Интересното во серијата е тоа што сите што сметаат дека полагаат право на тронот всушност и имаат некакво право. Без разлика дали е Таргеријан или Баратеон. И Калиси има право, Ренли исто така (пред да умре нормално), Станис, Серси како кралица и нејзините деца како наследници. Друго што е интересно е дека сите ликови имаат оправдување за тоа што го прават. За Red Wedding, Роб Старк прекрши ветување за венчавка. Нормално дека таткото на невестата ќе се сврти против него, сепак се работи за честа. Колку и да ни беше криво, тоа е тоа. Тоа што Тајвин го осуди Тирион на смрт, затоа што сметаше дека Тирион го убил Џофри. На крај краева дури и Night Watch и Оли имаа право што го убија Џон. Сноу прекрши многу правила додека беше таму. А тие функционирале векови според правила. Дивјаците му го убија цело семејство на Оли и го запалија цело село, а сега Џон ќе ги спасува и ќе ги носи зад Ѕидот. Кај Night Watch, кои се бореле со нив исто така со години. Така да и Оли има оправдување. Тие што се бореле со дивјаците поинаку гледаат на тоа, отколку Џон Сноу. Тој смета дека има право, меѓутоа премногу ги кршеше правилата. Резултатот на тоа е смрт.