во играта ќе фали Тевез кој беше алфа и омега во нападот предходниве години, додека за Пирло и Видал нема толку да се осети нивното заминување. Првиов беше цело време повреден минатата сезона, и повеќето од натпреварите ги играа без него, додека за Видал формата си ја поврати негде крајот на Март (во вистинско време), али сепак скоро цела сезона ја играше ко курназ. Сезонава Алегри ќе менува повеќе формации, па ќе видиме како ќе ги издиригира новите играчи. Се разбира сакам да ме демантираат за тоа што го пишав погоре на почетокот
Рома - Оваа година ми е најсериозен конкурент за титулата, ги земаа Салах, Шчезни и најверојатно Џеко... тоа што најмногу им требаше во екипата. Одбраната сметам дека сеуште им е за никаде, ама за Италијански услови е повеќе од солидна. Ако дојдат до скудетото тоа ќе биде заради нападот, кој им делува страшно.... а Тоти кој го паси и онака неможе човекот 30 минути да издржи на терен
Интер - Најмногу се засилија овој трансфер период, ама сељакон на клупа никако да го сменат... тој е Ахиловата тетива во тимот, он ќе ги заеби до немајкаде. Искрено и Интер имаат тим за скудето, не играат нигде во Европа, ама Манчини ќе ги доутепа. Ќе го сменат на сред сезона, ќе назначат нов тренер и додека да се навикнат играчите на новите филозофии, ќе заврши сезоната. Ќе се борат тие за влез во ЛШ, максимум 3 место за нив годинава.
Милан - Го подобрија ептен нападот, ама овој тим сеуште треба да се надоградува. Ако останат на овие играчи тешко дека ќе можат да се натпреваруваат со останатите екипи. За Милан нема ништо да коментирам, ќе чекам до почетокот на Септември да видам што друго ќе изнакупат со тие фамозни 100 милиони од Мистер Би.
Наполи - ми се енигма сезована. Не им го знам теренот и незнам со што квалитети располага. Инаку добро се засилија, го вратија Реина, го земаа Алан од Удинезе кој го бараше цела Италија, тука е Ел Кадури кој настапуваше во Торино и беше еден од главните играчи за Биковите, а по се изгледа ќе го земат и Шиме Вршаљко (Јуве беа заинтересирани за овој). Ако добро им тргне сезоната, ќе се борат за влез во ЛШ
Лацио - Овие ако не купат нешто до крајов на трансфер периодов, црно им се пишува. Не дека не земаа ништо, ама сметам дека оние играчи не се доволно квалитетни за да се носат на три фронта (ЛШ, Серија А, Купот) И за Лацио ќе почекам малце додека да заврши трансфер пазарот... доброто е што не продадоа нитуеден клучен играч, значи го задржаа костурот на тимот
Фиорентина - И овие ептен слабо, скоро и ништо да не купија освен Суарез од Атлетико Мадрид. За Соса незнам што тренер е, и што местенки правел таму во Базел. Нападот ќе им е ептен ослабен, планираат да ги шитнат Гомез и Џилардињо, додека вчера прочитав дека Роси пак се повредил. Видоа минатата година дека ептен тешко се игра на секои 3 дена, и пак не купија нешто асално... Изгледа ќе си останат само на ЛЕ
Еј, ај оди навивај за Реал, или сврти ја Вајс Сити уште еднаш. Болоња нема шанси да испаднат сезонава, додека за Киево си е стандард 15, 16 место и потоа ќе се влечкаат до крај на сезона. Фросиноне, Аталанта и уште некој ќе испаднат од лига
Дека пратам Серија А повеќе од тебе...![]()
tretata gi shitnaa, vtorata go imase Ibra vo tim ali ne osvoi titula, jedini trener na koj mu uspealo toa so Ibra u tim.Ама сте го потцениле Манчини божем станува збор за Никола Илиевски-Џиџи ебаго.
Ај баш да го видиме и суперталентираниот најбољи млад тренер у Италија, Алегри што ќе напраи у втората сезона. Во неговата прва во Милан си освои титула арно ама во втората му ги шитнаа Ибра и Силва и се деси тоа што се деси.
@Boom Shaka Lakka ти што ќе кажеш за тимовите и кој за што ќе се бори ?
Остај ги овие погоре,боранија се со текстовите,дај ти пиши еден подолг текст за секоја екипа одделно и ќе го пратиме текстот во Моцарт да го објават на сајтот нивни.
Што поголем текст толку подобро пошо иам спремно ладен чај,бостан и диња да гнетам додека те читам![]()
Чекам да видам Рома што ќе испазарат за да знам дали да ги ставам како фаворити пред Јуве во текстот(колумната)@Boom Shaka Lakka ти што ќе кажеш за тимовите и кој за што ќе се бори ?
Остај ги овие погоре,боранија се со текстовите,дај ти пиши еден подолг текст за секоја екипа одделно и ќе го пратиме текстот во Моцарт да го објават на сајтот нивни.
Што поголем текст толку подобро пошо иам спремно ладен чај,бостан и диња да гнетам додека те читам![]()