Roland Garros 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan-kobe
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде победник на Ролан Гарос 2015?

  • Вкупно гласачи
    97
Статус
Затворена за нови мислења.
Ноле стварно многу го има подобрено сервисот во однос на порано, а неговиот дворачен бекенд е меѓу најдобрите во светот, веројатно и најдобар. Али не знам како да го окарактеризирам тој удар, најпре би рекол константен, али не е спектакуларен, ко бекендот на Вавринка, ко форхендот на Надал и Федерер...

Новак денес ги губеше размените на бекенд дијагонали против еднорачниот бекенд на Вавринка. Дворачниот бекенд по дефиниција треба да биде постабилен од еднорачниот, иако со еднорачниот се креира повеќе агол. За мене најдобар дворачен бекенд од офанзивен аспект има Нишикори.
 
Нино, Бањац је дно дна, жив срам, срам за човештвото, на страна тоа што е Србин. Човекот нема елементарни познавања од тенисот, тресе глупости цело време, а тука кога ќе ја додадеш националната наклонетост го добиваш еден од најмизерните коментатори на сите времиња. Бањац е рак за уши, жива среќа имам опција на телевизорот да менувам аудио преводи па си сменив на англиски коментатор, Матс Виландер, уживање е да се слуша човекот, голем тениски познавач е.
Тоа е од Ртс или од Еуроспорт?веројатно е оној вториот,па затоа реков исто ко Игорче наш е.Секој потег на противникот е среќа,а од Ноле знаење.Али мојов пост е реалната слика кога игра Ноле,увек хејтот е присутен на нетов.
 
Новак денес ги губеше размените на бекенд дијагонали против еднорачниот бекенд на Вавринка. Дворачниот бекенд по дефиниција треба да биде постабилен од еднорачниот, иако со еднорачниот се креира повеќе агол. За мене најдобар дворачен бекенд од офанзивен аспект има Нишикори.
И за мене, ама ќути јер ќе не потепаат многу луѓе тука. :icon_lol:
Кога сме кај него, тотално сум разочаран. Навистина не очекував од Цонга да изгуби... Инаку Нишикори кога е во елемент игра спектакуларно и буквално е рај за очи. Нешто налик Вавринка.

П.с. Може ќе мислите дека сум нездрав ама за мене исто така Паире има еден од подобрите дворачни бекенди во светот, на страна тоа што е ментален и може да изгуби од било кого. Он може да одигра што сака со бекендот, и удар од скок, и рано фаќање на топчето, и кратка спин дијагонала, и рамна паралела, буквално СЕ![DOUBLEPOST=1433716120][/DOUBLEPOST]
Тоа е од Ртс или од Еуроспорт?веројатно е оној вториот,па затоа реков исто ко Игорче наш е.Секој потег на противникот е среќа,а од Ноле знаење.Али мојов пост е реалната слика кога игра Ноле,увек хејтот е присутен на нетов.
Тој тој, дегенот. :D
 
Реално многу е паднат подфорумов во последно време. Порано одевме до ваква бројка на страни на мастерсите, Грен Слемовите барем дупло повеќе од ова. Можеби падот на Надал и доминацијата на Ноле последниов период е причина за тоа, бидејќи Мареј нема кој знае колку фанови, а од Роџер веќе никој не очекува ништо посебно...па нема кој со кој да се јадат...

Поставувањето на @Red John за модератор е причината за тоа. :ban:
 
Честито на Стен, беше секако подобар противник денес. Ако го задржи ова ниво и на Вимблдон има добри шанси и таму. Ама не знам што да мислам и лани победи на АО па после на РГ испадна во 1во коло. Стен 2/2 во ГС финалињата ко би реко :D
Ноле можеше доста поагресивно да изигра денес, не напаѓаше кога имаше шанси а реално има можности за тоа. Не за да го надјача Стен во офанзивата ама сепак. Нема лесни поени на прв сервис и тоа е тоа. И ја би се сложил дека тоа со публиката беше малце иронија ама ајде. Не знам со што го заслужил тоа публиката да не биде баш на негова страна (поготово кога се обидува конечно да освои РГ..). За наредните турнири мислам не, ама мислам ова може психички да му влијае за наредниот РГ.

А за српските коментатори не е само пристрасноста туку и тоа што суштински не ги коментираат поените, потезите и причините. Сјајно, 15-15 и слично не е прав коментар. Од англиските може и да се научи многу
 
зошто сите наваливте околу тоа дека ова беше шанса Ѓоковиќ да ги комплетира грен слем турнирите а никој не спомна дека Вавринка има шанса да го оствари тоа дури и пред ноле во текот на оваа сезона секако доколку триумфира и на Вимблдон и на отвореното првенство на САД.
 
Поставувањето на @Red John за модератор е причината за тоа. :ban:
И мене ми се вртеше тоа низ глава, ама ете сум почнал да филозофирам малце, па сум подзаборавил. :D
 
Новак денес ги губеше размените на бекенд дијагонали против еднорачниот бекенд на Вавринка. Дворачниот бекенд по дефиниција треба да биде постабилен од еднорачниот, иако со еднорачниот се креира повеќе агол. За мене најдобар дворачен бекенд од офанзивен аспект има Нишикори.
ne , Novak denes gubeshe oti nemashe sila (ili pogreshen game plan) da igra ramni i posilni udari i pipmpashe so balon spinovi cekajki greshki od Vava, a toa ne se sluchi , Vava denes se pogoduvashe. Vistinskiot Vava denes ke imashe duplo povekje neiznudeni , frustracii i ke beshe mnogu poranliv. Deneshniot Vava vekje ne postoi , toa beshe denes i nikogash povekje. Za nedela dena ke ne mozesh da go prepoznaesh na trevata. E aj sega i ja ke si igram doktor Frankestajn:
od ofanziven aspekt najdobar behend Fed, od defanziven aspekt najdobar Djovak, ofanziven aspekt forhend Nadal , defanziven Nadal , slajs defanzive Lopez , slajs ofanziven Fed, servis ofanziven Isner , servis tehnicki Djovak , da tropam li gluposti ponatamu ili da go kreiram Frankestajn ponatamu. Da vi ibam aspektite i filozofiranja prazni
 
@Stefan-kobe, немој така да велиш за Виландер, оти овде фановиве на Новак ќе те распнат на крст, пошто многу против него зборувал. :)
Се согласувам за Пер, и јас мислам дека има одличен бекхенд е тоа што е шупелка во главата е сосема друга приказна.
 
зошто сите наваливте околу тоа дека ова беше шанса Ѓоковиќ да ги комплетира грен слем турнирите а никој не спомна дека Вавринка има шанса да го оствари тоа дури и пред ноле во текот на оваа сезона секако доколку триумфира и на Вимблдон и на отвореното првенство на САД.

Вавринка ќе го освои Вимблдон. :pos::pos::pos:

Ова е виц на денот. Вавринка е комичен на трева. Неговата градба го прави незграпен, смотан на трева. Јас кога го гледам на Вимблдон цело време имам чуство деке ќе падне и ќе се отепа.
 
Aбе и Иван Лендл да се врати сеа од пензија ќе има шанса пред Ноле да ги комплетира, во случај да победи на Вимблдон. Ама џабе би се враќал, кога во никој случај не би го освоил, како што нема теорија Вавринка да освои 3 ГС титули во една година.
 
зошто сите наваливте околу тоа дека ова беше шанса Ѓоковиќ да ги комплетира грен слем турнирите а никој не спомна дека Вавринка има шанса да го оствари тоа дури и пред ноле во текот на оваа сезона секако доколку триумфира и на Вимблдон и на отвореното првенство на САД.
Можеби затоа што Ѓоковиќ е број еден на АТП листата и освои се живо од АО наваму?

Инаку, нема добри српски коментатори; од регионов најдобри се Бугарите.
 
Вавринка ќе го освои Вимблдон. :pos::pos::pos:

Ова е виц на денот. Вавринка е комичен на трева. Неговата градба го прави незграпен, смотан на трева. Јас кога го гледам на Вимблдон цело време имам чуство деке ќе падне и ќе се отепа.

како ке го објасниш фактот што кажува дека најдобар резултат на Вавринка на РГ пред да го освои било четврт финале кое е исто така најдобар досегашен пласман на Вимблдон ... на Ју Ес Оупен имам полуфинале ...
 
Никот му е муле бе Ставро, аман и ти. :D

Иначе технички Новак никако нема подобар сервис од Федерер, никако.

П.с. Вавринка на трева нема шанси да освои Слем. Него земјата највеќе му одговара затоа што има време да се намести за ударите. Денес во првиот сет кога го изеде брејкот направи неколку очајни грешки, поради тоа што лошо се намести на ударите. На трева времето за реакција е многу помало од она на земја, башка топчето отскокнува многу ниско.
 
како ке го објасниш фактот што кажува дека најдобар резултат на Вавринка на РГ пред да го освои било четврт финале кое е исто така најдобар досегашен пласман на Вимблдон ... на Ју Ес Оупен имам полуфинале ...

Не, како ти ќе го објасниш фактот дека Вавринка нема освоено турнир на трева во животот, а пред РГ на земја го има освоено и Монте Карло?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom