Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Абе ај уше еднаш прочитај, ти од пуста среЧа дека пишал не уставно другото не му го глеаш :icon_lol:
Не бе од нашите е не споменува ни дека треба ни дека не треба, се задржал само на антиуставно.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
До кога бе комуњари со вакви подли трикови, не знаете со програма па сакате со страв, насилство и обмама да го донесете Бранко Црвенковски на власт?
Народот си ја кажа волјата на последните избори и на тие пред нив и на тие пред нив... 8 пати по ред!!!
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Не бе од нашите е не споменува ни дека треба ни дека не треба, се задржал само на антиуставно.
Јадев тартар сос паховани печурки со зденки, па си викам ај да не е некое тровање, ама ти бе? Не би требало и двајцата истовремено да сме затруени :pos:
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
До кога бе комуњари со вакви подли трикови, не знаете со програма па сакате со страв, насилство и обмама да го донесете Бранко Црвенковски на власт?
Народот си ја кажа волјата на последните избори и на тие пред нив и на тие пред нив... 8 пати по ред!!!
Нема поголем комуњар од тебе и од таквите како тебе. Јас од кога сум член на ДПМНЕ ти можеби не си бил ни роден (по муабетот не ми изгледаш за зрела личност, мада тоа не иде со годините), но разликата меѓу мене и тебе е тоа што јас размислувам со својот мозок, а не на тоа што ќе го каже партијата и јас само да викам амин.
На крај краева законот директно ме погодува, не партија, роден брат не дозволувам да ми зема од лебот!

Така е, до сега победуваат 8 пати по ред, ја имаат подршката од народот ама овој пат дебело ја засраа работата и тоа не еднаш туку два пати по ред. Изгледа веќе им здосади да бидат на власт. Ке видиме како ке биде на следните избори, веќе имаат 7 гласа (од мене и мојата поблиска фамилија) помалку токму поради овој дебилски закон.[DOUBLEPOST=1419024989][/DOUBLEPOST]
Ова за техничките проблеми навистина нема везе со власта или дека нешто било намерно испланирано. Ифнормациите ги имам од прва рака, се работеше само за хаварија која се случи во многу лош момент.
 
Последно уредено:

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Цела фамилија се ВМРОвци кај мене. Ми бараа да им го читам законот 5 пати мислејќи дека јас читам нешто грешно. Фаците само да им ги видевте кога сфатија дека ова не е нити шала нити јас неписмен и не знам што читам (фала фамилијо за високото мислење!) ... Priceless. Што е најалармантно - не ни знаеја за ова. Нити знаеја за студентиве. Нити за пензионериве. Значи ништо, ништо. Јас, што не сум ВМРОвец, треба да ги информирам што нивнава партија прави во меѓувреме додека они си ги ладат мислејќи дека се е розово у државава додека не им стигне до нос еден ден.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816

Па добро... ако гледаат само Канал 5 и Сител. Еве баш ми беа пуштени вестите на Канал 5 и не можам да изнарадувам доволно на убавините што не очекуваат. Странски инвестиции со илјадници вработувања, па премиерот објаснува колку е всушност корисен законот за придонеси за хонорарци, па МЕПСО градел нов 400 киловолтен далекувод, па театарот во Велес ја отворил новата сезона. Од убаво поубаво.
Лоши вести може само во рубрика свет да се чујат, зошто сето лошо доаѓа од надвор, нели?
 
Тие и МРТВ. Мајка ми чат пат ќе погледне и Телма за разновидни мислења, ама брзо врти :D. Не бе, немаат поим што се случува, не знаеја ич за законов. Ова вести пуштени, ист ко да не ги гледаат, морав јас да ги информирам за предлог-закониве. Значи не за една работа, ниедна не ја знаеја.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Цела фамилија се ВМРОвци кај мене. Ми бараа да им го читам законот 5 пати мислејќи дека јас читам нешто грешно. Фаците само да им ги видевте кога сфатија дека ова не е нити шала нити јас неписмен и не знам што читам (фала фамилијо за високото мислење!) ... Priceless. Што е најалармантно - не ни знаеја за ова. Нити знаеја за студентиве. Нити за пензионериве. Значи ништо, ништо. Јас, што не сум ВМРОвец, треба да ги информирам што нивнава партија прави во меѓувреме додека они си ги ладат мислејќи дека се е розово у државава додека не им стигне до нос еден ден.
Ова е една од најнаивните приказни на форум кајгана годинава:) Веќе си замислувам како некој твој роднина после твоето објансување те гушка и ти вика Умен на - чичо, дедо, тато и во исто време им намигнува на другите од твојата фамилија со израз - му нема спас, ќе мора да одвојуваме пари сите за него цел живот и да му најдеме девојка. Во исто време црната овца во семејството е среќна и сите се среќни :) мала шала.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom