Што со плаќањето? Кој би требало да плаќа?

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
не знам шо има тука толку дилеми кој треба да плати шо треба...секој за себе ке си плати...сеа нормално има моменти ке сакаш да му платиш ти една пијачка онака од кеф не мора да значи нешто...секако ние му порачваме пијачки на некои шо еднаш ни поможиле па зошто да не му платам една на нешто шо навистина ми значи...и обратно...или пак ако нема пари нормално ке му платам..или ке му позајмам...и обратно:)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Абе се знае. Еднаш јас за двајцата, еднаш ти за двајцата, еднаш секој своето и готово. Тие кавалерски правила одамна се изумрени. Дури има девојки кои се навредуваат ако сакаш да ги почастиш.
Мене тоа ми се случи ова лето. Сакав прво да го платам таксито, ми се налути, ме погледна на криво и ми тупна пари у џеб... Океј.... Нарачуваме пиво, јас давам пари. Она не поминаа 2 минути еве ти ја да ми вратела. И викам не се глупирај, сакам да те почастам. И се налути пак. Не сакала дечкото да ја части... Епа океј тогаш... Плаќај си...
Сметам дека е до човекот, не е до гестот. Ако некој смета дека е тоа убав гест, може слобдно да плаќа пијачки, вечери и сл. Но ако некој го смета тоа за навредливо, тогаш секој своето и готово.
 
S

smart ass

Гостин
Па и самото прашање кој треба да плака е глупо шо има веза кој плака:toe:
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Не се замараме многу на ова прашање. Најчесто оди во смени, прво јас за двајцата, па после таа. Ретко да си платаме посебно. :smir:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Секад јас, не дозволувам она. Штознам. Глупо ми е да ми плаќа кафе.

Ако е веќе за нешто посебно, поскапо. Одделно.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
120
Поени од реакции
93
обично машкото би требало да плаќа на прв состанок, или нешо сл.
ама кога се работи за подолготрајна врска, еднаш он, еднаш она.
зашо кавалерство постои, и покултурно е да плати он, ама не може секој пат...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Јас сакам да плаќам. Убаво ми е. Обично, на смени плаќаме. Битно е едниот да има пари за да излеземе некаде, а кој е тоа не е ни важно.
 
Член од
30 декември 2008
Мислења
212
Поени од реакции
12
Na kurvi ja im plakam sekad,a na devojka mi ponekogas.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
обично машкото би требало да плаќа на прв состанок, или нешо сл.
ама кога се работи за подолготрајна врска, еднаш он, еднаш она.
зашо кавалерство постои, и покултурно е да плати он, ама не може секој пат...
obrazlozi malku poveke,ako sakas.
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Ние не дека се договараме ама еднаш ке платам јас за 2 цата , следниот пат ке плати он за 2 цата, негогаш ке плати едниот повеке пати за другиот ама пак ги израмнуваме сметките , не дозволуваме едниот да плака постојано кога би било така најверојатно би се чувствувала како товар и како да треба да ме издржува со тоа што ми плака секој пат
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Па кога била моја иницијатива викањето претпочитам да платам, ама најчесто секој одделно, а тогаш кога плаќам јас, гледам да не испадне како навреда или нешто слично, секогаш знам да изнајдам некоја приказна за да испадне моето плаќање со причина.
 

Serengeti

Има само една вистина сето друго е лага
Член од
4 февруари 2009
Мислења
260
Поени од реакции
63
Е сега кој би требало да плаќа, мислам дека е прашање на лична култура, нормално дека јас не треба да издржувам некого ниту пак она цело време да чека од мене. Нормално јас работам имам повеќе пари и нормално дека нема да дозволам на девојками студент да ја плати сметката али поштевам значи поштевам кога ќе се дрзне по новчаникот значи кога ќе извади пари за сама она да си плати сметката, е тоа ти е култура...пред оваа девојка сум имал искрено еве да ги наречам спонзоруши што не им текнувало да се дрзнат да извадат пари...онака новчаникот фаќа прашина во ташната, им поставуваш прашање кога последен пат сама си си платила кафе сигурен сум дека нема да го знае одговорот на тоа прашање...многу лошо за една девојка мислам дека е тоа...не знам што чуствуваат ако некој нон стоп ги части, мислам што принцип е тоа каде е тука своето јас...после ќе се чудат зашто биле третирани како курви, зашто ги сакале само за онаа работа и остало...значи начинот на поставување е многу лош...искрено еве мене не ми преставувало проблем да ја платам сметката ама сум поштевал кога ќе видам дека вади пари,дека сака сама да си ја плати сметката...тоа пред се е почит према самата себе а после за мене...
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Не ми е пријатно ако на почеткот кога почнуваме да излегуваме заедно машкото плаќа секогаш кога ќе излеземе. Првиот пат јасно ми е дека ете му се прави кеф да плати ама следниот пат плаќам јас.

Навредливо ми е кога некој сака да ми плати пијачка, па ако сум немала пари да излезам немало ни да излегувам, сигурно не би чекала да наиде некој да ми плати. Ако има некоја причина да части во ред е, но онака да ми плаќа секоја вечер ми е срамно и неприфатливо.

Има многу девојки кои пијат бетер од мажи и ќе се најде некој идиот таа да пие, а тој да плаќа или обратно?
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Нема некое правило кој да плаќа, но по кавалерски ми изгледа и по машко тоа да машкото да плаќа.
Јас со девојка ми сме си договорени, ако може да се рече така, еден ден јас, друг ден таа. Но сепак мене ми е некако шубе кога таа ќе плати. Како да ме фаќа некој срам пред народот. Но тоа помина и сега немам мака веќе :) Понекогаш наидуваме на контрење во врска со тоа кој да плати и се случува многу пати да се законтриме за тоа, и ниту едниот попушта ни другиот. Па кога сакам јас да платам, а таа инсистира, имам тактика во тоа. Кога келнерот/келнерката ќе дојди веднаш ја земам сметката и вадам пари, така да таа не знаи колку е сметката и нема време за да извади пари :)
Сега за разлика од тоа да немаш долга озбилна врска, не треба да дозволиш да плати девојката што малку време си со неа. :)
Сепак треба да има конпромис за таа работа, и се да се одвива договорено зависно од ситуацијата и партнерката.:smir:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
сум платила неколку пати јас неколку пати он не е одредено и не сметам дека во врска треба партнерот да го плаќа и мојот дел тоа важело порано но не и сега можеби некогаш нема да има доволно пари во себе или било како немам договор но настојувам повеќе јас да платам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom