Oд каде доаѓа потребата за ад хоминем напади врз спомнатите во емисијата погоре, и на кој му сметаат дискусии и размислување за интересите на Македонија?
Дали градењето на гасоводот и користењето на рускиот гас е штетен за Македонија, или само за САД и нивните сателити ЕУ (и други)?
Одговорите на овие две прашања се поврзани. Пропагандата против гасоводот е очигледна. Бугариве дури и на наши форуми се пенават од убедување дека поевтин гас имаат преку Украина, одколку од директен гасовод (и субвенцирана цена на гасот, и пари од транзит). Дали себеси се убедуваат, или извршуваат нечија агенда за пропаганда - само тие самите си знаат.
Народот треба да е свесен за енергетските (и други) опции на Македонија, и да ги направи свесни за таа своја свесност и политичарите (кои со гласови од истиот тој електорат се дојдени на власт). Зошто ако едни политичари не работат на очигледните
македонски интереси во врска со изградбата на гасоводот (и експолатацијата на рускиот гас), тогаш некои други политичари ќе имаат можност на тоа место политички да поентираат... а извесно е дека
избори се ближат.
Впрочем @
Inglourious Basterd ако бугаров ти лајка постови, самото тоа ти зборува дека и ти нешто не си на прав колосек со размислувањава.
Интересите на нацијата секогаш мора да бидат најважни. Дури и ако се спротиставени со ставовите на партиите или политичарите (кои моментално се на власт).