Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Јас прашањето не го поставив за да добијам одговор, туку за дискутираме.
Кога се поставува прашање, нормално е да се помисли дека оној што го поставува прашањето бара одговор.
Ај сега до тебе- зошто несакаш одговор на прашање што сам го поставуваш?[DOUBLEPOST=1420734943][/DOUBLEPOST]
Отогаш се појавуваат и оние Изгрев и уште некој.
Кој беше ти, бе личен?
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Кога се поставува прашање, нормално е да се помисли дека оној што го поставува прашањето бара одговор.
Ај сега до тебе- зошто несакаш одговор на прашање што сам го поставуваш?
Ова е нерелевантно и неповрзано со темата. Од каде најде од 20 страници да се фатиш баш за една празна поента. Немам зошто да се образложувам, ама за да бидам појасен, не дека не очекував одговор, туку дека природата на прашањето е за да се отвори дискусија, а не прашање во вистинска смисла кое има одредница како одговор.

Што имаш ти како одговор за прашањето?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Ова е нерелевантно и неповрзано со темата. Од каде најде од 20 страници да се фатиш баш за една празна поента. Немам зошто да се образложувам, ама за да бидам појасе, не дека не очекував одговор, туку дека природата на прашањето е за да се отвори дискусија, а не прашање во вистинскасмисла кое има одредница како одговор.

Што имаш ти како одговор за прашањето?
Си отворил тема- прашање, и знак ? во насловот си ставил, за потоа да речеш ’’Јас прашањето не го поставив за да добијам одговор,’’ ептен боде очи.
Каков одговор да ти дадам кога ти самиот несакаш.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Си отворил тема- прашање, и знак ? во насловот си ставил, за потоа да речеш ’’Јас прашањето не го поставив за да добијам одговор,’’ ептен боде очи.
Каков одговор да ти дадам кога ти самиот несакаш.
Тогаш те молам не објавувај во темата.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Тогаш те молам не објавувај во темата.
Во ред, кога ќе посакаш одговор на прашање што си поставил, ќе ти го споделам и моето мислење.
А за да биде пофер кон оние кои (ќе) се потрудиле да ти одговорат, во иднина кога не сакаш да добиеш одговор на некое прашање не го поставувај како такво, а пиши искрено пример- дискусија за.....
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Во ред, кога ќе посакаш одговор на прашање што си поставил, ќе ти го споделам и моето мислење.
А за да биде пофер кон оние кои (ќе) се потрудиле да ти одговорат, во иднина кога не сакаш да добиеш одговор на некое прашање не го поставувај како такво, а пиши искрено пример- дискусија за.....
Те молам, сакам да прочитам.
 
З

Зорт

Гостин
И што се однесува до вашите верувања, кога веќе ги спомнавте
Не разбирам за кои верувања зборуваш? Не сум припадник на никаква религиозна група.

гледам од една страна ја обвинувате Библијата за нелогични работи, од друга велите дека ја погодува суштината за некои работи. Како го правите тој избор?
Како и при читањето на било која друга книга - она што е согласно со логиката и со фактите е вредно.

Што се однесува до тој неморал кој го спомнуваш, при ситуација кога со сигурност би биле познати доказите за постоењето на бог каков што ни се сервира, во тој случај само тие кои имаат навистина малеволентни, злобни намери, (нели како што е предвидено), само тие ќе се одлучат да ги занемарат инструкциите на добронамерниот бог. А не како сега, кога и сосема добронамерни луѓе кои се спречени да ги земат тие инструкции за сериозни само поради недоволноста на овие докази за нив.
Добронамерните се добронамерни затоа што го сакаат доброто. Добронамерен човек може да прави зло мислејќи дека прави добро ама никогаш намерно не би правел зло без оглед дали има или нема сигурни докази за постоењето на Бог. Ова што ти го велиш ми изгледа како ценкање на пазар или како љубов од сметка. Не верувам дека Бог во своја близина би сакал сметкаџии. Се разбира, тоа е само мое мислење. Изгледа дека официјалната религија има подруго мислење - таа многу полага на стравот и на љубовта од сметка - така да дефинитивен одговор барај на таа страна.:)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Повторно ќе кажам, жалам што ја прекина дискусијата. Ова е линк до последното несто на кое застанавте, ако сакаш да продолжиш.
Хммм. Ај...[DOUBLEPOST=1420840885][/DOUBLEPOST]
Јас прашањето не го поставив за да добијам одговор, туку за дискутираме.
Една дискусија може вечно да остане дискусија, во која дискутантите ќе си останат на своите дотогашни ставови, убедени дека вистината е токму на нивната страна...[DOUBLEPOST=1420841228][/DOUBLEPOST]
Се лажете и преценувате ако мислите дека на вакво прашање за кое со векови се дискутира во филозофијата на религијата вие ќе може да дадете задоволителен одговор со две-три реченици.
Се согласувам дека „задоволителен„ одговор не може да се даде во 2, 3 или 5 реченици па токму затоа трагачите по вистината бараат, за да стигнат до почетниот минимум, кој, по приклонувањето во верата, продолжува со истражување на прифатената вера се‘ до крајот од животот, кон можниот максимум. Онолку кколку ни допушта и Бог.

Патем кажано, тоа што „дискутантите„ (читај: празнословците) со векови „дискутирале„ по верски прашања, тоа не ги претворило диксутантите во трагачи по вистината ниту во верници, туку тие дискутанти, најчесто си остануваат „мудреци по тело„, обидувајќи се да ја откријат и најмалата вистина, потпирајќи се на својот ограничен ум и на својата огревовена природа.[DOUBLEPOST=1420841273][/DOUBLEPOST]
Нема одговор „по мерак“ туку задоволителен одговор и одговор кој би го замолчил соговорникот.
А тој одговор треба да изгледа...како?
 
Последно уредено:

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Зошто постоењето на Господ не е очигледно?
Бидејќи е увослушно.
 
Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Уште еден доказ за непостоењето на Господ е токму насловот на темата.
Па добро бе верници,зошто сеуште Господ не се потруди да ни даде уверливи непобитни докази за неговото постоење.Ако се каже:Зошто не им се појавува на луѓето за да го видат?-одма со тој изговор:Па тоа веќе нема да биде верба бла бла бла...
Тогаш врз основа на што да верувам? На нешто што се случувало пред 2000 г.?
Брз основа на библијата која можела да биде напишана од било кој?
Каде се научниве докази?
Од многуте документарци што ги имам гледано,речиси и да нема уверлив документарец што докажува дека Исус бил божјиот син,а во многу од нив нема доказ дека и Мојсеј постоел.
Од друга страна,има безброј докази дека земјата е многу постара од 6000 години,дека Исус не бил Божјиот син итн итн...
Е сега од лично искуство.Порано верував,сега сум тежок атеист(со причина).
Толку многу нелогичности имам увидено и во библијата и од лично искуство што дефинитивно сфатив дека Господ нема теоретски шанси да постои.
Ај да не замарам многу,со текот на времето ќе им поставам прашања на верниците па очекувам квалитетни одговори.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

И што ќе правиш сега одкако разбра дека Господ не постои?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.195
Поени од реакции
16.563
Аха.

Само врз основа на твоето лично искуство кое вели дека Библијата е полна со нелогичности ти дефинитивно си сфатил дека теоретските шанси за постоењето на Бог се еднакви на нула? Зошто го фаворизираш само јудео-христијанскиот концепт за постоењето на Бог а останатите не ги ни земаш во предвид? Врз основа на ова, твојот заклучок не може да биде валиден.
 
Го фаворизирам затоа што живеам во православна земја и затоа што овој Бог ми е наметнуван.
За останатите заборавив да пишам.Ама во нив пак никогаш не сум верувал.Ниту пак во натприродни работи.[DOUBLEPOST=1426794506][/DOUBLEPOST]
И што ќе правиш сега одкако разбра дека Господ не постои?
Сега ми е многу полесно во животот затоа што не сум поробен дотолку во моралните правила.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Аха.

Само врз основа на твоето лично искуство кое вели дека Библијата е полна со нелогичности ти дефинитивно си сфатил дека теоретските шанси за постоењето на Бог се еднакви на нула? Зошто го фаворизираш само јудео-христијанскиот концепт за постоењето на Бог а останатите не ги ни земаш во предвид? Врз основа на ова, твојот заклучок не може да биде валиден.
Ако гледаме според најголемите воспоставени религии, за самиот карактер на Господ како што е претставен, потребно е јасно да биде познато неговото постоење. Се разбира Господ може да се дефинира на таков начин според кој не би било задолжително да се знае неговото постоење, но на бог кој е активен во секојдневните активности на луѓето, постоењето треба да е јасно познато.

Добредојден си да го објасниш и предочиш твојот концепт за бог и како според тој концепт се објаснува и инкорпорира рамковната ситуација во која базичното негово постоење не е познато и е оставено на шпекулации.
Се разбира, лесно е да се изгради таков концепт за бог и религија, со едноставно претставување на фактичката ситуација преку фаличен аргумент, ама каква улога и тежина би имала таа религија и тој бог.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom