Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

  • Креатор на темата Креатор на темата ZeenaK9
  • Време на започнување Време на започнување
Од кој може да биде?

Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално
осигурување
Член 2 од описот на процедурата според мене е јасен. Никој уште не кажа врз основа на каков договор стануваат членови на управен одбор а и јасно се изземени членовите на УО и ИО со описот на процедурата.
 
Не сваќам како се плаќа 35% кога се иземени од истиот тој закон?
Затоа што таму пишува ПРИМАЊА :-) Како и да е тој нацрт закон е одстранет и сега дефинитивно во предложениот закон пред собрание стриктно ќе биде наведено дека мора да плаќаат данок за сите примања без разлика на основот.
 
Затоа што таму пишува ПРИМАЊА :) Како и да е тој нацрт закон е одстранет и сега дефинитивно во предложениот закон пред собрание стриктно ќе биде наведено дека мора да плаќаат данок за сите примања без разлика на основот.
Точно пишува примања ама тоа примња ништо не менива затоа што и хонорарот е примање. Намерно е оставено простор за да си го толкуваат тоа ПРИМАЊА на кој како му одговара. Различно ке го толкуваат за нив едно ке значи, а за нас ситната риба друго ке значи.
 
Да ама веќе го нема тој дeл одстранет е :-)
 
Бедници до крај.. Во соопштението на сајтот на ПИОМ многу јасно стоеше кои категории се изземени од плаќање придонеси (функционери, спортисти и сл),
Врвни спортисти. Ако си врвен спортист ќе бидеш изземен. Ако не си во таа категорија во која се веројатно околу 1% спортисти, и да речеме земаш 10-12000 месечно хонорар од некој спортски клуб, ондак ќе си плаќаш. Нема клубот да плати, или спонзорот, сам ќе си платиш.
 
Некои поими бунат. Чисто информативно, кој спортист е врвен кај нас, кои се критериумите?
 
Последно уредено:
Не секое примање е по договор за дело или авторски договор. Не секој твој приход од 01.01.2014 ќе подлежи на овој закон за хонорарни примања или како и да се вика. Сега појасно е?:)[DOUBLEPOST=1418939328][/DOUBLEPOST]Во дефиницијата на лични примања според УЈП спаѓаат
Видови лични примања

  • плати и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на рабородавачот;
  • надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 6 на Законот за персоналниот данок на доход и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа;
  • пензии;
  • примања на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва;
  • примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции;
  • примања на професионални спортисти (премии, трансфери и сл.);
  • надоместок за врвни спортисти;
  • надоместок за време на боледување;
  • надоместок за време на отсуство од работа;
  • надоместок за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва;
  • надоместок на членовите на МАНУ;
  • плата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата; и
  • секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица.
Може да приметите дека со законот за хонорарни примања не се спомнуваат оние што се однесуваат на членови на управни и надзорни одбори како исклучок што ме наведува на тоа дека и тие примања кои ќе ги добијат по основ на членување на управни и надзорни одбори ќе бидат оданочени според новиот закон - 35%

Она што народот го нарекува договор на дело, во законот е дефинирано како договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица. Во даночните пријави, хонорарите се пријавуваат како приходи од договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица. Хонорарот всушност е надоместок. За одредени групи на луѓе, како државни и градски функционери и носители на јавни функции, професионални спортисти, пензионери, ќе има повластици и нема да плаќаат придонеси за своите приходи од договорите за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица или приходи за други примања. Според мене, ваквото нешто е антиуставно, зошто сите луѓе имаат исти права во уставот и претставува дискриминација на сите останати кои ќе треба да плаќаат придонеси за своите приходи од 01.01.2015. Срамота!
 
Врвни спортисти. Ако си врвен спортист ќе бидеш изземен. Ако не си во таа категорија во која се веројатно околу 1% спортисти, и да речеме земаш 10-12000 месечно хонорар од некој спортски клуб, ондак ќе си плаќаш. Нема клубот да плати, или спонзорот, сам ќе си платиш.

Да де, врвни спортисти го испуштив тоа.. Воопшто само врвни луѓе нема да плаќаат. Функционери, богаташи, пензионери...
Ние неврвните луѓе треба да бидеме среќни што ни даваат можност да плаќаме толкава сума и да прашаме дали треба уште. Мора нашата ништожност некако да ја компензираме.
 
Дали Ајнштајн, дали е Њутн, или можеби Стивен Хокинг?
Ма не, тоа е Алајдин Абази, светски познат научник за Нуклеарна технологија со 141.000 денари месечен хонорар и уште 30.000 денари месечен академски хонорар. :bravobe:

http://www.dksk.org.mk/imoti_2/detail.php?detail=4927&search&ime&prezime&funkcija&institucija

scyqdd.png

И за овие хонорари дотичниот ќе плаќа само 10% данок (всушност веќе му е платен од државата). :zver:

ОТ: Последната ставка.Каква е таа денарска штедна книшка во БАНК АУСТРИА? :tvg:
 
Она што народот го нарекува договор на дело, во законот е дефинирано како договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица. Во даночните пријави, хонорарите се пријавуваат како приходи од договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица. Хонорарот всушност е надоместок. За одредени групи на луѓе, како државни и градски функционери и носители на јавни функции, професионални спортисти, пензионери, ќе има повластици и нема да плаќаат придонеси за своите приходи од договорите за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица или приходи за други примања. Според мене, ваквото нешто е антиуставно, зошто сите луѓе имаат исти права во уставот и претставува дискриминација на сите останати кои ќе треба да плаќаат придонеси за своите приходи од 01.01.2015. Срамота!

Дајте стол да превртам! Крај затварајте ја темава битушанец пиша Срамота! Ова со златни букви ќе го навеземе постов, на гублен.
 
Последно уредено:
Дајте стол да превртам! Крај затварајте ја темава битушанец пиша Срамота! Ова со златни бикви ќе го навеземе постов, на гублен.
:ајнапиво::popce: Му го хакна профилот ?
Ама пак вика дека треба да се плаќа, али ете и тие од големото добро утро да даат нешо.
 
:ајнапиво::popce: Му го хакна профилот ?
Два пати се вратив на постот и негов профил да видам дали е он. Он е бе, битушанец изгледа го удриле по џебот и сега нова песна запеа :D
 
Два пати се вратив на постот и негов профил да видам дали е он. Он е бе, битушанец изгледа го удриле по џебот и сега нова песна запеа :D
Абе ај уше еднаш прочитај, ти од пуста среЧа дека пишал не уставно другото не му го глеаш :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom