Немаше шанси да не биде одлична епизода кога имавме толку многу сцени со Болтони. Сум ви кажал дека сцените во Винтерфел ми се апсолутен фаворит оваа сезона.
Во првите сезони секогаш кога имаше сцени во Винтерфел, имав некое чувство на сигурност, на топлина и семејна атмосфера, каква спротивнпост од сега, Винтрфел е толку сив, мрачен и депресивен. Цело време додека беа сцените со Миранда и Санса, со Ремзи и Теон, на вечерата, бев на штрек дека може нешто страшно да се случи, а таа бабата што и помага на Санса многу ми е creepy.
Валирија и камените луѓе исто беа маестрално изведени, магливо место, руини на античка цивилизација. Епизодата успева да предизвика чувство на страв и неизвеснот подобро од еден куп хорор филмови, секоја чест за тоа.
Значи, самата епизода не ја мрдна толку приказната, но затоа амтосферата беше за десетка, а од промото за наредната епизода гледам се враќаме во King's Landing во сплекарењата и политиката, така што очекувам нареднат епиозда да биде многу посодржајна.
И мораше оној Црвот да преживее за да ги гледаме неговите досадни сцени со Мисанде, минус за тоа од мене.

за реакцијата на Денерис, така мори покажи малце заби, не биди толку кротка цело време. Мада многу брзо реши наместо агресивно пак да се понаша рационално, девојчево ептен абер нема, ни се воде, ни се тера.