Desperate Housewives

  • Креатор на темата Креатор на темата I am a bitch
  • Време на започнување Време на започнување

Која Очајна домакинка ви се допаѓа најмногу?


  • Вкупно гласачи
    18
  • Гласањето е завршено на .
Ако до сега гледав Desperate Housewives од хоби и немање занимација, последнава сезона си ја изгледав мерачки. Црн хумор, сценарио како никогаш досега...и крајот, о крајот уште ме тресе. Не се фер што не оставија така да чекаме до есен.

Иначе, таа гуската Дејна Дилејни нека изјавува што сака, ама нема да го ќари Мајк. Ако некој го ќари него тоа ќе биде Сузан, а ако не Сузан тогаш има мене да ме убацат у серијата! :nenene: Ајде доста со пубертетлискиве изјави, убацете некој спојлер навака. :helou:
 
Спојлерот е убацен :pos2:

Шала настрана, колку и да ја сакаш Сузан и мразиш Кетрин, по се изгледа дека таа ќе го ќари Мајк.
Во последното интервју шо го гледав со Дејна Дилејни-Дана шо си ја викам јас, таа изјави дека таа не ја снимила последната сцена со свадбата, ама не ја снимила ни Сузан, туку некоја си таму е невестата од последната сцена :baeh:

Значи ни Марк не знае која е невестата :pos2::pos2::pos2:
зависи тоа од која е мразена повеќе, дали Сузан или Кетрин :vozbud::vozbud:
 
^Aбе л‘же ти викам. Мада многу би било досадно ако се ожени со Сузан, зашто ќе биде монотоно, без интрига. Ај ќе видиме. :)
 
Ама како што е Дана надарена за трачање, ни една од домаќинките не е:pos2::pos2:
Иако е во серијата само две сезони, досега во неколку наврати има окажано шо ке се деси у будуќност на серијата. Па затоа и Марк Чери, продуцентот на серијата, се досети и веќе ниедна од глумиците не знае што ке се случува, неколку дена пред снимањето на епизодата им го дава сценариото.

А за петава сезона си у право, иако знаев шо ке се деси со Дејв, Сузан и Мајк, сите други ликови имаа преинтересни случки.
Ама да бидам искрена, веќе серијата ја гледам повеќе заради Марша Крос, а не дека ми е ТОЛКУ МНОГУ интересна. Можеби и не требаше да почнам да го гледам Хаус :pos2::pos2:
(ама и јас сум си крива, многу ги читам спојлерите пред секоја епизода, знам шо ке се случи...)
Ај доста се жалев... дај кажете која сезона ви беше омилена, кој лик, која сторија....
Да се муабети нешто :vozbud:
 
Сега прочитав на една веб страна дека Очајни Домаќинки се прогласени за најгледана серија-комедија за 2008 година, со 65,3 милиони гледачи.
Браво за Марша, Ива, Фелисити, Дејна и Тери, а најмногу за Марк Чери!!!
 
Како што разбрав, од вторник на а1 почнува четвртата сезона.
Ќе биде интересно пак да се гледа :vozbud:
 
Gabriel e najdobra.Trista mazi smena :) Sepak mi e najomilen karakter.Mnogu e smesna :pos2:
 
Почна и новата сезона. Веќе очекувано сценарио, мораа и во сезонава да уфрлат нови комшии за да не биде монотоно со веќе постоечки ликови.
Линет и во оваа прва епизода се надмаши со хуморот и најмногу ми го задржа вниманието, останатите продолжија таму каде што застанаа :)
 
Почна и новата сезона. Веќе очекувано сценарио, мораа и во сезонава да уфрлат нови комшии за да не биде монотоно со веќе постоечки ликови.
Линет и во оваа прва епизода се надмаши со хуморот и најмногу ми го задржа вниманието, останатите продолжија таму каде што застанаа :)


"Дали маж ти има гради?"
"Не"
"Тогаш ти ќе бидеш единствениот бар во градот!"

:pos:
Линет Скаво rocks!
Ни Габи не беше помалку смешна кога се избаци во дискотека :pos:
Комедии се.
 
Како што разбрав, од вторник на а1 почнува четвртата сезона.
Ќе биде интересно пак да се гледа :vozbud:

Започнува 5та сезона е не четврта :)
Ги изгледав пред неколку месеци и да ви порачам не пропуштајте, дефинитивно најдобрата сезона на Очајни домаќинки. Феноменална сезона.

Јас вечерва ќе ги гледам првите две епизоди од 6тата сезона. Очекувам пресврти како и обично :pipi:
 
Да, иако со многубројните негативни критки за минатата сезона, мене ми е една од омилените (кога станува збор за хуморот) додека мистеријата признавам дека беше најлоша од сите сезони :pop: Дејв Вилијамс беше катастрофа :tapp:

По изгледаните две епизоди, шестава сезона ми ветува добра забава, плус и мистеријата е многу подобра од претходната :pipi: Едвај чекам понеделник да гледам (симнам):vozbud:
 
Во шестата сезона на популарните "Домаќинки" ситуацијата на улицата Вестериа Лејн ќе стане трагична. На славната улица ќе падне авион, а смртно ќе настрада некој од главните ликови.
Творецот на серијата Марк Шери ја зачини сезоната со брутална трагедија која ќе се случи на средината на сезоната, по која фановите на популарните дами од Вистериа ќе останат шокирани.
Иако Шери не сака да открие дали ќе преживеат Бри, Габриела, Сузан или Линет, тој потврди дека ќе загинат неколку ликови - вклучувајќи и "миленик на публиката".


domakjinka-zagina3.jpg


domakjinka-zagina1.jpg


Па несакам никој од главните ликови да умре :( Се надевам не е некоја од 4тирите домаќинки. Вајда некој маж е, претпоставувам.

Инаку 6тава сезона е одлична :vozbud:
 
Mиленик на публиката? Не верувам дека е маж, сигурно е една од домаќинките, инаку кој маж е толку миленик на публиката, не е нешто страшно и толку шокирачки ако умре Мајк, Орсон, Том...СИгурно е домаќинка:toe:
 
Mиленик на публиката? Не верувам дека е маж, сигурно е една од домаќинките, инаку кој маж е толку миленик на публиката, не е нешто страшно и толку шокирачки ако умре Мајк, Орсон, Том...СИгурно е домаќинка:toe:

Па не кажуваат маж или жена само главен лик, а тука се и мажите на домаќинките како главни ликови. Не верувам дека е некоја од домаќинките. Али ќе видиме.
Зашто мислиш дека мажите не се миленици? Мајк и Карлос јас си ги обожавам :)
А ако е од жените јас би за Сузан. Најдосадна ми е :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom