- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.195
- Поени од реакции
- 16.563
Најголемите воспоставени религии(под претпоставка дека алудираш на јудео-христијанските) се меѓусебни клонови и можеш да детектираш бројни меѓусебни сличности затоа што основата им е иста, а тоа е Јудаизмот.Можеби во целата приказна отскокнува Христијанството, но сепак и тоа држи и се надоградува на Стариот Завет. Затоа, барем мене лично, ништо не ми значи тоа што трите пропагираат став дека е потребно да биде јасно објавено постоењето на Бог.Ако гледаме според најголемите воспоставени религии, за самиот карактер на Господ како што е претставен, потребно е јасно да биде познато неговото постоење. Се разбира Господ може да се дефинира на таков начин според кој не би било задолжително да се знае неговото постоење, но на бог кој е активен во секојдневните активности на луѓето, постоењето треба да е јасно познато.
Добредојден си да го објасниш и предочиш твојот концепт за бог и како според тој концепт се објаснува и инкорпорира рамковната ситуација во која базичното негово постоење не е познато и е оставено на шпекулации.
Се разбира, лесно е да се изгради таков концепт за бог и религија, со едноставно претставување на фактичката ситуација преку фаличен аргумент, ама каква улога и тежина би имала таа религија и тој бог.
Во врска со болдот, ти врз основа на претпоставка, која не можеш да ја докажеш, зашто сепак не знаеме и не можеме да кажеме со сигурност дали Бог е активен или не, го влечеш и заклучокот- дека постоењето на Бог треба да е јасно познато преку негова директна интервенција. Јас не се согласувам со тоа твое тврдење, иако не го исклучувам како можно. Оттука некаде и се формира мојата лична замисла за природата на Бог, а во врска со тоа што го имаш напишано во постот: Бог ги поставува законитостите на кои сите сме подложни и не можеме да ги одбегнеме, прекршиме, измамиме или било што слично на тоа и тие законитости ја одредуваат рамката на нашата егзистенција. Со еден збор, тој е поставувач на правилата на игра и нема потреба воопшто да се меша активно во животите на луѓето. Човекот во својата ограничена природа може само да ги спознава и проучува тие законитости и единствено на таков начин е во можност да ја спознава природата на Бог.
Затоа, во зависност од перспективата и очекувањата, за некого постоењето на Бог е очигледно, за некого не.