Секој своето. Ако едниот не е при пари, ќе плати другиот за двајцата, без оглед на тоа машко женско, и тоа е тоа.
Тоа правило дека машкото секогаш мора да плаќа (барем на првиот состанок) е глупаво. Најубаво е да ја поделиме сметката, а ако веќе инсистира да плати, тогаш во ред, ама тоа би било инцидентно и би важело само за тогаш, не сакам некој да ми плаќа ако имам свои пари во џеб.
А во подолга врска кога партнерите се претерано блиски, финансиите веќе стануваат скоро заеднички, па не е ни важно кој плаќа.