Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки ае помош треба ми ваква решетка за Ауди А3,ако знае некој кај да најдам нека ме цитира.
uploadfromtaptalk1424795231705.jpg
 
Gledam mnogu oglasi za avtomobili uvezeni od gore, i pisuva plateni se site davacki do registracija. Me interesira kolku se davackite za registracija?

Зависи од колата, поточно што мотор носи, всушност плакаш регистрација нормално како што се плаќа со таа разлика што имаш плус нови таблички и сообраќајна ... да кажеме пример некоја кола од 100-тина кс излага околу 250 евра ...
 
Некој да има искуство со поправки или набавка на карбуратор за Шкода Фелиција ? Ми треба сервис или продавница за делови за овој тип.
 
Мислење за што е полесно( поевтино за одржување). DCI мотор или обичен дизел со бош пумпа и обични дизни. И дали се поправаат тие дизните кај DCI , колку кошта поправката и дали сите се менуваат наеднаш или можи една по една. Генерално што е подобро во смисла на квалитет на гориво, издржливост на моторот, одржување, дефеци итн итн. Искуство совет ?
 
Нешто слично и мене ме интересира, конкретно за Рено Меган од 2003-04 тој модел, има верзии со 1.9 и 1.5 дци, која е разликата што е подобро, и онака општо дали е добар модел?
 
Имат некој искуство со овие?
https://www.facebook.com/Navlaki/timeline

Конкретно ме интересират за навлаките на седишта, колку се квалитетни и колку се исплаќат да ги ставиш, од прилика се 3к зависит за каква кола се работит..
 
ДЦИ е посовремен мотор,понов и поиздржлив до некаде..Поефтино за одржување ти е мотор со бош пумпа и обични дизни..Мотор со бош пумпа и обични дизни трпи полоша нафта,а тој ДЦИ не али немора да значи,ДЦИ не се расипува така лесно..ДЦИ има поскап филтер за нафта,т.н DPF филтер,а обичен филтер ти е од 200 денара па нагоре..Значи поскапо а и поново,попрецизно вбризгување на гориво има кај ДЦИ моторите..Поефтино е кај обичните дизели,со обична бош пумпа,помалку сензори,електроники,и трпат лоша нафта..[DOUBLEPOST=1424882752][/DOUBLEPOST]
Имат некој искуство со овие?
https://www.facebook.com/Navlaki/timeline

Конкретно ме интересират за навлаките на седишта, колку се квалитетни и колку се исплаќат да ги ставиш, од прилика се 3к зависит за каква кола се работит..

Јас купив навлаки од 650 денара,за 1 година избледеја целите..Имаш навлаки и од 1200-1300 денара,сасвим солидни,со деллива задна клупа..3500 денара мислам беа овие во Самад со монтажа,скапо е според мене за навлаки..Али верувам дека е квалитетно..
 
Мислење за што е полесно( поевтино за одржување). DCI мотор или обичен дизел со бош пумпа и обични дизни. И дали се поправаат тие дизните кај DCI , колку кошта поправката и дали сите се менуваат наеднаш или можи една по една. Генерално што е подобро во смисла на квалитет на гориво, издржливост на моторот, одржување, дефеци итн итн. Искуство совет ?

ДЦИ е многу осетлив на лоша нафта, ултра скапи дизни, преполн со електроника. Со обична пумпа Bosch е многу поиздржлив ама ако е пумпата на производител Bosch. Ако е на Лукас тогаш истата е поосетлива на лошо гориво. За издржливост нема подобар од 90кс VW моторот и старите рено мотори 1.9д во старото Клио (до 1998 моделот) после се вградуваше со lucas пумпа и истата има многу проблеми.
 
Дизните се електрични и не се поправаат за разлика од механичките на бош пумпа.
Се менува само таа што не чини ама треба на останатите да им се провери отпорот односно колку оми имаат.
Колку послаба е на оми толку поблиску е до откажување.
Нешто слично и мене ме интересира, конкретно за Рено Меган од 2003-04 тој модел, има верзии со 1.9 и 1.5 дци, која е разликата што е подобро, и онака општо дали е добар модел?
Бидејќи сум зависник од брзини ќе го земам 1.9dci
За одржување треба да ставаш соодветно на маслото за мотор за да не страда турбината и редовно менување масло,филтер за масло,воздух и нафта[DOUBLEPOST=1424890127][/DOUBLEPOST]
ДЦИ е многу осетлив на лоша нафта, ултра скапи дизни, преполн со електроника. Со обична пумпа Bosch е многу поиздржлив ама ако е пумпата на производител Bosch. Ако е на Лукас тогаш истата е поосетлива на лошо гориво. За издржливост нема подобар од 90кс VW моторот и старите рено мотори 1.9д во старото Клио (до 1998 моделот) после се вградуваше со lucas пумпа и истата има многу проблеми.
Има и лукас.............
 
Прашувам дали се поправаат ( репарираат ) дизните кај DCI моторите пошто така потслушнав. И сега сум во дилема. Се репарираат или не. Некои велат за 100 евра по дизна како нови, ете некои велат не се поправаат. Да незнае човек што да речи, пошто ако не се порпаваат а пример сакам да купам половна кола многу веројатно е дека некоја ке цркни порано или покасно, па испаѓа дека нови дизни ке коштаат колку половно возило.
А кај реноата дизел 1900 цц до кај 2002 со обичен дизел каква пумпа има ( бош или лукас) и дали генерално моторите се имаат покажано( се комплет вклучувајки и пумпата). Брзината не ми е баш приоритет, потрошувачката и така и така, побитно ми е подлежноста на кварови и издржливоста пошто сепак се работи за половно возило кое најверојатно ке има поминато мнооогу мноогу км. И дали се гледа од кој производител е пумпата, мислам дали е очигледно за препознавање, пиши некаде на видно место на самата пумпа итн итн.
 
Јас купив навлаки од 650 денара,за 1 година избледеја целите..Имаш навлаки и од 1200-1300 денара,сасвим солидни,со деллива задна клупа..3500 денара мислам беа овие во Самад со монтажа,скапо е според мене за навлаки..Али верувам дека е квалитетно..

Верувам и јас дека е квалитетно, и шо гледам од слики вака премногу добра изработка едвај се познават дека се навлаки изгледат како да се фабрички така...
 
Ама затоа се 3500 денара пак..Што не е малку..
 
Читам за навлаки зборите,да не знаете каде да ги тапацирам седиштата со скај,кожа или еко кожа.
Навлаки не виделе седитата,како нови се ама сакам да сменам малце тоа ентериерот,ептен емотивно сум приврзан за колата
 
Читам за навлаки зборите,да не знаете каде да ги тапацирам седиштата со скај,кожа или еко кожа.
Навлаки не виделе седитата,како нови се ама сакам да сменам малце тоа ентериерот,ептен емотивно сум приврзан за колата
https://www.facebook.com/Navlaki/timeline

Прашај ги сигурно тапацираат и со скај или кожа, и кажи колку ќе те кошта после :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom