Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Ме мачи инсомниа, па ке пишам еден систем што ми донесе околу 30.000 за околу 2 недели играње.
"Систем" за сите што играте на големи уплати, и во живо. Долго време барав игра во која букмејкерите може најмногу да ги утнат хендикепите, и каде најмногу може да се заработи.

Откако забележав дека хендикепите за корни ги пикираат според паднати корни во прво полувреме, барав утакмици на кои има помал број на корни, за да ги споредам со повеќе корни во второ.

Ги пикирав Манчестер Сити, Барселона и Реал Мадрид како екипи на кои многу повеќе вреди да се игра на корни овер, кога губат на полувреме, особено со екипи што не знаат да умртвуваат игра.
И двете екипи се креативно способни да прават притисок во поголемиот дел од второ полувреме.
Реал и Барса не ги играм единствено кога играат со Атлетико Мадрид, зашто овие знаат да умртват игра целосно.

Да објаснам сликовито. Во првото полувреме, меѓу Сити и Арсенал паднаа 5 корни.
На бет365, за over 11 corners, коефициентот беше 1.80. Значи, мечот да заврши со 13 корни е со 1.80 коефициент.
Останатите коефициенти, значи, алтернативните хендикепи се од прилика следниве.
Over 12 - 2.50.
Over 13- 3.50
Over 14- 4.50

Само во второ полувреме паднаа 14 корни. Мечот заврши со 20 корнери.

y4dVLIf.jpg


p9XyuSH.jpg


Вториот меч беше меѓу Валенсија и Реал.
Во првото полувреме паднаа 5 корни, Реал си водеше до 65-та минута, кога Валенсија направи тотален пресврт.
Од 65-та минута, генералниот хендикеп(1.80) за корни на 7 корни веќе паднати до 65-та, би бил некаде на на over 11.
Значи, уште 5 паднати корни, за да си добитен.
Од 65-та до крај, паднаа уште 7 корни, или во алтернативен хендикеп, 4 коефициент.

PWBd7wG.jpg


dxwgwU4.jpg


Го играв тогаш Реал, на корни, од 75-та некаде, на појачан хендикеп, да паднат уште 4 корни до крај...

B2FEeWf.jpg


Исто, истиот ден Барса губеше од втора минута од Сосиедад, али не смеев да играм на поголем влог, зашто ипак, Мојс им е тренер, и ми фуфкаше да не ја сврти Барса на брзинка, и после да пимплаат на средина на терен, па играв на помал хендикеп ...

ilOYDRs.jpg


Претходниот пат на Барса направив пари кога играа со Валенсија, кога бркаа победа. Ја гледав утакмицата, и забележав дека и Валенсија, и Барса играат отворен фудбал. Во првото полувреме паднаа 3 корни. Нормалниот хендикеп беше over 8. Во второ полувреме само, паднаа 10 корни.

Сума сумарум, да не редам примери, кога губат фаворите, 95% од случаите иде овер на корни, и тоа најчесто излегуваат и алтернативните хендикепи. Тука доаѓа до израз она што го збори @Ставрогин играње на коефициенти кои имаат вредност. А овде, според мене и те како има вредност и се прават пари.

Значи, од искачање на еден од појаките алтернативни хендикепи, имаш за уште 3-4 влога. Со оглед на процентот на пролазот на овие типови, тешко е да бидеш во минус.

Мојот проблем ми е во дисциплината во играње. Ке направам пари, али дури пробувам на некои рандом екипи алтернативни хендикепи на корни, ситно по малку, ги враќам сите.

Се надевам дека нареден пат кога ке губи некој од Сити, Реал или Барса, ке ви остане ова во меморија и ке направите нешто пари.

Eве го моментот што го зборев, кога фаворитот губи дома... Обичната граница на полувреме беше над 8 корни...
Имате и принт скрин подоле за во живо околу 66-та минута. И највисокиот можен коефициент го даде, 6...
Само ебано недисциплинирано играње од моја страна...Тука се парите...

OIkkXdB.jpg


1L4VPrJ.jpg


JetrQtE.jpg
 
Па добро и за Фенер и Бемелманс го имав пишано истово па не видов вчера да ме цитираш. :motorce:
Не сум ги прочитал тие постови :D
Не знам што се палите, кога и вие би ги ставиле.Не ме јеби хал на етихад бод земаа.

Да имав 1000 евра сигурно не би ги играл сингл на 1.2 квота во ниеден случај.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Eве го моментот што го зборев, кога фаворитот губи дома... Обичната граница на полувреме беше над 8 корни...
Имате и принт скрин подоле за во живо околу 66-та минута. И највисокиот можен коефициент го даде, 6...
Само ебано недисциплинирано играње од моја страна...Тука се парите...

OIkkXdB.jpg


1L4VPrJ.jpg


JetrQtE.jpg
За корнериве алал да ти е.Јас ги бркам головите како денес после 85та.Само ептен непаметно изиграв дента на Јунајтед Сотон и решив да одморам до март.[DOUBLEPOST=1423328940][/DOUBLEPOST]
Не сум ги прочитал тие постови :D


Да имав 1000 евра сигурно не би ги играл сингл на 1.2 квота во ниеден случај.

Ептен мразам луѓе што се фаќаат за реченицата како што им одговара.Кога некој ќе ти каже би стаил 10000 значи дека сигурна е утакмицата.Ти сакаш стави и 10000 или врзи ја со дортмунд 1х , тоа е твое.
 
Сити бре да ви ебам мамицата 3+ не ја дава саутемптон 2ка ја даде последна минута.
 
Не сум ги прочитал тие постови :D


Да имав 1000 евра сигурно не би ги играл сингл на 1.2 квота во ниеден случај.
Ок. Еве, ако не тепа вечер Кокинакис ќе се обесам. И сеа ти озбилно ќе го сфатиш ова? Бог да чува, секако не би ставил 100 000 на Сити, ама така е муабетот, односно фразата кога некоја е сигурица.
 
Gi cekam posledni Gottingen i Vardar x2,ama Gottingen sutiraat 11/29 za dva i 1/13 za tri.:tapp::facepalm:

Totalot 177.5 bese,se ocekuvase dosta poeni a tie 28 kosa na poluvreme.:yid:
 
Kajgana magijo,Edinburg -Fife 5.5+ [emoji5] [emoji4]
Ps..gi klajv samo zaradi super tip..1.35 koef ..mamicata nivna
 
Верона-Торино 2 @2.55

Очекував поголем коефициент за Торо, но што е тука е. Верона игра многу лошо сезонава, освен на почетокот кога започнаа солидно. Во неколку наврати на тренерот му се закануваше отказ ама успеваше да се извлече. За разлика од лани кога играа доста течен офанзивен фудбал со постојани мани во одбраната, сега само лошиот дел им остана. Ги погоди доста заминувањето на Итурбе. Од друга страна и Торино не се сјајни сезонава, но минатото коло ептен убедливо ги победија Сампдорија која е доста солиден тим и имаат висока самодоверба. Минатата сезона Торино ги победи Верона со 1-3.
FT: 1-3 (y)

За утре одиме вака: Парма-Киево 2 @3

Натпреварот е со малку поголем ризик од денешниов, но тој ризик го анулира поголемиот коефициент. Инаку 3 коеф. за двојка е во Копачка, додека во СЛ е 2.8. Но затоа на Т22+ во Копачка е 3, а во СЛ 3.2. Тоа ако некој сака наместо двојка да ја игра Киево да даде два гола. Инаку конкретно за двобојот може да се каже дека Киево е еден оти трите тима кои Парма успеа да ги добие во првиот дел. Сепак тогаш Киево го водеше друг тренер и негуваа доста поофанзивна, дури би рекол полоша игра во однос на ростерот со кој располагаат. Киево е можеби тимот на чиј натпревари се игра најлошиот фудбал во Италија. Играат многу дефанзивно, но мајке им знаат да одиграат на резултат и знаат да победат таму каде што треба. Победа утре ќе им биде од огромно значење и затоа утре покрај тоа што ќе се бранат дисциплинирано ќе се обидат и да го пробијат противничкиот гол. Од друга страна очајната ситуација во Парма мислам дека психички нема да им даде да одиграат онака како што треба за да дојдат до бодови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom