Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Toj bi sakal da gi banira site na koi im se dopadna I Origins, ama posle ke nema so koj da si pravi muabet.Плот твист: @wot те банира на недела дена за мислењево. Е тогаш ќе си умрам од смеа!
Е сега и ти претеруваш, или потпаѓаш под влијание на луѓе што се прават паметни.
Филм за желки што се тинејџери и се тепаат тренирани од стаорец....мене ми беше ептен забавен филмот и покрај тоа што луѓето во филмот беа тапа..се надевам ќе научат од грешките за вториот дел и ќе направат добар втор дел.
Бесплатно ќе бидит?Знае некој што филмови ќе даваат во Милениум за роденденот на МКЦ?
Не, не ги сфатив тие работите кои се наменети за оние кои сакаат физика. Под стартна точка не мислев на почетокот на филмот, туку она зашто одлучиле таков филм да направат, муабетот со димензиите, особено крајот во димензијата како време што беше нели. Доколку би ме интересирало физика, сигурен сум дека ќе ми бил интересен, исто како што ме интересира историја па интересен ми е 300. Али не ми е, со тоа ниво на физика не се запознаени речиси сите кои ги познавам (пак ќе речам: чесни исклучоци), а зборат за филмот како да им го отворил светот. Бев погрешно наведен од многу луѓе: „глеј го брат, најјак е, вреди за сите пари“. Токму тоа највеќе ме нервира, ко што реков, се прават паметни. Филмот не е за секој, не е за мене, не го разбирам како што треба. Филмот си е за луѓе кои ги интересираат овие работи. Али главната причина зошто толку го хејтам, е што постојат филмови кои и да не те интересира нивната содржина толку (општо вака во животов), ќе ги направат интересни и ќе уживаш во нив, ќе научиш нешто ново. Овој од ниеден аспект не беше таков, не уживаш, се досадуваш, не учиш ништо ново. Нула


не ситеРики, гледај го Mr.Nobody, филм кој им се допадна на сите на форум. Interstellar е детска приказна за него
Патем, околу тоа дека требало повеќе да има објаснувања: јас уствари се осеќав глупо кога го виткаше листот хартија за да го објасни шорткатот. Мислам заебанции, кој не го знае тоа денес?
Филм не мора да се разбере за да се ужива во него. Interstellar не е ни прв ни последен филм што е пред времето. Што мислиш како се осеќале луѓето во 50-те кога го гледале The Day The Earth Stood Still?
Многу филмови се направени за да ти дадат инспирација и да си патуваш каде сакаш. Како музиката на Radiohead на пример.
Последново за лајкови го пишав. Искуство...

Концептот е таков што времето е претставено ко линија, нешто ко Back to the future. За да креираш циклус кој ќе врти цело време (loop) потребно е да имаш почеток. Џејн оригиналната е родена ко дете од различни родители. Родена е 1945. Пошто знаеме дека се среќаваат 1963, потребно е да пројдат нешто повеќе од 18 години ~ 19 да речеме. Значи оригиналната Џејн 1982 веќе го сменила полот и се вратила назад 19 години за да си направи бебе на себе. Во исто време случката во барот е исто така 1982 пошто Џон ќе се регрутира сам себе како тајм агент. Пред 1964 Џон ја напушта Џејн, а 1964 се раѓа пак Џејн. Џон (фул машката верзија) го краде бебето 1964 и го враќа 1945. Додека Џон (машкуданката) со Џон (фул машката верзија) оди во 1985 год. каде Џон (машкуданката) ќе биде пратен на мисија да го убие бомбашот, исто така и Џон (фул машката верзија) оди на истата мисија (ова им е дупка у сценарио, зошто Џон од иднината би се враќал на истото место и во истото време каде ќе си ја сјебе фацата и кога знае дека бомбашот ќе избега, што е со неговото сеќавање?) Џон (машкуданката) после оди во 1992 кога ќе му ја сменат фацата и ќе ги слуша советите на идниот Џон, ова е фактички почетокот на филмот. Џон (фул машката верзија) на крај иде во 1975 пред големата експлозија каде треба да погинат 11.000 луѓе и го убива Џон бомбашот, што значи дека временската машина никогаш не се самоуништила ко што му вети Робинсон. Овој дел ми е малку без врска, конечно ја разглобува големата слика и единственото логично решение е да се убие самиот себе си, ако неќе да се претвори во Џон бомбашот а од друга страна ќе го заебе и Робинсон, кој очекуваше да го убие Џон бомбашот. Ова е филм кој е тотална спротивност на Mr. Nobody, инаку еден од моите најомилени филмови, каде беа опфатени повеќе теории ко теоријата на хаосот и ефектот на пеперутката, односно како одредени тривијални ствари во животот кои изгледаат беззначајно можат да му го сменат некому целосно животот. Епа Predestination е контраст на се тоа, се е предодредено, се може да се контролира, некои работи не можеме да ги смениме, тоа е у суштина пораката на филмот. За сценариото и креирањето на парадокс има 10 ка, али поентата не ме бендиса.

Еве доказ дека не е све така црно...со разни сервери, на торенти, и со рандом фајлови преку download менаџер.
![]()
DVD 1.36gb ??????????
