- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 38.160
- Поени од реакции
- 107.609
Името на турнирот доаѓа од францускиот пилот кој учествувал во Првата Светска Војна, некогашен шампион во велосипедизам. Ова е еден и единствен Грен Слем турнир што се игра на земјена подлога, практично финале на сезоната на земја.
На почетокот турнирот бил од затворен карактер, резервиран само за француските играчи. Од 1925 година добива статус на отворен турнир, а од тогаш до ден денес само петорица домашни играчи стигнале до трофејот, од кои Јаник Ноа, инаку татко на познатиот НБА кошаркар Јоаким Ноа, е единствениот домашен играч со титула во Опен ерата. Анри Леконт е последниот домашен финлист на овој турнир, кој во 1988 година загуби од Матс Виландер во финалето. И жените не се нешто подобри од мажите. Мери Пирс е единствената дама од Франција која го освоила Ролан Гарос во Опен ерата, а воедно и последната домашна финалистка која во 2005 го загуби финалето од Жастин Енан во два сета.
Таа 2005 година ќе биде запаметена и по една друга работа, а таа работа е освојувањето на титулата од страна на Рафаел Надал, кој тогаш со своите 19 години успеа да ја освои својата прва Грен Слем титула и да ја најави својата доминација во тенисот. Во 1/2 финалето Рафа го доби Федерер со 3-1 во сетови и го најави походот кон титулата. Надал во финалето играше со Мариано Пуерта и беше подобар во 4 сета. Еве и хајлајтс од тој меч, за тие што сакаат да погледнат:
Од 2005 до ден денес, Надал има освоено 9 титули во Париз, а единствениот пораз го забележа во 2009 година од страна на Робин Содерлинг кој со своите монструозни форхенди успеа да го земе скалпот на Рафа и сега за сега е единствениот кој го направил тоа.
Овој пораз на Надал донесе нов шампион и после Фред Пери, Дон Баџ, Андре Агаси и Роџер Федерер ја комплетираше својата Грен Слем колекција.
Претходната сезона Надал го собори рекордот на Бјорн Борг од 4 последователни титули на Ролан Гарос и успеа да ја освои својата 5та последователна победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови.
Кај дамите Марија Шарапова во еден фантастичен меч успеа да ја победи Халеп во три сета и да ја запише својата втора титула во Париз.
Останува главното прашање: Дали ќе ја видиме популарната La Decima или ќе го видиме првиот освоен Ролан Гарос во витрините на Новак Ѓоковиќ, а со тоа и комплетирањето на кариерниот Слем? и уште неколку други: Дали Роџер Федерер по втор пат ќе го крене трофејот во Париз и ќе им ги затне устите на сите критичари за тоа дека е престар и дека му е време за пензија? Дали Енди Мареј може да се надмине себеси и да ја освои својата прва титула во Париз?
Уште едно мало инфо, ако Надал ја освои титулата оваа сезона ќе ја надмине Мартина Навратилова која исто како и него има 9 Грен Слем титули од еден ист турнир, поточно на Вимблдон, и со тоа ќе стане првиот играч и во машка и во женска конкуренција што освоил двоцифрен број на Грен Слем титули на еден ист турнир.
Мое лично мислење е дека Надал нема да ја освои титулата оваа година, ја нема потребната форма, прв пат доаѓа на Ролан Гарос без титула на европската земја, така да ќе биде многу тешко да се одбрани титулата. Надал ќе биде 7ми носител, а тоа значи дека ќе има и потежок ждреб. Според мене Новак Ѓоковиќ ќе слави оваа сезона.
Ждребот за квалификациите
Ждребот кај мажите
Ждребот кај жените
Квалификациите почнаа денес, моментално се играат мечевите, а ждребот за главниот турнир ќе биде на 22 мај, во петок.
Да уживаме во тениската магија следните две недели.

Последно уредено: