- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 33.473
- Поени од реакции
- 69.592
Ме мачи инсомниа, па ке пишам еден систем што ми донесе околу 30.000 за околу 2 недели играње.
"Систем" за сите што играте на големи уплати, и во живо. Долго време барав игра во која букмејкерите може најмногу да ги утнат хендикепите, и каде најмногу може да се заработи.
Откако забележав дека хендикепите за корни ги пикираат според паднати корни во прво полувреме, барав утакмици на кои има помал број на корни, за да ги споредам со повеќе корни во второ.
Ги пикирав Манчестер Сити, Барселона и Реал Мадрид како екипи на кои многу повеќе вреди да се игра на корни овер, кога губат на полувреме, особено со екипи што не знаат да умртвуваат игра.
И двете екипи се креативно способни да прават притисок во поголемиот дел од второ полувреме.
Реал и Барса не ги играм единствено кога играат со Атлетико Мадрид, зашто овие знаат да умртват игра целосно.
Да објаснам сликовито. Во првото полувреме, меѓу Сити и Арсенал паднаа 5 корни.
На бет365, за over 11 corners, коефициентот беше 1.80. Значи, мечот да заврши со 13 корни е со 1.80 коефициент.
Останатите коефициенти, значи, алтернативните хендикепи се од прилика следниве.
Over 12 - 2.50.
Over 13- 3.50
Over 14- 4.50
Само во второ полувреме паднаа 14 корни. Мечот заврши со 20 корнери.
![]()
![]()
Вториот меч беше меѓу Валенсија и Реал.
Во првото полувреме паднаа 5 корни, Реал си водеше до 65-та минута, кога Валенсија направи тотален пресврт.
Од 65-та минута, генералниот хендикеп(1.80) за корни на 7 корни веќе паднати до 65-та, би бил некаде на на over 11.
Значи, уште 5 паднати корни, за да си добитен.
Од 65-та до крај, паднаа уште 7 корни, или во алтернативен хендикеп, 4 коефициент.
![]()
![]()
Го играв тогаш Реал, на корни, од 75-та некаде, на појачан хендикеп, да паднат уште 4 корни до крај...
![]()
Исто, истиот ден Барса губеше од втора минута од Сосиедад, али не смеев да играм на поголем влог, зашто ипак, Мојс им е тренер, и ми фуфкаше да не ја сврти Барса на брзинка, и после да пимплаат на средина на терен, па играв на помал хендикеп ...
![]()
Претходниот пат на Барса направив пари кога играа со Валенсија, кога бркаа победа. Ја гледав утакмицата, и забележав дека и Валенсија, и Барса играат отворен фудбал. Во првото полувреме паднаа 3 корни. Нормалниот хендикеп беше over 8. Во второ полувреме само, паднаа 10 корни.
Сума сумарум, да не редам примери, кога губат фаворите, 95% од случаите иде овер на корни, и тоа најчесто излегуваат и алтернативните хендикепи. Тука доаѓа до израз она што го збори @Ставрогин играње на коефициенти кои имаат вредност. А овде, според мене и те како има вредност и се прават пари.
Значи, од искачање на еден од појаките алтернативни хендикепи, имаш за уште 3-4 влога. Со оглед на процентот на пролазот на овие типови, тешко е да бидеш во минус.
Мојот проблем ми е во дисциплината во играње. Ке направам пари, али дури пробувам на некои рандом екипи алтернативни хендикепи на корни, ситно по малку, ги враќам сите.
Се надевам дека нареден пат кога ке губи некој од Сити, Реал или Барса, ке ви остане ова во меморија и ке направите нешто пари.
Eве го моментот што го зборев, кога фаворитот губи дома... Обичната граница на полувреме беше над 8 корни...
Имате и принт скрин подоле за во живо околу 66-та минута. И највисокиот можен коефициент го даде, 6...
Само ебано недисциплинирано играње од моја страна...Тука се парите...


