Roland Garros 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan-kobe
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде победник на Ролан Гарос 2015?


  • Вкупно гласачи
    97
Статус
Затворена за нови мислења.
не е точно дека е првенствено наменет за Србија. Каналот си има локална лиценца и се останато. Тоа што коментарите им се пристрасна бљувотина која освен срби друг никој не сака да ја слуша тоа е друг проблем.

Пред неколку години Џокович играше против Сепи на РГ и губеше 0-2 во сетови. Е тоа беше бљувотина од коментар. Секоја топка на линија на Сепи беше коментирана во стилот Италијан има пуно срече, колико срече за Сепија, а секоја топка на линија удрена од Џокович беше каква мајсторија Џоковича. На крајот го изгледав преносот на mute.
 
И јас се сложувам со членовите кои го делат мислењето дека ESP Serbia е наменет и за други земји освен Србија. Овој канал покрај во Македонија го гледаат и во Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина. Значи никоја држава од Ex-Yu нема свои коментатори, сите имаат од српскиот.
Е сега рачунајте играат Ѓоковиќ со Чориќ и мајсторот Церонја меронја кои ли се не ме интересира да јаде бурек " колико срече је имао Борна " , " сјајно Ноле ", а буквално си нема врска ударот на Ѓоковиќ и многу често знаат да бидат нереални, едноставно заслепени. На РТС нека си скокаат, нека си вриштат, никој нема потреба да гледа таму, тоа е национална телевизија на Србија, исто како што нема никој обврска да гледа кошарка на Сител кога игра Македонија. ;)
 
Вавринка во серија неколку одлични удари, ама не, "како се брани Ноле, СЈАЈНО" . Некои страшни винери на Вавринка и штама, може барем да се каже одличен удар на Вавринка или води 40:15, а не тишина од неколку секунди и "Џокович сервира"
 
не е точно дека е првенствено наменет за Србија. Каналот си има локална лиценца и се останато. Тоа што коментарите им се пристрасна бљувотина која освен срби друг никој не сака да ја слуша тоа е друг проблем.
снаваѓај се бе брат, имаш други извори за да гледаш тенис, стримови сс енглески коментар шта ја знам, само кажими Македонац да игра полуфинале или финале Роланд Гарос и коментатор да е Македонец рецимо на Еуроспорт и да е пристрасен, ке ти смета?
 
снаваѓај се бе брат, имаш други извори за да гледаш тенис, стримови сс енглески коментар шта ја знам, само кажими Македонац да игра полуфинале или финале Роланд Гарос и коментатор да е Македонец рецимо на Еуроспорт и да е пристрасен, ке ти смета?
Мене би ми сметало. Нема што да се величи нашиот ако не му оди или е послаб, нема што да се преќутуваат видливи и забележливи работи или па да се воздигнува дека е најдобар во историја, нешто што нашите соседи прават.
 
снаваѓај се бе брат, имаш други извори за да гледаш тенис, стримови сс енглески коментар шта ја знам, само кажими Македонац да игра полуфинале или финале Роланд Гарос и коментатор да е Македонец рецимо на Еуроспорт и да е пристрасен, ке ти смета?

Па нека ти текне колку ги пцуеме коментаторите што коментираат лига шампиони ракомет. Знали пристрасно коментирање е лошо коментирање. Ок е да си навива за својот, оправдано е и да завзема страна суптилно. Ама сјајно, фантастично, добро би било да Вавринка сад погреши е крајно непрофесионално и ушобол. Или она Федерер кога изјавува добро играв мечов а тикварот преведуе имао сам пуно срече. Ај фак оф:D
 
Свак со свој вкус, мене како Србин искрен да сум воопшто неми смета да го воздигнуваат Ноле или некој друг Српски спортист, еве ви кажувам и за Игорче дека ми беше симпатичен на кошарка, така да тоа е мое мислење и мислам дека сите спортски коментатори кога коментираат на меч каде игра нивен спортист или спортски колектив од нивна земја се пристрасни...
 
снаваѓај се бе брат, имаш други извори за да гледаш тенис, стримови сс енглески коментар шта ја знам, само кажими Македонац да игра полуфинале или финале Роланд Гарос и коментатор да е Македонец рецимо на Еуроспорт и да е пристрасен, ке ти смета?
види вака Србијанац, како што ти кажаа и погоре, да би ми сметало.
 
90% од Србите го мразат Бањац па сеа вие видете колку е асален.
 
И за мене, ама ќути јер ќе не потепаат многу луѓе тука. :icon_lol:
Кога сме кај него, тотално сум разочаран. Навистина не очекував од Цонга да изгуби... Инаку Нишикори кога е во елемент игра спектакуларно и буквално е рај за очи. Нешто налик Вавринка.

П.с. Може ќе мислите дека сум нездрав ама за мене исто така Паире има еден од подобрите дворачни бекенди во светот, на страна тоа што е ментален и може да изгуби од било кого. Он може да одигра што сака со бекендот, и удар од скок, и рано фаќање на топчето, и кратка спин дијагонала, и рамна паралела, буквално СЕ![DOUBLEPOST=1433716120][/DOUBLEPOST]
Тој тој, дегенот. :D



За Паире тотално си во право :D И незнам, дали го имаш приметено Флориан Мајер ист стил буквално како Паире, може да одигра што сака со бекхенд рамен удар, топ спин, дијагонала, паралела, дроп шот(со две раце :pos:) итн.
А од еднорачниве бекхенди, Вавринка 2 класи подобар од сите останати.Немој некој да го спомнал Гаске, Алмагро...а најмалку Федерер или Димитров.

Втора работа за публикава со овациите кон Џоковиќ не знам што се чудите, и лани истите овации ги имаше после поразот од Рафа, и аплауз на Рафа(како годинава на Стен) и солзите на Новак, буквално се истото.

Трето не го отпишувајте Стен за Вимблдон.Јасно е дека нема да има голем одскок топчето, ама овие сервиси од по 215 што му ги враќаше Ноле, на Вимблдон ќе ги видиш само на снимката.Лани 1/4 финале со Федерер, му го зема првиот сет, ама играњето 3 дена по ред го чинеше меч.Доколку го има некој гледано тој меч со Федерер, и искрено каже дека не беше ради уморот...нешто не е во ред со него.Последниот гем како пред очи ми текнува кога неможеше здив да земе.
 
Последно уредено:
Ако зборуваме реално, Федерер го има најдобриот еднорачен бекенд, без никакви дилеми. Вавринка го има најспектакуларниот, али Федерер најдобриот. Роџер може да креира буквално што ќе посака од својот бекенд и да го доведе противникот до лудило. Во неговиот прај овој удар беше ненормално оружје и со тоа ги излудуваше своите противници.
 
И главната причина за поразите од Рафа :) Единствено нешто во што е подобар неговиот бекхенд од тој на Стен е слајсот.Рамен удар игра 2,3 пати во меч, а и топ спиновите му се многу често кратки удари.Едноставно неможе во континуитет да удри 5,6 добри бекхенда без да се извлече на форхенд или да одигра слајс.Посебно извлекувањето(што кај Вавринка речиси и го нема) ти е факт колку се осеќа сигурно на бекхенд.
 
Рафа е само лош меч ап за него... Федерер може да изигра и рамен удар од бекенд, и топ спин дијагонала, и да ја микса играта со кратки и длабоки слајсови, и да изигра дроп шот... Прочитај каде сакаш, од сите врвни експерти, бекендот на Федерер, нарочито во неговиот прајм, е фантастичен удар. Нормално, кога го гледа човек Вавринка тоа не изгледа така затоа што он лупа со сета сила, али Федерер со бекендот го развлекува противникот и полека го отвара теренот, значи постепено го гради поенот.
 
Мислам дека не си во право ама нмв.Рамни удари игра само кога треба пасинг да изигра, зашто друга опција нема.А тоа дека го отвара теренот, не само што не го отвара, туку не ни може да влезе во размена на дијагонали против форхенд на левак, или пак во размена со некои од подобриве дворачни бекхенди, без да се извлече на форхенд.Тоа експертиве што го зборат, има голем удел рејтингот на Федерер, и едноставно е погледан.Иако во последно време голем е бројов на експерти(и Мекинро меѓу нив) што тврдат дека Вавринка има најдобар еднорачен бекхенд.За слајсот во право си.А за тоа дека лупа со цела сила, може лупа ама толку силен и рамен бекхенд Роџер и другиве кои играат еднорачен неможат да лупнат :D
 
Колку само златни шанси пропушта Ноле овие две години кога е несомнено број еден. На финалињата од гренд слемовиве е непрепознатлив. Со онаква форма досега требаше да биде двоцифрен во гренд слем титули, ама ментално е нула. Ќе биде штета ако не освои барем еден РГ.
Да беа Рафа/Федерер во формата во која што е Ноле моментално испод 3 гренд слема годишно не им бегаа.
Точно е дека Вавринка све погоди, ама олку доминантен Новак мораше и можеше да го притисне и да му го отежне секој можен удар, а не да го остава противникот да си лупа од кај стигне со сета сила надевајќи се дека ќе згреши.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom