Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Kреацијата не може да биде совршена со самиот факт што е створена. Тоа е нужна одлика на креацијата. Би било контрадикторно кога креацијата (творбата) би била совршена. Својството на творбата која започнала да постои откако е створена, е одлика на несовршеност. Создаденето битие е нужно ограничено, а подобро и да е такво, отколку воопшто да не постои. Зарем не? Според тоа, креацијата и тоа уште како може да погреши.
Глупост. Од каде е ова факт?! Ако креаторот е безгрешен, тогаш неможе да прави грешки, ако тој самиот гледа грешка во нешто кое тој го креирал, тогаш на кој начин е безгрешен?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Кога и Творецот и творението би биле совршени едновремено, тогаш го имаме парадоксот од Исламот: кој прв постои, Алах или Куранот? Или и двете нешта постојат истовремено, отсекогаш? А кој кого го створил: Алах го створил Куранот или обратно?

Несовршеноста од створените нешта е причина за нивно уподобување и движење кон Творецот.[DOUBLEPOST=1427927275][/DOUBLEPOST]
Ако светот е дело на безгрешен креатор, тогаш во неговата креација нема место за грешка.
Види го постот погоре...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кога и Творецот и творението би биле совршени едновремено, тогаш го имаме парадоксот од Исламот: кој прв постои, Алах или Куранот? Или и двете нешта постојат истовремено, отсекогаш? А кој кого го створил: Алах го створил Куранот или обратно?

Несовршеноста од створените нешта е причина за нивно уподобување и движење кон Творецот.[DOUBLEPOST=1427927275][/DOUBLEPOST]

Види го постот погоре...
Ако од перспектива на творецот, несовршеноста на створените нешта е грешка, нешто кое не требало да се случи, тогаш таквиот творец не е безгрешен, бидејќи гледа грешка во сопствената креација. Доколку пак таа несовршеност е допуштена со причина и цел, неможе да биде грешка, од проста причина што има цел зошто е допуштена, во тој случај, неможе да биде сметана за грев, грешка или зло од перспектива на творецот.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако од перспектива на творецот, несовршеноста на створените нешта е грешка,
Не си Творец и не можеш да гледаш од перспектива на Творецот, а грешката е само твое мнение, не и Божја промисла.

Стореноста и несовршеноста на нештата не е нивна „грешка„, туку причина за нивното уподобување и движење кон Творецот, како веќе напишав.[DOUBLEPOST=1427928415][/DOUBLEPOST]
Доколку пак таа несовршеност е допуштена со причина и цел, неможе да биде грешка, од проста причина што има цел зошто е допуштена, во тој случај, неможе да биде сметана за грев, грешка или зло од перспектива на творецот.
Пак „муруваш телесно„: грешката и гревот не се створени за да бидат така и именувани. “Грешка„ не е исто што и „несовршеност„ а „грев„ е промашување на смислата од делувањето и целта од истото.

Грешки и гревови чинат само разумни и несовршени битија, кои уживаат во огревовеноста.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не си Творец и не можеш да гледаш од перспектива на Творецот, а грешката е само твое мнение, не и Божја промисла.

Стореноста и несовршеноста на нештата не е нивна „грешка„, туку причина за нивното уподобување и движење кон Творецот, како веќе напишав.
А ти си творец и можеш да гледаш од перспектива на творецот? Или тоа важи за сите други освен за тебе?
Грешката и апсурдот е во концептот на безгрешен творец, што самиот гледа грешка во креацијата. Колку сакаш да се инаетиш, неможеш да го смениш тоа.
Пак „муруваш телесно„:
Сериозно.....кај ги копаш овие дебилни изрази?! Телесно мудрување....! Не бе, машинско е!

грешката и гревот не се створени за да бидат така и именувани. “Грешка„ не е исто што и „несовршеност„ а „грев„ е промашување на смислата од делувањето и целта од истото.

Грешки и гревови чинат само разумни и несовршени битија, кои уживаат во огревовеноста.
Ако од перспектива на творецот, несовршеноста на створените нешта е грешка, нешто кое не требало да се случи, тогаш таквиот творец не е безгрешен, бидејќи гледа грешка во сопствената креација. Доколку пак таа несовршеност е допуштена со причина и цел, неможе да биде грешка, од проста причина што има цел зошто е допуштена, во тој случај, неможе да биде сметана за грев, грешка или зло од перспектива на творецот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А ти си творец и можеш да гледаш од перспектива на творецот?
На погрешно прашање, се дава погрешен одговор.[DOUBLEPOST=1427997470][/DOUBLEPOST]
Грешката и апсурдот е во концептот на безгрешен творец, што самиот гледа грешка во креацијата.
Ако творението станало непослушно кон Творецот, тоа е грешка од самото творение, не е грешка од Творецот. Патем, Творецот не „изјавува„ дека створил нешта со грешка, туку, како што вели Постанокот, сам Бог виде(л) дека се‘ што створил, се‘ е/било добро.[DOUBLEPOST=1427997509][/DOUBLEPOST]
Сериозно.....кај ги копаш овие дебилни изрази?! Телесно мудрување....! Не бе, машинско е!
Личните навреди нема да ја променат мојата верска определба.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.482
Поени од реакции
2.545
Глупост. Од каде е ова факт?! Ако креаторот е безгрешен, тогаш неможе да прави грешки, ако тој самиот гледа грешка во нешто кое тој го креирал, тогаш на кој начин е безгрешен?
Во секое добро има и зло нели? Како што има позитивна енергија има и негативна. Така е и со бог е позитивната енергија од која што се створени душите а негативната во народот позната како ѓаолот , многу луѓе Бог го сфаќаат како личност или како човек што ќе се појави пред вас , ние неможеме да го видеме Бог , неможеме да го допреме но можеме да го осетиме како виша позитивна сила во себе или околу.Има многу работи што не се докажани од науката , прост пример е тоа каде оди душата од кога ќе умре телото? Можеме само да си кажуваме претпоставки дека оди во други димензии 6 или 7 , или познато како рај и пекол , така да не ми се верува ни дека ќе се докаже дека постои или не постои Бог , тоа што не држи до Бог е верата.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
На погрешно прашање, се дава погрешен одговор.
Нема ништо погрешно во случајов. Ако забелешката се однесува на тоа дека не сум творец за да гледам од перспектива на творецот, тогаш како тоа не важи за тебе, па ти знаеш што гледа творецот од негова перспектива?
Ако творението станало непослушно кон Творецот, тоа е грешка од самото творение, не е грешка од Творецот. Патем, Творецот не „изјавува„ дека створил нешта со грешка, туку, како што вели Постанокот, сам Бог виде(л) дека се‘ што створил, се‘ е/било добро.
Ако се што створил било добро и тоа е негова констатација, негова перспектива, тогаш останува следниов заклучок: "...Доколку пак таа несовршеност е допуштена со причина и цел, неможе да биде грешка, од проста причина што има цел зошто е допуштена, во тој случај, неможе да биде сметана за грев, грешка или зло од перспектива на творецот."
Личните навреди нема да ја променат мојата верска определба.
Верувам дека сега на сите ќе им се симне огромен товар од душата и ќе се почуствува глобално олеснување и спокој.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во секое добро има и зло нели? Како што има позитивна енергија има и негативна. Така е и со бог е позитивната енергија од која што се створени душите а негативната во народот позната како ѓаолот , многу луѓе Бог го сфаќаат како личност или како човек што ќе се појави пред вас , ние неможеме да го видеме Бог , неможеме да го допреме но можеме да го осетиме како виша позитивна сила во себе или околу.Има многу работи што не се докажани од науката , прост пример е тоа каде оди душата од кога ќе умре телото? Можеме само да си кажуваме претпоставки дека оди во други димензии 6 или 7 , или познато како рај и пекол , така да не ми се верува ни дека ќе се докаже дека постои или не постои Бог , тоа што не држи до Бог е верата.
Добро и зло се концепти на дуалност, ако тврдиш дека постои само еден творец, тогаш дуалноста е апсурд од негова перспектива, бидејќи тој е на ниво на унитарност (еден е, нема друг). Неможе од една страна да тврдиш дека си безгрешен и дека се што си создал е добро, а од друга страна да ги делиш нештата на добри и зли.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Нема ништо погрешно во случајов.
Да, нема ништо погрешно, освен погрешното прашање.

Да те потсетам: зборуваш од Божја перспектива, а не си Бог.
Ми натураш дека јас сум гледал од истата перспектива, а не напишав такво нешто.

Нема тука никава грешка, не?

[DOUBLEPOST=1428002498][/DOUBLEPOST]
Ако се што створил било добро и тоа е негова констатација, негова перспектива, тогаш останува следниов заклучок:
Заклучокот е точен: нешто слично напишав и самиот.[DOUBLEPOST=1428002548][/DOUBLEPOST]
Верувам дека сега на сите ќе им се симне огромен товар од душата и ќе се почуствува глобално олеснување и спокој.
...нешто како глобалното затоплување, нели...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, нема ништо погрешно, освен погрешното прашање.

Да те потсетам: зборуваш од Божја перспектива, а не си Бог.
Ми натураш дека јас сум гледал од истата перспектива, а не напишав такво нешто.

Нема тука никава грешка, не?
Еве колку не си напишал такво нешто:
Ќе им биде судено според ниваната совест и според нивниот разум.
Заклучокот е точен: нешто слично напишав и самиот.
Тогаш незнам дали си свесен, но заклучокот за кој самиот призна дека е точен, ја исклучува можноста творецот да гледа на било што кое произлегува од него како на грев или зло, т.е да гледа во својата креација погрешни и непотребни нешта, исходи и особини.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Еве колку не си напишал такво нешто:
.
Да: напишав и сеуште стојам зад напишаното. Напишаното не е од Бога кажано, туку од Светиите, на кои им е објавено.[DOUBLEPOST=1428005144][/DOUBLEPOST]
Тогаш незнам дали си свесен, .
Јас знам и по тоа прашање, можеш да бидеш спокоен...[DOUBLEPOST=1428005242][/DOUBLEPOST]
но заклучокот за кој самиот призна дека е точен, ја исклучува можноста творецот да гледа на било што кое произлегува од него како на грев или зло, т.е да гледа во својата креација погрешни и непотребни нешта, исходи и особини.
Заклучокот е точен, тоа 1000 пати можам да го повторам.
Како Творецот гледа на нештата, можеме да знаеме само според однесувањето и објавите кои Он ги чини.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да: напишав и сеуште стојам зад напишаното. Напишаното не е од Бога кажано, туку од Светиите, на кои им е објавено.
Значи е човечка интерпретација, а ти самиот кажа дека човечката интерпретација не е валидна, бидејќи не е од позиција на творецот. Со ова признаваш дека слепо веруваш на интерпретации од луѓе и истите ги пласираш како апсолутна вистина.
Јас знам и по тоа прашање, можеш да бидеш спокоен...
Ако знаеш, тогаш ќе ти биде јасно дека творецот неможе да биде судија, поради следниве причини:
1. Се потекнува од него, па и тоа што тој би го осудил како непотребно, како грешка, промашување, зло.
2. Ако еден од атрибутите што ги поседува е безгрешност, тогаш актот на судење би значел воочување на нешто кое не требало да се случи или да постои, а допуштање на нешто кое не треба да постои е грешка. Безгрешен творец од кој потекнува се, неможе да создаде креација во која има грешка, бидејќи тогаш не би бил безгрешен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom