- Член од
- 17 март 2014
- Мислења
- 321
- Поени од реакции
- 478
- Возраст
- 53
Само воопшто не ми се допадна што The Lord of Bones заврши така глупаво. Тормунд требаше да јаде копје во глава поради потегот.
Така се одредува водството во клановите, главите на клановите се борат помеѓу себе и победникот го превзема кланот.
А што би направил Ремзи со 20 луѓе на отворено против цела армија, стварно не ми е јасно...
Да погине.
Најверојатно при ковањето на Валириски челик се користи и обсидиан (dragonglass), па затоа со меч од Валириски челик може да се убие White Walker.
Си видел некогаш челик да се легира со стакло ?? Има некои материјали кои не се спојливи.
Јас лично го споредувам обичниот челик во светот на мразот и огнот со ковано железо (помеко, покрто и потешко за обработување), додека валирискито челик како нашиот (во стварниот свет) челик, значи истиот материјал поинаку легиран и обработен.
И пошто дудуциве го изгубија целиот dragonglass што го имаа, сега стварно ќе треба да се обедини цел Вестерос за да се борат против овие. Или барем тие што имаат мечеви од Валириски челик. А покрај Џон Сноу, тоа се Бриен, Томен (ваљда на него му припадна Widow's Wail откако умре Џофри), ако не се лажам и Рендил Тарли. И не ми текнува кај кого е сега ножот на Литлфингер со кој требаше да биде убиен Бран. Дополнете ако има уште некој.
Од кај ти е идејата дека го изгубиле целиот обсидиан ?? Не е само Змејкамен извор на обсидијан, го има и на други места, само во помали количини. Шумските деца сигурно не го набавувале змаевото стакло од Змајкамен и потоа го обработувале.
Ама приметив волк на него, волкот на Старк
Волкот на Старк го изработија другарите на Сноу кога Мормонт му го даде мечот.
Чиста десетка, нема никаква дискусија.
После битката, која изгледаше грандиозно, многу добро е доловен впечатокот колку сите игри, интриги, сплетки на Серси, Бејлиш, Болтон, Варис и другите се безначајни кога на целиот континенет му се заканува опасност како Беливе мразовци, што не значи дека тој дел од серијата е лош, напротив тоа ја прави ГОТ најдобра но како ќе наближува крајот, епското во серијата ќе добива предност пред секојдневните мешаници во Вестерос.
Значи потврдено е дека најзначајни во моментов во целиот свет се мечовите од Валериски челик, островот на Станис (Драгонстоун), Денерис и нејзините змејови, тука е клучот.
Уште белите и шетачите да го решат проблемот како да го поминат ѕидот, бидејќи тој е изграден со помош на магија како брана за нив.
Причината зашо Џон го сјеба шетачот е пошо и обсидиан и валириски челик се ковани со помош на змејски оган.
Мечот не му е од Винтерфел , му го дае Џеор Мормонт.
Уште да ми објасниш како може стакло и тоа вулканско да се кова. Обсидијанот е стопена вулканска магма во облик на стакло кое го има и во нашиот реален свет. Една од причините зошто е толку остро е баш затоа што е стакло. Во светот на мразот и огнот посебно е важно тоа што вулканското стакло е скаменет вулкански оган, а огнот ги убива шетачите, а богами и белите.