ESPN направиле опсежна анализа за тоа колку се користи аналитиката во 4те главни спортови во Америка. За нас особено е
интересен делот за NBA тимовите. Има објаснувања за сите тимови но најважна е поделбата по групи:
1. "
All-in" или тимови кои целосно ја имаат прифтено аналитиката во своето управување
Филаделфија, Хјустон, Сан Антонио и Далас,
2. "
Believers" или тимови кои веруваат во аналитиката
Атланта, Бостон, Кливленд, Детроит, Голден Стејт, Оклахома Сити и Портланд
3. "
One foot in" или тимови кои започнале нешто во таа насока но не се имаат сеуште многу посветно
Шарлот, Индијана, Мајами, Милвоки, Орландо, Феникс, Сакраменто, Торонто, Јута
4. "
Skeptics" или тимови кои се скептици за моќта на аналитиката
Чикаго, Денвер, ЛА Клиперс, Минесота, Њу Орлеанс и Вашингтон
5. "
Non-believers" или тимови кои не веруваат во користењето на напредни аналитики во НБА лигата
ЛА Лејкерс, Њујорк и Бруклин
Имаат и топ 10 и последни 10 сумирани од сите спортови и интересно е дека Филаделфија е број 1 од сите тимови во Америка (сите 4 од all-in групата се во топ 8), додека ЛА Лејкерс, Бруклин и Њујорк се во последните 10, при што Њујорк е претпоследен 121.
Нормално има успешни и неуспешни приказни и кај оние кои се јако посветени на аналитика и кај оние кои не ја користат, но се позабележителен е трендот на поголем успех на оние кои веруваат во моќта на користењето на аналитиката во своето управување. Дури 9 од 12те екипи во првите 2 групи се во плејофот (можеби и 10 ако Детроит се пласира), додека од последните 2 групи само 3 од 9те екипи ќе играат во плејоф (евентуално 4 ако Бруклин се пласира).
П.С. Знам дека ова воопшто не е популарно кај нас, ама мислам дека е време да почнеме да учиме и да се прилагодуваме со оглед дека се повеќе и повеќе аналитиката ќе навлегува во НБА и веќе на многу начини е составен дел од следењето и уживањето на самата лига.