Многу лоша компарација правиш. Земи го во предвид како ресторан за брза храна, тие што го отвориле ресторанот ваљда не мислеле да ги оттргнат луѓето од кујните, па да почнат за секој оброк да им доаѓаат таму, туку едноставно ако некој има многу тесен распоред преку ден, а сведоци сме дека хранењето здраво и вежбањето станува се поголем тренд, тогаш тоа значи дека покрај тие што имаат време како тебе, има исто толкав број, а може и повеќе што не можат да одвојат време, па во тој случај ќе посегнат после работа, на пауза од работа или после вежбање на здрав и богат оброк во ресторанот, ист е принципот како и оние ресторани со брза храна, само што единствена маана е што брзата храна е повкусна, па затоа повеќето посегнуваат таму, инаку да не беше така, наместо купечки хамбургер, ќе земеа кило мелено месо и два топли леба од пекара, ќе направеа 10 хабургери за тие пари (карикирам)
Многу добро го разбирам концептот на ваквите места, па дури и сум имал некоја замисла баш поради причината која што ја наведе (денес се живо вежба и пробува да јаде „здрава храна“). Еве ти пример за мене чисто за споредба, за после тренинг сум јадел кај Буцо во кисела вода само лепче со стек 150 грама и салата без кечап, мајонез, помфрит и такви додатоци и сум бил срча чист од 8-12 % боди фат, крвната слика ми била перфектна, а тој оброк ме фаќал ни помалку ни повеќе туку 70 денари, е тоа ми се исплатеше и тоа како, а со вакви цени може кремот да се рани!
Според мене малку претеруваат луѓево денес со филмот за здрава храна и веруваат на тоа што им се пласира по медиуми и бла бла. Бидејќи се бавам и со земјоделие можам за секој продукт да ти набројам со кои фунгициди, пестициди и инсектициде се прска, во принцип и по колку пати, какви вештачки ѓубрива се користат и да не коментирам за оние кои ги наводнуваат со загадени води. Ако веќе сака здрава храна треба да внимава првенствено на овие работи, а потоа и останатото.
Сума сумарум, зборот ми е дека народот греши и не внимава на основни работи, а овие додатни работи ти се филот, јас работам преку цел ден и имам еден куп обврски, али на крај пак наоѓам сила и саат време да подготвам нешто за следен ден, али ајде да не пишувам за џабе, не секој живее во розов свет каде се функционира на копче и се добива совршен продукт
[DOUBLEPOST=1428192782][/DOUBLEPOST]
Така е ама споредено цените им се стандард како во другите ресторани ни поевтини ниту пак поскапи, чим има луѓе што даваат по 200 и 300 ден за пица ќе даваат и за ова иако мене пица ми е повкусна (и многу понездрава). Јас за овесни снегулки секако нема да дадам пари во ресторан ама можеби некој ќе даде.
Дома е најевтино само што не секому му се готви, да си го земеш готово и супер здраво би било најдобра опција.
Јас друг концепт на ресторан би замислил но секако им посакувам среќа, од нив ќе можеме да видиме како поминува концепт на поздрава исхрана спремена комерцијално.
Да не ја полнам темата со оф топик, ретко стапнувам во скопскиве ресторани, а по кафани уште поретко, преценети се некако, на македонски стандард имаме европски цени, али сум коментирал и по други теми за оваа проблематика и не сакам да навредам некој, проблемот е во народот, а не во нив!