Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Значи е човечка интерпретација, а ти самиот кажа дека човечката интерпретација не е валидна, бидејќи не е од позиција на творецот. Со ова признаваш дека слепо веруваш на интерпретации од луѓе и истите ги пласираш како апсолутна вистина.
.
Го признавам од мене напишаното: а напишав дека се работи за објавена вистина до Светиите а не за човекова интерпретација.

Божјата вистина секако дека е апсолутна, а не човекова и менливо-минлива.[DOUBLEPOST=1428010461][/DOUBLEPOST]
Ако знаеш, тогаш ќе ти биде јасно дека творецот неможе да биде судија, поради следниве причини:
1. Се потекнува од него, па и тоа што тој би го осудил како непотребно, како грешка, промашување, зло.
2. Ако еден од атрибутите што ги поседува е безгрешност, тогаш актот на судење би значел воочување на нешто кое не требало да се случи или да постои, а допуштање на нешто кое не треба да постои е грешка. Безгрешен творец од кој потекнува се, неможе да создаде креација во која има грешка, бидејќи тогаш не би бил безгрешен.
Точките 1 и 2 се обично „телесно мудрување„, кое наликува на средновековната схоластика, како обид да се „спушти„ Божјата вистина од ниво на објавена на ниво од човечки „докажана„ и „одбранета„ Божја вистина, која, како е познато, прејде во протестантизам (еве ги пак протестантите...).

Веќе напишав дека несовршеноста на творението во однос на Творецот има своја смисла и цел, исто како што има смисла и цел самиот Суд Божји над створените разумни битија, кои ја злоупотребуваат од Бога им дадената слободна волја. Неразумните битија и неживата природа не подлежат на Судот, туку го исчекуваат преобрзувањето на Светов од распадлив во нераспадлив.
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
Господ токму тоа го стори пред 2000г.
Го стори? Ти беше присутен таму и виде? :facepalm: Ова како поп кога ти објаснува нешто. Меша времиња како му одговара и никогаш не одговара на директни прашања. Секогаш одговорите се: Господ рече, Така е напишано....[DOUBLEPOST=1428011129][/DOUBLEPOST]
Веќе напишав дека несовршеноста на творението во однос на Творецот има своја смисла и цел, исто како што има смисла и цел самиот Суд Божји над створените разумни битија, кои ја злоупотребуваат од Бога им дадената слободна волја. Неразумните битија и неживата природа не подлежат на Судот, туку го исчекуваат преобрзувањето на Светов од распадлив во нераспадлив.
Како може слободна волја да биде злоупотребена? Ако мора да биде како некој што сака и бара, тогаш не е слободна.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Не планирам да губам еден час од животот на ова. Кажи ми конкретно, најкратко и најјасно што можеш.
Епа изгледај од 32 мин до 36 да видиш сведочење на човек кој се присетил на претходниот живот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Го признавам од мене напишаното: а напишав дека се работи за објавена вистина до Светиите а не за човекова интерпретација.

Божјата вистина секако дека е апсолутна, а не човекова и менливо-минлива.
Објавени вистини имаш со лопати да ринеш, светии пак уште повеќе. Ти си одлучил дека тоа што тебе ти одговара е вистина, и го верглаш тоа тврдење до бесвест и назад. Од една страна кажуваш дека ако не си творец неможеш да знаеш која е неговата вистина, од друга страна секој втор пост ти е проповедање што била Божјата вистина.....
Точките 1 и 2 се обично „телесно мудрување„, кое наликува на средновековната схоластика, како обид да се „спушти„ Божјата вистина од ниво на објавена на ниво од човечки „докажана„ и „одбранета„ Божја вистина, која, како е познато, прејде во протестантизам (еве ги пак протестантите...).
Ти можеш да го наречеш и дванаестопалачно мудрување, каква глупост ќе употребиш не го менува фактот дека тоа "мудрување" те побива, и се што можеш е да тролаш и да одиш со глава у ѕид.
Веќе напишав дека несовршеноста на творението во однос на Творецот има своја смисла и цел, исто како што има смисла и цел самиот Суд Божји над створените разумни битија, кои ја злоупотребуваат од Бога им дадената слободна волја. Неразумните битија и неживата природа не подлежат на Судот, туку го исчекуваат преобрзувањето на Светов од распадлив во нераспадлив.
Ако несовршеноста има причина зошто постои, ако има цел, што е поентата на судот?! Значи од една страна велиш - несовршеноста постои поради причина, арно ама, поради неа разумните битија ќе одговараат, ќе им се суди?! Па нели има причина зошто таа постои? Ова е подеднакво глупо, како да кажеш дека дизајнерот на одреден автомобил, намерно допуштил пропуст во системот за кочење, но за незгодите поради тој пропуст ќе ги обвини возачите.
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Епа изгледај од 32 мин до 36 да видиш сведочење на човек кој се присетил на претходниот живот.
Toa за доказ го сметаш? И јас можам да излезам да раскажувам за мојот претходен живот.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Toa за доказ го сметаш? И јас можам да излезам да раскажувам за мојот претходен живот.
Пa ти кaкoв дoкaз сaкaш? Ајде излези вo јaвнoст сo измисленa прикaзнa дa видиме кoлку ќе ти пoверувaaт. Нa oвoј чoвевек не е случaјнo стaвен вo емисијa дa сведoчи. Имa уште еден пример oд индијa кaде 4 гoдишнo дете дo детaли oпишaлo и се билo вистинa ѕoa штo кaжaлo.[DOUBLEPOST=1428061858][/DOUBLEPOST]DA SE ČOVEK NAJEŽI: Ova devojčica je dokaz da reinkarnacija postoji?! (VIDEO)

Šanti Devi do svoje četvrte godine uopšte nije govorila, a kada je napokon izrekla svoje prve reči ostavila je ceo Delhi bez teksta: rekla je da je njen pravi dom u gradu Maturi, da se nekada zvala Lugdi a da joj je muž bio izvesni Kedarnat Čobe. Do detalja je opisala varoš u kome je živela u prošlom životu. Znala je i kako je umrla: dok se porađala, sedam godina ranije.

Kada su je odveli u taj grad, komisiji je pokazivala najkraći put i momentalno prepoznala “svoju” sestru, pored gomile drugih ljudi. Sama ta žena potvrđuje, i u dokumentarcu koji je pred vama, da ju je prepoznala, kao i mnogo drugih ljudi koji su živeli oko njih nekada. Vrhunac čitavog putovanja bio je kada je tada već devetogodišnja Šanti srela desetogodišnjeg Navnita. “Svog” sina kojeg je rađala i umrla.

Од 4 минута почнува приказната
 
Последно уредено:

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Пa ти кaкoв дoкaз сaкaш? Ајде излези вo јaвнoст сo измисленa прикaзнa дa видиме кoлку ќе ти пoверувaaт. Нa oвoј чoвевек не е случaјнo стaвен вo емисијa дa сведoчи. Имa уште еден пример oд индијa кaде 4 гoдишнo дете дo детaли oпишaлo и се билo вистинa ѕoa штo кaжaлo.

Oд каде знаеш дека приказната на овој човек не е измислена?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Oд каде знаеш дека приказната на овој човек не е измислена?
Затоа што се познава некој кога лаже. Ако ти не можеш да ја препрознаеш виситната од лагата однак ти имаш проблем, и не случајно за таквите Господ Исус Христс вели дека се во темница и не знаат каде одат.

А за 4 годишнито девојче што ќе кажеш? Ти кажав вакви примери има доста каде луѓе немале контакт а се опишале до детали.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Објавени вистини имаш со лопати да ринеш, .
...исто како што имаш и објавени лаги, ама некои ги прифаќаат за вистини...[DOUBLEPOST=1428158015][/DOUBLEPOST]
Ти си одлучил дека тоа што тебе ти одговара е вистина, и го верглаш тоа тврдење до бесвест и назад.
Не ми одговара мене, туку тоа е вистината која целата Црква ја прифаќа и исповеда, а јас сум само дел од Црквата и ја прифаќам објавената и потврдена вистина.[DOUBLEPOST=1428158056][/DOUBLEPOST]
Од една страна кажуваш дека ако не си творец неможеш да знаеш која е неговата вистина, од друга страна секој втор пост ти е проповедање што била Божјата вистина.....
Твоето неразбирање останува само твој проблем.[DOUBLEPOST=1428158267][/DOUBLEPOST]
Ако несовршеноста има причина зошто постои, ако има цел, што е поентата на судот?! .
Поентата е:
- во (зло)употребата на „образот Божји„, според кој е створен човекот,
- во неисполнувањето на „подобието Божјо„, за кое е створен човекот,
- раздвојувањето на праведните од неправедните, според нивната вера и дела,
- вараќањео на праведните во вечно битисување, заедно со својот Творец.[DOUBLEPOST=1428158370][/DOUBLEPOST]
Ова е подеднакво глупо, како да кажеш дека дизајнерот на одреден автомобил, намерно допуштил пропуст во системот за кочење, но за незгодите поради тој пропуст ќе ги обвини возачите.
Горниов заклучок е прилично глуп: несовршен творец на несовршен автомобил е самиот човек, а самиот автомобил е материјален предмет, а не словесно битие, створено по „образ и подобие„.[DOUBLEPOST=1428158491][/DOUBLEPOST]
Го стори? Ти беше присутен таму и виде?
На погрешно прашање, се дава погрешен одговор.

Ева, јас те прашувам: дали си видел неутрино?
Можеш да одговориш?[DOUBLEPOST=1428158540][/DOUBLEPOST]
Како може слободна волја да биде злоупотребена?
Може: каде има избор, има и слобода/можност на избирање.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
...исто како што имаш и објавени лаги, ама некои ги прифаќаат за вистини...
Знам, ти си класичен пример за тоа.
Не ми одговара мене, туку тоа е вистината која целата Црква ја прифаќа и исповеда, а јас сум само дел од Црквата и ја прифаќам објавената и потврдена вистина.
Истово ќе ти го кажат и муслиманите, дека целиот исламски свет прифаќа "објавена и потврдена вистина" и дека тоа е доказ дека баш тие се во право.
Твоето неразбирање останува само твој проблем.
Нема никакво неразбирање, јасно е како ден. Од една страна тврдеше дека ако не си творец, неможеш да ја знаеш неговата вистина. Од друга страна, секој пост ти е проповедање што била божјата вистина, и како сите други неразбираат, само ти разбираш.
Поентата е:
- во (зло)употребата на „образот Божји„, според кој е створен човекот,
- во неисполнувањето на „подобието Божјо„, за кое е створен човекот,
- раздвојувањето на праведните од неправедните, според нивната вера и дела,
- вараќањео на праведните во вечно битисување, заедно со својот Творец.
Поентата е веќе кажана, се останато е млатење празна слама. Ако Творецот допуштил несовршеност и таа несовршеност има причина зошто постои, тогаш таа не е грев, не е грешка! И апсурдно и глупо е да и се суди на креацијата за таа несовршеност! Бидејќи истата има причина зошто е допуштена. Ако пак таа несовршеност не е допуштена со причина, и не е во согласност со божјиот план, тогаш таквиот бог неможе да биде безгрешен, бидејќи очигледно допуштил грешка!
Горниов заклучок е прилично глуп: несовршен творец на несовршен автомобил е самиот човек, а самиот автомобил е материјален предмет, а не словесно битие, створено по „образ и подобие„.
Теши се. Дали се работи за автомобил или за било што останато, поентата е таа. Ако креаторот е сезнаен (може да го предвиди секој исход)и семоќен (може да влијае на секој исход), тогаш што го спречило да ги предвиди и елиминира особините што се причина за грешките кај својата разумна креација - човекот, и да ги елиминира несаканите исходи?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom