Доколку не заврши Арсенал барем четврто место, мислам дека Венгер целосно ќе го загуби и онака опаднатиот кредибилитет. Затоа според мене тој најмногу од сите мора да го однесе Арсенал барем до нивниот минимум.
Инаку да се замешам малку во дискусијата за 3-5-2, нели три години ја имав во тимот

. Вака сега, знаеме дека сите позиции во една формација се еднакво битни, но секогаш има некои што се издвојуваат. Во 3-5-2 се издвојуваат тројцата централни дефанзивци. Без воиграни и колку-толку квалитетни тројца дефанзивци никако не може да профункционира формацијата. Како прво и основно голем проблем кај Јунајтед е тоа што играчите на таа позиција постојано ротираат. Дали е заради повреди или слично не е ни толку битно, бидејќи не го менува фактот оти многу играчи поминаа низ таа позиција. Друг проблем е што верувам дека многу ретко ја имаат среќавано во текот на кариерата и ептен им е тешко да се навикнат на таа поставеност. Во 3-5-2 формација мора да биде одбраната таа која се истакнува и билансот на тимот кој ја користи мора да покажува малку примени голови. Секоја статистика спротивна на оваа укажува на лоша имплементација и на лоши резултати. Задачата на страничните бекови во таа формација се разбира е да трчаат постојано напред-назад. Не е толку битно да се технички потковани колку што е битно да се физички спремни и да знаат да комбинираат во нападот и исто така да се уфлуваат често во шеснаесетникот.
Е сега не ми е толку позната ситуацијата во Јунајтед, но од она што можам да го видам сметам дека немаат соодветен играчки кадар за оваа формација. Како прво не им одговара воопшто на Мата и Ди Марија, што значи дека засилувања од преку 100 милиони стануваат сувишни. Фелаини би бил добар, но во никој случај на позицијата пред одбраната. Или лево или десно. За пред одбраната потребен е играч кој знае да игра со топка и е способен да ја пренесе преку половината и да ги разигрува страничните бекови и играчите од средината кој би му биле лево или десно. Додека другите двајца задачата им е претежно да го чуваат централниот дел од теренот и да го покриваат играчот пред одбраната. Не знам што играч е Блинд, но и тој не ми стои како погоден за таа позиција. Доколку ја сака таа формација Ван Гал, мора да доведе играч кој би можел квалитетно да игра пред одбраната.